Иако имав само 4 години памтам колку патев додека наполнив 7 години од кога останав без родители кои ме остаеја на милост и немилост на овој наш “идеален“ свет.
Траумите следеја после тоа од комшии, од покажување на заби и сила од “паметните“ возрасни лица.
Да, баш така беше.
Се присеќам тие работи и сфаќам колку ми било тешко иако бабами ме има чувано но никогаш не ми исчезнува од пред очи сликата кога мојата мајка ме тепа и остава иако само толку години сум имал, проблемите од рајата исто така.
Но тоа незначи дека јас морам да бидам полош. Ниту некој сериски убиец на родители или дека јас нешто ќе им направам слично во иднина на моите деца. Напротив секоја маана спрема мене треба да ни биде само причина плус да станем подобри, а не полоши како во америчкото социјално друштво и нивните приказни.
Лошата ствар е тоа што буквално почнувајќи од моите родители па се до оние “јаките“ на мали деца им се одмаздив.
Сега одам со крената глава, горд сум на себе, тие трауми не ме направија наркоман, бездомник, уличар, пијаница или криминалец. Напротив, студирам два факултети, работкам во слободно време, пишувам сценарио за филм да си ја искористам мојата фантазија до максимум, се трудам да успеам.
Лошото е што направив физички да им вратам како што ме малтретирале порано оние “јаките“ со порака дека детето порасна.
Се откажав на секој можен начин од моите родители кога им требав и продолжив со својот живот, додека доживеани работи останаа само во мене за кои не се плашам да пишувам или да советувам некој со слични доживувања.
Секоја траума може да ве уништи психички но може да ве направи посилни во себе и позрело да размислувате.