Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Колеги сакам да сменам департман,а сеуште неам земено две оцени иако ми се положени на колоквиум, ќе ми прават проблем овие од студентски?

Епа сега вака да ве прашам (пошто ја појма си немам како одат тие работи :\) кога/колку и по кој принцип се избираат изборните предмети?

Се бира по еден во секој семестар, на принцип кај ќе поминеш најбезболно. Веројатно во некои од листовите што ќе ви ги даваат коа ќе заверувате прв семестар со големи букви ќе ви пишува да не надминете 35 кредити, но нас лани ни дозволија т.е. никој не примети. Мој совет трговско право, јазици...
 
колеги ве молам ако има некој прашања по меѓународни сметководствени стандарди и финансиско сметководство да ме известе :( однапред ви благодарам
 
Се бира по еден во секој семестар, на принцип кај ќе поминеш најбезболно. Веројатно во некои од листовите што ќе ви ги даваат коа ќе заверувате прв семестар со големи букви ќе ви пишува да не надминете 35 кредити, но нас лани ни дозволија т.е. никој не примети. Мој совет трговско право, јазици...

По еден во семестар? Значи првиов семестар ќе имам само три предмети ?
 
Да не е обратно? Пошто на страницата пишува дека во првиот се задолжителни 2, а во вториот 3 предмети :S

Колешке ние тука си веруваме едни на други, ајде сега ќе пројдам дека си нова ама да е последен пат. :P
Шала на страна, знам што пишува ама грешка е, така да првиот семестар имаш 4, а во вториот 3.
Поздрав, и уживајте малку, со тоа изборните, има уште време, после ќе ви досади брзо, така да искористете го преостанатиот дел од одморот максимално.;)
 
Не е точно. Ич не ја посетувај страната. Чат пат некогаш да видиш кога полагаш.

Колешке ние тука си веруваме едни на други, ајде сега ќе пројдам дека си нова ама да е последен пат. :P
Шала на страна, знам што пишува ама грешка е, така да првиот семестар имаш 4, а во вториот 3.
Поздрав, и уживајте малку, со тоа изборните, има уште време, после ќе ви досади брзо, така да искористете го преостанатиот дел од одморот максимално.;)

Аха епа ок, во тој случај се извинувам, не знаев дека страната не е веродостојна :D И ок еве ветувам дека ова ми е прв и последен пат да направам ваква елементарна грешка :P Ама пошто сум нова ми се простува xD Во секој случај, фала на информација :pipi:
 
тетките од стидентски од 12 до 2 се така ?
така така .. :)
А изборен секогаш само 1 ли може да се зима? Може ли некогаш за да надокнадам кредити и 2 изборни да зеам ( се разбира ако не одам над 35 )
 
Промена на департман може да се направи тогаш кога ќе се запишуваме или има некои работи што треба да се завршат некој ден порано?
 
знае некој кога ќе има математика резултати ? или можда веќе има на факс....
 
Еве сега јас се запишав на Економски факултет во Струмица, има некој да каже како е што е бил, да објасни некои работи, малку сум оддалечен од Економијата пошто не учев Економско во гимназија и сега мислам дека ке ми е малце потешко, ама чекам малце информации од вас.
Фала однапред.
 
Оваа тема е за државниот економски во Скопје.На оваа може да прашаш за дисперзираните студии во Струмица.
Нема врска тоа што не си учел економско.Јас бев природно-математички смер, а тоа ми послужи за полесно да положам Математика и Статистика во прва година.А со економијата лесно ќе се снајдеш зашто најпрво основните работи се учат а потоа во зависност од смерот се конкретизира материјалот.
 
Колеги, кога ќе запишуваме 2ра година кои документи се потребни???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom