Ситница што ме нервира

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Мене ме нервира коа ми капе на ламарината од климата на комшиката врз мене и неможам да спијам навечер и кога тастатурата ми се полни со трошки.
Вас какви ситници ве нервираат?

- се надевам не е дупла тема, барав за "Ситници" и за "Нервира" ама не најдов ништо :pipi:

Едит:
коа не ми текнува на некое зборче во моментот, коа неам кредит, коа треба да објаснам нешто сложено на некој идиот, коа треба да ги протнувам врвците на патиките после перење, коа гледам дека нема шампон откако ќе ја намокрам косата, кога ми косат трева под прозор во 6:30, прашина на полици, неканети гости, кога некој џвака мастика ко кобила, мљацкање, луѓе што си ги сечат ноктите до корен и после им се грозни, пукање балончиња и тако даље. Епа дојди ми!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
Немој ваква тема,ќе напишам толку работи ќе бидат досадни за читање .
Ама ај:
- На ладно време палење кола на комшиите сабајле во 6 за да ја загреат,без рзлика шо се во 7.30 дури на работа (а колата во некои случаи е и нова);
- Децава од околниве згради ко ќе викнет мамоооооооо/татоооооооооооо по 34 пати едноподруго!(За ова немам право да се бунам,истото ми се дешавало ко детиште :P)
- Летово неколку пати ми се деси да тргнам на плажа и наеднаш да се стемнит и да истурит дожд.Поголема нервоза од то немав летово!
- Луѓено шо седет на Автобуска и со целата сила на својот внатрешен животински инстинкт напаѓет невини туристи (многу од нив и малолетни дечки шо дошле првпат самостојно на одмор) и оние шо седат по улица со истата цел.

За сега толку,ќе надополнам ко ќе ми се десит ситуација :D
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Најголема ситница што ме нервира е тропање на садови :icon_lol: Друго-кога нема нет, кога не ми работи телефонот, кога имам многу обврски, кога некој упорно тврди дека 1+1=3, кога не можам нешто да најдам, кога ми се моча у кафич :) , кога е врело јадењето, кога читам нешто и некој ми збори, кога слушам музика (на слушалки) и некој упорно ме прекинува и така натаму и така натаму.... :)

п.с. најголема ситница што ме нервира е кога сум нервозен :icon_mrgr:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.128
ме нервира саат во соба кој прави тик так тик так... а јас треба да спијам.
Да се надополнам и ова!Пред спиење било какви звуци ми се контрапродуктивни по сонот.После ко ќе заспијам ак сакат и 3 Светска Војна нека пукат.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
346
Поени од реакции
146
ме нервира саат во соба кој прави тик так тик так... а јас треба да спијам.
Tip: Работи на батерии! :P
Лесно ќе средиш работа...

Он-топик:
Ме нервира кога телефонот ми покажува дека нема мрежа а предавателот е на 1 км далечина...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Tip: Работи на батерии! :P
Лесно ќе средиш работа...

Он-топик:
Ме нервира кога телефонот ми покажува дека нема мрежа а предавателот е на 1 км далечина...
одкако знам за себе немам ставено саат во соба
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.609
Поени од реакции
11.153
Кога нема тоалет.... у момент кога ми треба. :ROFLMAO:
 
T

Torchyrus

Гостин
Коа ќе паднам на една утакмица на спортска на тикет шо носи 10к +
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Се нервирам кога немам пари за цигари.
Се нервирам кога некој ќе ми соли памет.
Се нервирам кога ќе ми пукне гумата на точакот преска ми пукна и ова е 36 пат за ова лето
Се нервирам кога ќе нема ништо во фрижидерот.
Се нервирам кога некој што е гостин седи кај мене повеќе од еден час
Се нервирам некој кога ќе ме нарече скржав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom