Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
25 јуни 2011
Мислења
15
Поени од реакции
2
Од прва рака (деканот на Финки), во 12 ипол наслушнав дур седеше во бифе и збореше со колеги, дека имало 580 пријавени (или можеби 680, не ми текнува добро).
Ко за факултет што прва година почнува со работа, ова е стварно добра бројка.
Добра бројка,голема конкуренција,но не знам зошто мислев дека даалеку поголем ќе биде бројот на кандидати. Како и да е, факултетот во старт почна со добра организација,да се надеваме дека така ќе продолжи понатаму.Се гледаме во септември,колеги :D
 
Член од
27 април 2009
Мислења
217
Поени од реакции
13
И официјално од финки 580 студенти конкурирале во првиот уписен рок :)
 
Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
http://www.ii.edu.mk/download/IzjavaPMF.pdf

Еве ја изјавата од ПМФ, што мора секој студент да ја пополни најдоцна до 1ви септември.
Само потпишуваме ние, а они самите си бркаат административни работи.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
217
Поени од реакции
13
Преги ги контактирав, ми кажаа дека дури на 26ти ќе се знаело откако ќе се заврши рангирањето.
Сори за дезинформацијата. :)
Сепак не остануваат многу слободни места за вториот уписен , евентуално некое местенце во Компјутерска Едукација (КЕ) и 20ина места со кофинансирање во останатите
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Сепак не остануваат многу слободни места за вториот уписен , евентуално некое местенце во Компјутерска Едукација (КЕ) и 20ина места со кофинансирање во останатите
KE ти е најфејл насока, не знам од кај изникна таа, а државна квота би требало да биде исполнета... барем поголем дел од неа.
Се надевам ќе има некое место на мрежи :)
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
96
Поени од реакции
13
На ФЕИТ веќе излегоа со список на пријавени кандидати за запишување во прва година
на ФИНКИ такво нешто најавија за понеделник , зш толку касно и не е некоја филозофија да се направи и пушти список а посебно што пријавувањето беше електронско.
 
За многу работи ФИНКИ се поефикасни и побрзи од ФЕИТ така да не треба да им замериме , сепак ФИНКИ има 3 пати повеќе кандидати, иако приавувањето беше електронско документите треба да се обработат (проверат):cool:
 
е знаев дека некој ќе ми одговори баш вака :) као имало повеќе пријавени и потешко е да се направи преглед на повеќе слогови, да не се лажеме не е така , да се спреми список и објави и 10 минути се многу , а поентата е во тоа што тоа е само список на пријавени кандидати а не и ранг листа дури не е ни прелиминарна ранг листа,едноставо само список на пријавени кандидати со насоки каде аплицирале , а за тоа кој од кој е побрз и поефикасен и дали треба да се замери или не , не коментирав
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
95
Поени од реакции
9

За што би ти послужил таквиот список?
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
96
Поени од реакции
13
За што би ти послужил таквиот список?
како што се разбравме со членот што ми реплицираше пред тебе да баталиме празна дискусија, ама ете за твоја информација не ни лошо ни тешко да се направи / објави таков список и со малку ментална гимнастика ќе имаш добар увид во тоа дали и каде си примен.
BTW не мислам дека на ФЕИТ е подобро да студираш информатика или дека таму е подобро за информатичари, затоа и се пријавив на ФИНКИ арно ама при електронско пријавување на факултет за информатика таков список може и треба да се изготви побрзо , едноставно повеќе информации помалку нервоза / исчекување зар не ?.
 
Член од
11 август 2008
Мислења
36
Поени од реакции
6
За многу работи ФИНКИ се поефикасни и побрзи од ФЕИТ така да не треба да им замериме , сепак ФИНКИ има 3 пати повеќе кандидати, иако приавувањето беше електронско документите треба да се обработат (проверат):cool:
Економски има 2 пати повеќе од ФИНКИ (1100 и нешто кусур), па уште вчера ги имаа ставено листите со бодови и на интернет и на вратите на факултетот. Верувај, не е до брзината, нешто друго е проблемот :)
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Во понеделник ќе се објават резултатите од средното образование, ви пишува на ливчето што ви го дадоа при запишувањето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom