КОСМОС - станбено-деловен комплекс

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ednata strna veli deka ima greski dodeka drugata strana toa go negira. Arhitektonskiot fakultet koj so najvisoka institucija od ovaa oblas vo Mk isto taka veli deka nema greski.. Ednata strana vodi bitka rasipan telefon i samo is pravi preskoferencii pred novinari so svoi stavovi dodeka drugata uporno vika na soocuvanje pred javnosta sto mislis ti dali celava ovaa postapka koja ja vodi Opstinata mozebi e nezakonska.. Ke vidime se vodi sudski proces za ova i pred nasite i pred megjunarodnite sudovi pa ke vidimi koj lazel i komu rastel nozot. Jas samo se nadevam deka nema nie da plakame za greskite na vlasata od sopstven dzeb, za toa jas ke baram odgovornost
Во која област?
Кога и каде рекол Архитектонскиот факултет дека нема грешки?
Од кога Архитектонски факултет е задолжен за геодетските работи во земјава?
Има едно нешто кое се вика Државен испекторат за градежништво и урбанизам тоа не е катедра на Архитектонски факултет.
Ова не е случај кој се решава на јавна дебата, нити народот е тој кој може и треба да суди за грешките на Фијат.

На 26 декември му е кажано дека прави отстапки но тој го игнорира тоа. Не плаќа 5 рати.
Зошто бе?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Од кога Архитектонски факултет е задолжен за геодетските работи во земјава?
Не греши душа. Грчев е стручњак за се. Од уредување на плоштади, скулптури... па до одредување на коти, креирање на знамиња и грбови. Тој е поважен и од општинскиот инспектор кој е платен за тоа а и од инспекторатот. Судот не е битен. Ете гледаш како одма знаат дека власта нерегуларно рушела. Не гледаше вчера на собирот?

ПС. Смрт на фашизмот слобода за народот.:tapp:
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Ова е веќе здрав криминал:

http://utrinski.com.mk/?ItemID=35D7B1DEF72D3C4F8090B0051B7AA6FD

Е не, ќе се зезаме со 143 сантиметри, кога можеме со еден потпис да лапнеме 18 дополнителни спрата.

За тие на кои не им е јасно, овие градежни парцели се продадени на инвеститор (домашен е, сите го знаат кој е) кој кога ги купувал парцелите, ги купил со градежна маркица за објект висок два спрата. Сега, со новиот ДУП (кој знаеме како се гласа), вредноста на неговото земјиште ќе порасне за 10 пати.

Ова не е криминал, нели?

Ај да се кладиме дека овој инвеститор НИКОЈ нема да го гони, котите на плочите никој нема да му ги мери, а неговата "зграда" (која според потпишаниот договор требаше да ја заврши до 2010) нема да има никаква сличност со иницијалниот проект, кога и да ја заврши.

BTW, комуналии нема платено а ќе плати кога тој ќе сака, дозвола за градба има, ама не гради, пошто моментално нема пари. Ама затоа, тукушто си ја зголеми зградата за 10 пати во висина.
--- надополнето: Aug 18, 2011 2:26 AM ---
П.С. Имаше деновиве еден коментатор по весниците што напиша дека Фијат треба да врзе на разрушениот комплекс еден цепелин со натпис "Invest in Macedonia"...

:pos:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ова не е криминал, нели?
Што има овде нелегално? Не е точно дека зградата требаше да биде завршена до 2010. Проблем за започнување на изградбата се сообраќајот. На град Скопје не му одговара да започне изградбата веднаш, не е проблем немањето пари.
 
Човеку, ова веќе станува патетично. Јас мислев дискутирам со некој што се разбира, разумен, а ти на секој пост одговараш со негација истресена од ракав. Уште еднаш ќе се ангажирам, а после веќе не обрнувам внимание на твоите коментари. Еве читај "што има нелегално", дека врска нема твоево "не е точно дека зградата треба да биде завршена до 2010" и дека сообраќајот бил проблем. Да се потсетиме што се случуваше во последните 4 години:

ВМРО-ДПМНЕ на нивниот Веб сајт зборува за проектот на хотел зад Рамстор и за рокот за негова изградба: http://www.vmro.org.mk/mk/zapis.asp?id=2168 (Август 2007, рок за изградба 2.5 години, значи крај на 2009 и почеток на 2010)

Владата на РМ на официјалниот Веб сајт зборуваат за изградбата на хотел зад Рамстор и рокот за изградба: http://www.vlada.mk/?q=book/export/html/819 (Август 2008, официјално поставување на камен темелник, рокот за изградба повторно е поместен, сеуште е "2.5 години")

Агенциска вест од поставувањето на камен темелник и информација за рокот за изградба: http://macedoniaonline.eu/content/view/3114/52/

Градењето запре неколку месеци после поставувањето на камен-темелникот, и одтогаш не е изградено НИШТО. Еве го првото пробивање на рокот за градба: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=210101042157&id=10&setIzdanie=21906

И доаѓаме до онаа комична ситуација, рокот да помине, а хотелот да го нема никаде: http://www.vest.com.mk/?ItemID=1DD78EB3995C514ABBBD469ECD110367&arc=1

Инаку, еве што Британскиот весник Дејли Телеграф истражил и напишал за оваа криминална зделка: http://www.telegraph.co.uk/news/politics/david-cameron/7168032/David-Cameron-aide-wins-government-contract-in-state-Tory-leader-backs-for-EU.html

И те молам прочитај ги линковите пред да напишеш одговор, бидејќи има и други што го читаат форумов, па така испаѓаш глуп.

А тоа дека градбата каснела поради сообраќајот, само ќе се насмеам :pos:. Градбата е со ископана дупка, со преместена главна цевка за парно, со делумно изградени темели (страничен парапет) и има поставено и хидроизолација во подрумот. Нема никаква друга причина зошто некој би прекинал во оваа фаза освен немањето пари, поминаа цели 2 години без никаква градежна активност.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Дали може во име на прогресот и инвестициите во одредени реони од градот (заработката на газдата не ми е приоритет во ова прашање пошто тоа носи друго прашање за загубите на фирмите изведувачи и нивните работници и семејства) може да се корегира дел од одреден УП, а заради востановената состојба на терен (високи подземни води и слично)?
Дали воопшто заради некој објект од оправдани причини е направена измена во некој од уп-овите и дали е неможно да се направи?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Јас те прашав за трговскиот центар, што треба да се изгради по текот на целата улица. Првиот линк ти беше за тоа. После праќаш линкови за хотелот. Хотелот и трговскиот не се иста инвестиција. За да се изгради трговскиот треба да се изгради цела подземна улица. Од линкот на Телеграф треба да ти е јасно дека парите не се проблем. Повторно ќе те прашам, што има криминално во зголемувањето на катноста на трговскиот центар, не на хотелот. Хотелот немаше никаква врска со почетниот линк.

ПС. Трговско-деловниот комплекс не е почнат со градба, така да смеј се до утре. Ако е почнат значи јас имам сериозен проблем со очите, затоа што пред 2 часа пројдов по улицата на која треба да се изгради комплексот. Сум ги побил сите закони на физиката.:vozbud: Постирај некоја слика да видиме каде е започнат трговскиот.
--- надополнето: Aug 18, 2011 1:53 PM ---
Дали може во име на прогресот и инвестициите во одредени реони од градот (заработката на газдата не ми е приоритет во ова прашање пошто тоа носи друго прашање за загубите на фирмите изведувачи и нивните работници и семејства) може да се корегира дел од одреден УП, а заради востановената состојба на терен (високи подземни води и слично)?
Дали воопшто заради некој објект од оправдани причини е направена измена во некој од уп-овите и дали е неможно да се направи?
Можно е да се направи и е редовна пракса. Ама прво се поднесува барање за измена, па се чека одговор и се продолжува со градба. Не може да градиш без да добиеш одговор. Еве Фијат го одбија затоа што влезовите на новиот план биле прениски и не може да влезе противпожарно возило.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Јас те прашав за трговскиот центар, што треба да се изгради по текот на целата улица. Првиот линк ти беше за тоа. После праќаш линкови за хотелот. Хотелот и трговскиот не се иста инвестиција.
Се надевам дека ова го пишуваш од незнаење, а не лажеш намерно. Хотелот и трговскиот се иста инвестиција поради следново:

1. Градилиштето на хотелот и на трговскиот се споени.
2. Исти се бараките на работниците, исти се машините, исти се багерите што работеа по цела должина.
3. Темелите се споени.
4. Во исто време почна изградбата и на двата објекти.
5. Кога Груевски држеше говор за започнување на градбата на хотелот во Август 2008, бината беше поставена точно врз темелите на трговскиот центер. Кога ја фрли лопатата, ја фрли врз темелите на трговскиот центар, а зборуваше за хотелот.
6. Покрај овие очигледни факти, на сите одамна им е јасно дека инвеститорот е еден ист.

За да се изгради трговскиот треба да се изгради цела подземна улица. Од линкот на Телеграф треба да ти е јасно дека парите не се проблем. Повторно ќе те прашам, што има криминално во зголемувањето на катноста на трговскиот центар, не на хотелот. Хотелот немаше никаква врска со почетниот линк.
Јасно е дека инвеститорот е ист, ти можеш колку сакаш да се инатиш и да се правиш дека не разбираш.

Како тоа нема ништо криминално во зголемување на катноста за 54 метри (грубо 18 ката), а има криминал во зголемување на висината на првата плоча за 1 метар???

ПС. Трговско-деловниот комплекс не е почнат со градба, така да смеј се до утре. Ако е почнат значи јас имам сериозен проблем со очите, затоа што пред 2 часа пројдов по улицата на која треба да се изгради комплексот. Сум ги побил сите закони на физиката.:vozbud: Постирај некоја слика да видиме каде е започнат трговскиот.
Твоето незнаење на физичките закони не те прави способен да ги побиеш.

Ако гледаш од улицата, нормално ништо нема да видиш.

Но ако гледаш од било која околна висока зграда, градилиштето го гледаш како на дланка. И точно се знае кога ставаа темели, кога почнаа, и кога запреа со изградбата. Истовремено и за хотелот и за трговскиот.

Можно е да се направи и е редовна пракса. Ама прво се поднесува барање за измена, па се чека одговор и се продолжува со градба. Не може да градиш без да добиеш одговор. Еве Фијат го одбија затоа што влезовите на новиот план биле прениски и не може да влезе противпожарно возило.
Да влезе противпожарно возило внатре во зградата?!? :pos: Ај објасни ако може хахаха.

П.С. Гледам дека си културен човек бидејќи цело време држиш некое ниво на дискусија без директни навреди. Само, премногу си обоен. Тоа е мое мислење. Јас можам да се приближам до твоето мислење, но гледам дека ти никако не прифаќаш ништо што е против Грујо и сегашното фамилијарното раководство на ДПМНЕ. Признал ти или не, таква е ситуацијата. Незнам со што допринеле да ги браниш, дали со нешто конкретно или тоа го правиш од сопствено убедување, но ќе дојде денот кога и нив ќе ги гонат за криминал и ќе ги затвараат во Шутка.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Се надевам дека ова го пишуваш од незнаење, а не лажеш намерно. Хотелот и трговскиот се иста инвестиција поради следново:

1. Градилиштето на хотелот и на трговскиот се споени.
2. Исти се бараките на работниците, исти се машините, исти се багерите што работеа по цела должина.
3. Темелите се споени.
4. Во исто време почна изградбата и на двата објекти.
5. Кога Груевски држеше говор за започнување на градбата на хотелот во Август 2008, бината беше поставена точно врз темелите на трговскиот центер. Кога ја фрли лопатата, ја фрли врз темелите на трговскиот центар, а зборуваше за хотелот.
6. Покрај овие очигледни факти, на сите одамна им е јасно дека инвеститорот е еден ист.
1. Не се подоле и зошто.
2. Повторно грешка.
3. Не се споени.
4. Трговскиот за кој пишува во линкот не е почнат.
5. Не станува збор за истиот трговски.
6. Да инвеститорот е ист, Масонската ложа на Британија, затоа парите не се проблем.
Јасно е дека инвеститорот е ист, ти можеш колку сакаш да се инатиш и да се правиш дека не разбираш.

Како тоа нема ништо криминално во зголемување на катноста за 54 метри (грубо 18 ката), а има криминал во зголемување на висината на првата плоча за 1 метар???
Кој закон е прекршен? Во кој закон пишува дека не смее да се зголеми катноста? Во зголемувањето на висината за 1 метар има прекршен закон за градење.
Твоето незнаење на физичките закони не те прави способен да ги побиеш.

Ако гледаш од улицата, нормално ништо нема да видиш.

Но ако гледаш од било која околна висока зграда, градилиштето го гледаш како на дланка. И точно се знае кога ставаа темели, кога почнаа, и кога запреа со изградбата. Истовремено и за хотелот и за трговскиот.
Како нема да го видам од улица? Трговскиот за кој е зголемена катноста ќе биде над САМАТА УЛИЦА т.е. улицата ќе стане подземен булевар, а над неа ќе има трговски центар. Бидејќи улицата постои сеуште, факт е дека трговскиот не е почнат. Ти зборуваш за друг трговски до него за кој не е зголемена катноста.
Да влезе противпожарно возило внатре во зградата?!? :pos: Знаеш што зборуваш?
Зградата ќе има паркинзи во неа. Според сегашните закони паркингот мора да има доволно голем влез кој овозможува и реакција на противпожарна екипа доколку е тоа потребно. Така да многу добро знам што зборувам.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Зградата ќе има паркинзи во неа. Според сегашните закони паркингот мора да има доволно голем влез кој овозможува и реакција на противпожарна екипа доколку е тоа потребно. Така да многу добро знам што зборувам.
Ќе го прескокнам мачкањето на очи за тоа дека друг бил трговскиот, или не знам што, други биле инвеститорите, и слично. ЕДЕН е газдата на целиот тој кварт, и сите го знаат, и таа фамилија беше голтарска (како и сите во Југославија) пред приватизацијата во Македонија.

Точно е тоа што го викаш дека ова е трет трговски, но ако висината на тој трговски е зголемена на 20 ката, мислиш дека другиот соседен трговски и хотелот ќе останат со старата висина? Кога нешто менуваат, менуваат во пакет. Ни новинарот не открил дека зголемувањето на висината е за сите објекти на таа огромна парцела.

Него, за противпожарната кола си ми смешен.

Цитираш некој закон.

Ај кажи само една зграда во Македонија во која во гаражата може да влезе противпожарно возило.

Кога ќе сфатиш дека нема ниедна таква градба во МК, ќе разбереш дека зборуваш глупости.

Противпожарни возила имаат СКАЛИ кои се дигаат нагоре. Каде нагоре ќе се дигнат скалите во гаража?! Противпожарно возило е со големина на КАМИОН, кој паркинг што го знаеш може да прими КАМИОН? И која би била поентата да влезе таков камион внатре во гаража?

Тешка глупост е (не викам дека е твоја) тоа што рушат Фијат меѓу другото и поради ниската гаража.
 
Нигде нема податок дека е зголемена катноста на другите два објекта. Тоа е твоја претпоставка. Газда на целиот кварт не е Камчев, туку тој е само параванот. Газдите ги наведов погоре и јасно е дека се многу моќни.

Во сите згради што имаат паркинзи во склоп на објектот, може да влезе камион. Тие паркинзи се високи над 3.5 метри. Прошетај низ Карпош ќе видиш неколку такви згради со подземни паркинзи, ги има и во Тафталиџе. Што врска имаат скалите на возилото? Не се гасне пожар со скалите, со водениот топ или со цревото се гасне.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727

Само сакам да прашам: зошто противпожарно возило треба да влезе во подземен паркинг? Или пак било кое товарно возило? ПП возило треба да има пристап до објектот од улица. Зошто вакво возило би влегувало во опожарен објект? Ова ми е малце нелогично, можеби во оригиналниот текст е погрешно опишан проблем во конкретниов објект? Јас не гледам логична причина (а, искрено, не сум видела и реален пример), камион да има пристап до подземен паркинг.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Нигде нема податок дека е зголемена катноста на другите два објекта. Тоа е твоја претпоставка. Газда на целиот кварт не е Камчев, туку тој е само параванот. Газдите ги наведов погоре и јасно е дека се многу моќни.
Ако се тие газдите што ги наведуваш (а не се), тогаш зошто изградбата е запрена?

Зборуваме за хотелот и трговскиот кои немаат никаква допирна точка со сообраќајницата.

Одговорот е затоа што правите газди се нашите голтари кои немаат толку пари да градат 5 згради истовремено.

Приказната дека некои Британски масони граделе во Македонија е лажги за деца, да се пали народ. Да имаше интерес на светски бизнисмени да градат хотели во Македонија, веќе ќе имаше такви хотели, какви што има 10тици во Хрватска и Црна Гора.

Меѓутоа - такво нешто нема. А нема да има ни хотел ни бутур. Ќе биде деловно-стамбена зграда, со дуќани, трговски и станови на горните катови.

Намената многу лесно се менува, ако си со власта. Жив пример ти е "катната гаража" Зебра.

Иначе, катноста на трговскиот кој е со споени темели со хотелот (оној комплекс што го "освети" Грујо во 2008) е веќе зголемена за 1 кат од првобитниот план кој беше во сила 2007 година. Проверена информација. Ајде јас и ти да се кладиме дека ќе го зголемат уште колку сакаат.

Во сите згради што имаат паркинзи во склоп на објектот, може да влезе камион. Тие паркинзи се високи над 3.5 метри. Прошетај низ Карпош ќе видиш неколку такви згради со подземни паркинзи, ги има и во Тафталиџе. Што врска имаат скалите на возилото? Не се гасне пожар со скалите, со водениот топ или со цревото се гасне.
Водениот топ се користи од надвор, а цревото се влече до каде што е потребно, не треба цел камион да се спушта во гаражата!

Во ГТЦ нема таков паркинг, па камо ли во некои стамбени згради во Карпош.
--- надополнето: Aug 18, 2011 4:43 PM ---
Според сегашните закони паркингот мора да има доволно голем влез кој овозможува и реакција на противпожарна екипа доколку е тоа потребно. Така да многу добро знам што зборувам.
Ова отиде предалеку. Ајде Џони најди го законот (го имаш цел Интернет на располагање) и постирај го тука, да видиме каде тоа пишува дека противпожарен КАМИОН треба да може да влезе во подземен паркинг на стамбена зграда.
 
I

Iblis

Гостин

Не се мачи, голем број на стамбени згради немаат воопшто подземен паркинг.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom