Јас те прашав за трговскиот центар, што треба да се изгради по текот на целата улица. Првиот линк ти беше за тоа. После праќаш линкови за хотелот. Хотелот и трговскиот не се иста инвестиција.
Се надевам дека ова го пишуваш од незнаење, а не лажеш намерно. Хотелот и трговскиот се иста инвестиција поради следново:
1. Градилиштето на хотелот и на трговскиот се споени.
2. Исти се бараките на работниците, исти се машините, исти се багерите што работеа по цела должина.
3. Темелите се споени.
4. Во исто време почна изградбата и на двата објекти.
5. Кога
Груевски држеше говор за започнување на градбата на хотелот во Август 2008, бината беше поставена точно врз темелите на трговскиот центер. Кога ја фрли лопатата, ја фрли врз темелите на трговскиот центар, а зборуваше за хотелот.
6. Покрај овие очигледни факти, на сите одамна им е јасно дека инвеститорот е еден ист.
За да се изгради трговскиот треба да се изгради цела подземна улица. Од линкот на Телеграф треба да ти е јасно дека парите не се проблем. Повторно ќе те прашам, што има криминално во зголемувањето на катноста на трговскиот центар, не на хотелот. Хотелот немаше никаква врска со почетниот линк.
Јасно е дека инвеститорот е ист, ти можеш колку сакаш да се инатиш и да се правиш дека не разбираш.
Како тоа нема ништо криминално во зголемување на катноста за 54 метри (грубо 18 ката), а има криминал во зголемување на висината на првата плоча за 1 метар???
ПС. Трговско-деловниот комплекс не е почнат со градба, така да смеј се до утре. Ако е почнат значи јас имам сериозен проблем со очите, затоа што пред 2 часа пројдов по улицата на која треба да се изгради комплексот. Сум ги побил сите закони на физиката.
Постирај некоја слика да видиме каде е започнат
трговскиот.
Твоето незнаење на физичките закони не те прави способен да ги побиеш.
Ако гледаш од улицата, нормално ништо нема да видиш.
Но ако гледаш од било која околна висока зграда, градилиштето го гледаш како на дланка. И точно се знае кога ставаа темели, кога почнаа, и кога запреа со изградбата. Истовремено и за хотелот и за трговскиот.
Можно е да се направи и е редовна пракса. Ама прво се поднесува барање за измена, па се чека одговор и се продолжува со градба. Не може да градиш без да добиеш одговор. Еве Фијат го одбија затоа што влезовите на новиот план биле прениски и не може да влезе противпожарно возило.
Да влезе противпожарно возило
внатре во зградата?!?
Ај објасни ако може хахаха.
П.С. Гледам дека си културен човек бидејќи цело време држиш некое ниво на дискусија без директни навреди. Само, премногу си обоен. Тоа е мое мислење. Јас можам да се приближам до твоето мислење, но гледам дека ти никако не прифаќаш ништо што е против Грујо и сегашното фамилијарното раководство на ДПМНЕ. Признал ти или не, таква е ситуацијата. Незнам со што допринеле да ги браниш, дали со нешто конкретно или тоа го правиш од сопствено убедување, но ќе дојде денот кога и нив ќе ги гонат за криминал и ќе ги затвараат во Шутка.