Одбиени измените на проектот „Космос“
-Општина Гази Баба донесе решение за одбивање на предложените измени за проект „Космос“, во текот на градењето, изјави Трајковски.
Измените се поднесени кон крајот на месец јули. Градоначалникот информираше дека во моментов не се знае по кој проект се водел инвеститорот Фијат Цаноски при градбата поради тоа што фактичката состојба е во спротивно и со основниот проект кој е одобрен, но и со предложените измени кои биле поднесени.
Како основна причина за одбивање на измените е тоа што во истите има прекршувања на законот за градење и не се во согласност со деталниот урбанистички план.
-Во измените на проект има направени отстапување од градешната линија, а тоа градба надвор од Деталниот урбанистички план. Зголемена е површината за градење, особено во делот за паркинг за над 50 отсто. Паркингот не може да биде на приземјето и целиот сообраќаен пристап е промашен. Со измените се предвидува возилата да поминуваат низ простор висок 2.5 метри што не е дозволено, поради тоа што тој простор мора да биде поголем, во случај на несреќа да може да влезе пожарникарско возило или слично, истакна градоначалникот Трајковски.
Градоначалникот на општина Гази Баба информираше за некоректен однос од страна на инвеститорот, поради тоа што не сакал да ги прими актите донесени од страна на локалните власти кои се однесуваат за комплекот „Космос“.
Поради прекршувања на Законот за градење кривични пријави заработија инвеститорот и изведувачот а се разгледува можноста да одговараат и проектантот поради тоа што проектирал во спротивност до Деталниот урбанистички план и надзорот кој што не ја информирал општината дека изградбата не е во согласнот со одобрението.
Инаку инвеститор е фирмата „Фине“ каде што како управител не се јавува Цаноски, туку неговиот зет.
Трајковки истакна дека хипотеката е активирана поради тоа што Цаноски имал платено само три од вкупно осум рати за комуналии. Под хипотека биле ставени објекти на Водно, во Маџари и во Струга. По активирањето на хипотеката настапуваат извршителите со опомени и укажувања а потоа со конфискација и лицитација на имотот.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/38678-Odbieni-izmenite-na-proektot-Kosmos