Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Елија е добар играч тоа што ние паднавме на такво ниво не е нешто ново.Како прво дечкото рече дека Јувентус е најголемиот клуб во Италија ама моментално се на нивото на Хамбург и не смета дека би било некој голем напредок во кариерата ако премине во Јуве.До тука се слагам со него.Не го навреди Јуве воопшто туку си ја гледа својата кариера а моментално не сме некоја актракција на пазарот дури и Дел Пиеро го кажа тоа пред некое време.
Дел Пиеро: Јувентус не е првиот избор за големите ѕвезди
Капитенот на Јувентус Алесандро Дел Пиеро не ја криеше тешката вистина од приврзаниците на тимот. Тој призна дека „Старата дама“ се соочува со сериозни тешкотии на трансфер пазарот во моментов и причината не е во недостатокот на финансии за нови засилувања, туку фактот дека повеќето ѕвезди на европскиот фудбал не сакаат да дојдат во Торино или оваа опција е втора или трета варијанта пред нив.

„Вистината е тешка, но во моментов Јувентус не е прв избор за трансфер на повеќето играчи кои клубот сака да ги доведе. Треба да бидеме трпеливи, бидејќи сум сигурен дека Бепе Марота вложува огромни напори за доведе квалитетни засилувања“, вели легендарниот капитен на Јувентус.

„Во моментов ниту еден играч не не одбил категорично, но фудбалери какоАгуеро, Санчез, Тевез или Игуаин, прво се обидуваат да договорат трансфер во Реал, Барселона, Манчестер Сити или Манчестер Јунајтед, а ние сме втор или трет избор пред нив. Клубот ни е заробеник на трендовите на пазарот и не е господар на својата судбина. Едноставно има други тимови кои се поатрактивни за трансфер од нас“, заклучува Дел Пиеро.

Наспроти ова вчера имаше состанок бордот на директори на ’старата дама’ на кои беше донесен буџет од фантастични 190 милиони евра за следните три години. На состанокот беше изгласано зголемување на буџетот за уште 120 милиони, плус 70 милиони кои ќе додјдат директно од фирмта „Ескор груп“ наЏон Елкан.
 
Камо Рамирез да го земеме пријателе... Ко што седат работиве, со Џакерини од Чезена ќе завршиме, е тоа ќе биде ФЕЈЛ. Поарно Пасквато да го играме одколку тој... Рамирез е добар проспект, имаше одлична сезона во Болоња, Интер, Рома и Фиорентина се интересираат за него. Проблемот е што не е баш ефтин со оглед на годините (10м), и што Фиорентина е близу до него. Со оглед на тоа, со тие пари + некој милион може да се земе Варгас, што според мене во моментов е најдоброто што можеме да го земеме...
Aко го земеме Варгас, тоа веќе може да се нарече донекаде добар пазар. Не е којзнае што ама во секој случај ќе биде подобро решение од повеќето трансферни цели на Јуве ова лето.
 
Елија е добар играч тоа што ние паднавме на такво ниво не е нешто ново.Како прво дечкото рече дека Јувентус е најголемиот клуб во Италија ама моментално се на нивото на Хамбург и не смета дека би било некој голем напредок во кариерата ако премине во Јуве.До тука се слагам со него.Не го навреди Јуве воопшто туку си ја гледа својата кариера а моментално не сме некоја актракција на пазарот дури и Дел Пиеро го кажа тоа пред некое време.
http://www.juventusmk.com/juve/inde...sport-&catid=38:2011-04-27-00-41-35&Itemid=80
Прочитај ја последната реченица .
Елиј од кога виде дека не може да дојде во Јувентус т.е бараше два пати поголема плата му го напика на ЈУвентус со зборовите .
Јувентус е на нивото на Хамбур тоа за мене нема да биде напред во кариерата ,јас сакам во големи клубови како што се арсенал и челзи .
Ако мислиш дека Јувентус е на ниво на Хамбур кој во Германија е 10 и нема никаква историја ти незнам што да кажаам .
п.с знам дека се зафркаваш кога кажа дека се сложуваш со него дека јувенту с не е поголем тим од хамбург .
 
Дај некој нека види за сигурно дали ке има пренос вечер на утакмицава ... за да знаеме ако нема мора да се седи дома на нет да се гледа .. фала дечки однапред :)
 
Тим Трофео во 20:45 на МТВ 1 сигурно ... имаше на најава пред 1 час ... ќе гледаме на раат :)
 
Тим Трофео во 20:45 на МТВ 1 сигурно ... имаше на најава пред 1 час ... ќе гледаме на раат :)
И дај боже да коментира Златко Калински ќе биде Како да гледаме полуфинале на Светско првенство :vozbud:
 
И дај боже да коментира Златко Калински ќе биде Како да гледаме полуфинале на Светско првенство :vozbud:

А и дај Боже да не го освоиме Купов, значи малер цела година ке не бие :) хаха
 
А и дај Боже да не го освоиме Купов, значи малер цела година ке не бие :) хаха
Памтам кога го освоивме пред 2 сезони со головите на Амаури и на Тиаго и исто така знаеме како заврши сезоната за нас :confused:
 
Нема врска тоа дека тој што го освоил ке има лоша сезона.Еве годинава ние ке го докажеме спротивното :)
 
лани интер го освоиа ако не се лажам

Не се лажеш така е ... Иначе Видал пишал на фб дека прва утакмица ке му биде вечер за јуве , бла бла ... супер барем него да го видиме со пирло како ке се уклопат
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom