- Член од
- 21 август 2008
- Мислења
- 5.204
- Поени од реакции
- 953
Дел Пиеро: Јувентус не е првиот избор за големите ѕвездиЕлија е добар играч тоа што ние паднавме на такво ниво не е нешто ново.Како прво дечкото рече дека Јувентус е најголемиот клуб во Италија ама моментално се на нивото на Хамбург и не смета дека би било некој голем напредок во кариерата ако премине во Јуве.До тука се слагам со него.Не го навреди Јуве воопшто туку си ја гледа својата кариера а моментално не сме некоја актракција на пазарот дури и Дел Пиеро го кажа тоа пред некое време.
Капитенот на Јувентус Алесандро Дел Пиеро не ја криеше тешката вистина од приврзаниците на тимот. Тој призна дека „Старата дама“ се соочува со сериозни тешкотии на трансфер пазарот во моментов и причината не е во недостатокот на финансии за нови засилувања, туку фактот дека повеќето ѕвезди на европскиот фудбал не сакаат да дојдат во Торино или оваа опција е втора или трета варијанта пред нив.
„Вистината е тешка, но во моментов Јувентус не е прв избор за трансфер на повеќето играчи кои клубот сака да ги доведе. Треба да бидеме трпеливи, бидејќи сум сигурен дека Бепе Марота вложува огромни напори за доведе квалитетни засилувања“, вели легендарниот капитен на Јувентус.
„Во моментов ниту еден играч не не одбил категорично, но фудбалери какоАгуеро, Санчез, Тевез или Игуаин, прво се обидуваат да договорат трансфер во Реал, Барселона, Манчестер Сити или Манчестер Јунајтед, а ние сме втор или трет избор пред нив. Клубот ни е заробеник на трендовите на пазарот и не е господар на својата судбина. Едноставно има други тимови кои се поатрактивни за трансфер од нас“, заклучува Дел Пиеро.
Наспроти ова вчера имаше состанок бордот на директори на ’старата дама’ на кои беше донесен буџет од фантастични 190 милиони евра за следните три години. На состанокот беше изгласано зголемување на буџетот за уште 120 милиони, плус 70 милиони кои ќе додјдат директно од фирмта „Ескор груп“ наЏон Елкан.