честито трофеј. слатка победа. ужасно лошо е да гледаш (пратиш) утакмица на мобилен на лајвскор. ужас.
така да не ја гледав. тешко дека ќе ја гледам целосно реприза. сакам некој ако може да ја опише играта, особено споредба со првата утакмица од мадрид. од снимките можам да ги видам само головите и инцидентите. од тоа се гледа дека реал дадоа два повеќе случајни гола. ни парираа во игра како првата или?
што да се каже инаку за дуелот. две екипи, од една страна екипа составена и водена претежно од португалци, понекој турчин, германец, француз, аргентинец, бразлиец, од се по нешто... кој од кој по-скап. ах, да... и по некој шпанец и дури еден единствен голман произлезен од клубот (респект само за него)
од друга страна барселона, омилена приказна во светот на фудбалот. костурот на екипата која меле противници играат заедно од петлиња - до светски/европски клубски и репрезентативни шампиони, водена од тенер кој е исто така дел од таа школа, воедно и нивни идол од времето. што можеш да посакаш повеќе?
цеск. сите потенциравте, два дена во барса, 10 минути во игра - трофеј. се надевам на втората утакмица ќе го освои вториот. европскиот супер куп. колку и да се од иста школа, ќе му треба време да влезе во форма и во шема, бидејќи венгер му го упропасти летото за подготовки. самиот призна дека ужасно напнато му било.
иако санчез не играл поради повреда мала, сеуште стојам на истото мислење - спектакуларен играч.
иниеста, често говорам дека како созрева опасно се доближува до зидан. маестро. неговата визија за фудбал е за мене необјаснив феномен.
меси. никогаш доста од ова мало човече. да се изнагледаме фудбал, пошто меси нема да се повтори никогаш повеќе во фудбалот. се сеќавам кога гледав чикаго булс на времето, џордан, си викав- ех каква ли ќе биде кошарката кога овој човек ќе се пензионира. та си го велам секогаш за меси.
има ли место во еден ваков пост за мурињо и "фудбалскиот" карактер на реал? не би рекол. сепак, збориме за фудбал.