Можам!
Знаеш... еднаш кога бев у основно, и сите бевме деца, имаше едно дете Иван и сите го тепаа, го влечеа по ходници, му ставаа канта на глава, му цепаа гардероба, абе штотине му правеа и он час плаче час се смее. И мене ми беше жал и криво ми беше така се него да го малтретираат, и почнав со сите да се пцујам и да се расправам, се степав со еден, и ми се собра цело оделение да ми каже дека после часови заинает ке го тепаат сите надвор ако се мешам значи не сум им другар и ке ме тепаат и мене.
И кога излегов надвор почнаа сите пред мене да го малтретираат он почна да плаче јас рипнав да се тепам со сите, ме бутнаа, ритаа, ме гребаа, ме скубеа
... и јеби га остнанавме само ја и Иван на земја другиве си заминаа сите, и ние подоцна си отидовме дома.
Утредента целата школа не ми правеше муабет, сите ме избегнуваа... и ја си викам „ако бе, ке дојде Иван со него ке се дружам гајле ми е“.
И Индиго Дете замисли си... доаѓа Иван, и сите се поздравуваат со него, он се смее и се поздравува со сите, пак се глупира, другиве не го малтретираат повеќе, Иван си најде конечно другари, а јас останав неколку месеци сам во училницата скаран со сите. Иван никад не кажа Фала Vespetine ти си прав другар, пријател, што и да си....
Така да не се возбудувај толку со некоја девојка што јадела ќотек од дечко-и и уште го сака, и дошла тука да праша дали треба уште да го сака, дали да му прости. Стави се на нејзино место, дали би воопшто размислувала дека треба да му простиш на некој што те тепал со боксови, и треба да се консултираш на форум за тоа.