Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
The thelemitic hyena strikes again...:drk:
Ајде малку да ти се обратам на твое ниско ниво:
Сељак, ти кажал некој кога доаѓаше во градот да си ги пушташ нозете колку што ти е долга чергата?
Колку што ти разбира лејката толку и да зборуваш, за да не трескаш зелени?

Робовите ќе служат :)

П.С. Користи го зборот телема почесто... тоа е добро :)

--- надополнето: Aug 17, 2011 2:16 PM ---

Прашање до рисјаните:
Дали мислите дека е потребно ревидиран и подобар превод на стариот завет на македонски, а со тоа да се потикнат и нови, подобри коментари на истиот?
Ако сте за, кажете зошто, ако мислите поинаку кажете зошто...

превод од?
што ?
Кинг Џејмс или од друго нешто
 
превод од?
што ?
Кинг Џејмс или од друго нешто
Па од „оригиналот“... Нека тие дефинираат што е оригинал и од каде е преведен и од кој e овој сегашен превод :)
 
За лични навреди се паузира од форумов. Сега 2 недели, при следен испад подолго...

Продолжете со дискусијата и внимавајте на речникот.
 
Вистинското, ангелско име на Луцифер?
Ако може на хебрејски и на англиски и Перо не биди ילד :)
 
Одговорено ти е неколку пати, многу си досаден. ;)

А може да ми го дадеш англискиот превод од книгата во која си го нашол името?
Чисто колку еве, да утврдиме автентичност.
Секој може што сака да пише без последици...нешто во што ти си многу умешен ;)
 
За жал нема англиски превод, на еврејски е оригиналот.:( И без цинизам молам -- се обидувам да ти дадам одговори на сите прашања (иако не го заслужуваш тоа.)
 
Прашање до рисјаните:
Дали мислите дека е потребно ревидиран и подобар превод на стариот завет на македонски, а со тоа да се потикнат и нови, подобри коментари на истиот?
Ако сте за, кажете зошто, ако мислите поинаку кажете зошто...

Ревизија на стариот завет т.е. на целата Библија се направи и заврши во 2006 година. Го правеа заедно тројца ревидирачи: еден од католичката црква, еден од православната и еден од протестантската црква. Ревидирањето и печатењето беше спонзорирано од Обиденетото библиско здружение (United Bible Society). Ревизијата во глобала е ок, со некои намерни и ненамерни пропусти. Ова здружение не би спонзорирало следна ревизија за кратко време, но сега за сега и нема потреба.
Коментари на Библијата во светот излегуваат и како одделни книги. Јас имам неколку библиски коментари на англиски јазик. Добро би било да се има и на македонски, само не гледам на подвидок некој (сериозен и поткован) да би се нафатил на такво нешто.
Позз
 
Ме интересира што се случува со луѓето кои немале никаков допир со христијанското учење, ниту пак знаеле дека такво нешто постои. Што се случува со нивните души после смрта ?
Пример 1500 години генерации староседелци во двете Америки (пред да бидат насилно покрстени) или некои забацени племиња во Африка и Азија, острови за кои никој не знаел се до пред некој век и сл.... тоа се огромен број на луѓе...
Кој е крив што на нив никој не им го покажал правиот учење и правиот бог, ниту пак како да се однесуваат и што да прават за да ја спасат својата душа ? И дали се казнети на крајот за нешто за што немале појма дека постои цел свој живот ?
 
- Со душите од луѓето кои немале никаков контакт со рисјанството, се случува исто што и со душите кои имале било какво сознание за верата или биле во верата. Тие души, подлежат на поединечниот и на конечниот Суд Христов.
- Сите пагани и незнабожци, ако веќе ја немаар верата во Христа Богочовекот, ја имаат совеста и го имаат умот. Совеста, ако не им е помрачена од нечисти сили и дејства, може да ги опоменува за нивното неправилно однесување. Умот пак, може да им потврди дека се што гледаат околу себе, се е тоа творба, која мора да има свој Творец.
- Никој не е крив за тоа што гласот Христов не дошол и од нив, но проблем е ако тој глас Христов дојде и до нив,а тие не го прифатат.
- Паганите и незнабожците не мора да бидат и казнети, но можат да бидат и спасени, по милоста Христова, оти само Христос одлучува кој ќе биде спасен а кој не. Тоа што изолираните народи можеби навистина не слушнале за Христа и за Црквата Негова, тоа нема да им биде оправдување, оти ја имаат совеста и умот. Совеста е најстариот, незапишан закон Божји во сите нас.
 
И што е совеста?
Дали се учи или сме родени со тоа......кај се наоѓа?
Дали е меморија(информација пишана негде во мозокот).
Дај кажи од кај потекнува и која е нашата врска со истата.
 
Ама после него и ти да кажеш, што е совеста бива?
 
Jaс сум кажал милион пати до сега, дури ако се сеќавам добро овој лаф сум го
правел со Мики еднаш. Jас инсистирам на оваа тема да се зборува, нема да
биде тешко најверојатно уште 100 пати да се "расправа".
Само што имаме мали разлики во дефиниции, свест или совест.
Не е важно како и да е.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom