Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Таа е цената во анхоч а во мебиус ја даваат уште поевтино (9900) и доаѓа со Dirt 3.
Дада, за околу 10к се продава HD 6870. Ништо чудно, во последниов период насекаде во странство опаѓаат цените на мејнстрим графичките, додека хај енд класата држи цена. На newegg GTX460 1GB/HD 6850 може да се најдат за неверојатни ~150$! (y)
А ASUS DirectCu GTX460 1GB за околу 12-тина долари повеќе, стварно одлична цена, ако се земе предвид квалитетот на ASUS PCB-ата и дизајнот на ладилното тело. Исто така и MSI имаат добри понуди.
Ондак зошто во Vortex и во Set HD 6870 е над 12.000?
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Ондак зошто во Vortex и во Set HD 6870 е над 12.000?
Во СЕТ е толку ваљда зашто е ASUS верзија со кастом кулер, а пишав претходно за квалитетот на ASUS PCB-ата и дизајнот на ладилното тело. (на DirectCU моделите итн.) Мада би требало да е само 1000 ден. повеќе максимум за таа верзија, а не над 2000 ден. повеќе...
А за Вортекс незнам, ако не е некоја кастом верзија од ASUS/MSI или некој друг производител... ондак ќе морам да се сложам со Woofer :icon_lol:
 
Член од
27 март 2010
Мислења
249
Поени од реакции
15
poz. do site mi treba sovet za vtor pc momentalno go koristam pc-to vo potpis a od delovi za vtoriot mi fali ram i cpu a ploca imam gigabyte g31 , prviot go koristam za net i nekogas gaming (full hd tv) a vtoriot ke bide za dokumenti i net. budzet 22000
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
poz. do site mi treba sovet za vtor pc momentalno go koristam pc-to vo potpis a od delovi za vtoriot mi fali ram i cpu a ploca imam gigabyte g31 , prviot go koristam za net i nekogas gaming (full hd tv) a vtoriot ke bide za dokumenti i net. budzet 22000
Документи и нет? ОК, колку што сватив имаш LGA775 плоча, значи ќе најдеш некој E5xxx/E6xxx Pentium Dual Core процесор, и две плочки од по 2GB RAM (од било кој производител, A-DATA, Kingston итн. значи обични плочки, зашто ќе го користиш компјутерот само за сурфање/документи итн. значи нема потреба од скап рам).
Графичка можеш да земеш 7900GS од Анхоч, 1300 ден. е, повеќе од тоа нема да ти треба, хард диск земи 1TB F3 од Вортекс, за напојување лесно ќе поминеш со оваа конфигурација, така да и GlacialTech/Gembird некое од 450W ќе заврши работа. Ако сакаш поквалитетно, а за секој сличај би ти препорачал, земи 500W Chieftech од Мебиус, во случај да во иднина сакаш да градиш нова конфигурација врз истото напајање. И некакво куќиште и режач.
 
Член од
27 март 2010
Мислења
249
Поени од реакции
15
gi imam skoro site delovi psu chieftec 300w 80+ i solidno kukiste sega razmisluvam vaka e5700 i da go stavam vo prviot PC i 2gb ram nekoj si mislam deka ke bide dovolno ili da idam so q8400
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
gi imam skoro site delovi psu chieftec 300w 80+ i solidno kukiste sega razmisluvam vaka e5700 i da go stavam vo prviot PC i 2gb ram nekoj si mislam deka ke bide dovolno ili da idam so q8400
Q8400 за документи и нет? Оверкил. Да беше рендерирање/3D ај, ќе имаше голема разлика, али за документи и нет сосема е доволно понов дуал кор.
 
Член од
27 март 2010
Мислења
249
Поени од реакции
15
q8400 da go stavam vo prviot pc(light gaming) a starot e5400 vo vtoriot
--- надополнето: Aug 10, 2011 8:30 PM ---
site drugi delovi gi imam znaci mi treba ploca cpu i ram
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
q8400 da go stavam vo prviot pc(light gaming) a starot e5400 vo vtoriot
--- надополнето: Aug 10, 2011 8:30 PM ---
site drugi delovi gi imam znaci mi treba ploca cpu i ram
Така може :)

Чекај сега, имаш плоча за вториот (документи/нет) или немаш? Рам ете земи две плочки од по 2ГБ A-Data на пр.
Ако немаш плоча ондак иди на АМД варијанта, не вреди да се зима LGA775 платформа на ново, некоја плоча со 870/880 чипсет, од Asus/Gigabyte, процесор Athlon II x2 240, и исто 2x2GB рам само DDR3-ка.
А ако веќе имаш плоча, префрли го E5400 од 1-от во 2-от (документи/нет) PC, и 2x2GB DDR2 рам. А земи Q8400 за 1-от, би требало доста да ти користи бидејќ ќе го користиш/ го користиш за игри, а игрите во блиска иднина скоро сите ќе бидат оптимизирани да ги исцедат quad core процесорите до даска.
А, и ако ти треба монитор, BenQ G2222HDL во Анхоч, ~6700 ден.

Се надевам се разбравме ;)
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.262
Поени од реакции
2.256
Што е работата со новиве процесори, i3, i5? Немам користено досега вакви и не знам какви се, се исплатат ли за парите, брзи ли се, грејат ли многу? Ќе купувам лаптоп па гледам оваа i-серија на процесори ја крева цената на секоја конфигурација за 3-4 илјади. Сега на лаптопот имам core 2 duo и сум презадоволен, па кажете ми што е разликата меѓу кор 2дуе и и3 или и5. И патем можете да дадете предлог за некоја дора конфигурација за лаптоп.
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28

Има разлика во се (технологијата,сокетот,оверклок,кеш меморија,мала потрошња....)
Од i3 имаш само двојадрени процесори,но далеку подобри од стандардните Core 2 Duo.
Од i5 имаш двојадрени и четиријадрени процесори зависно од тоа кој модел е процесорот.
Од i7 имаш 2,4 и 6 јадрени процесори со многу кеш меморија исто така зависно од моделот на процесорот.
Да се вратам сеа на твоето прашање околу цената и исплатливоста дали да се купи или не.
На ова ќе одговорам со ДА затоа што вреди да се има било кој од овие процесори.Јес да цената е малце висока меѓутоа и перформансот ќе биде исто така висок,а ти задоволен;)
Доколку треба уште некое појаснување пиши.
 
Член од
15 април 2009
Мислења
657
Поени од реакции
112
Ај малку помош, ми треба дигитален апарат докај 100 евра. Point and Shoot апаратче, за домашна употреба. Еве еден што ми фати око Canon PowerShot A495 . Немора да биде 3127312038 мегапиксли, битно ми е да има добра леќа.
 
G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
357
Поени од реакции
463
Nikoon Coolpix L22 машина од апарат за ефтини пари
 
Kajgana Shop

На врв Bottom