Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Погледнав , но не најдов тема за македонски правопис.

Последната тема што ја отворив , некој ми даде замерка дека името на етничката заедница треба да се напише со голема буква.


Според мене албанците треба да биде со мала буква. Исто така би сакал да знам како треба правилно да изгеда оваа болдирана реченица.

Еве и во друга тема ист проблем.

^^Абре у истиот пост у кој му приговараш на некој за правопис, име на народ пишуваш со мала буква.

Јас не се трескам за Македонија - од иста причина мојата грешка не е голема колку вашите погоре... Грешка е да, ама сум згрешил во врска со нешто кое не го бранам.
 
Албански со мала, Албанец со голема. Мислам дека тоа е универзално правило, не поврзано со исклучиво некои јазици.
Албанец е име на народ.
 
Според мене албанците треба да биде со мала буква. Исто така би сакал да знам како треба правилно да изгеда оваа болдирана реченица.
Со голема треба. Еве го правописот според Википедиа.
Употреба на голема и мала буква

Со голема буква се пишуваат:
  • Почетниот збор на реченицата.
  • Имињата, презимињата и прекарите, имињата на животните и фамилиите.
  • Посвојните придавки изведени од лични имиња со наставките -ов, -ев и -ин.
  • Географските и топографските имиња. Ако се составени од повеќе зборови, сите се пишуваат со голема буква.
  • Имињата на жители на континенти, држави, области, национална припадност, припадници на племиња.
  • Имиња на институции, улици, кејови, плоштади, објекти, организации, фестивали, имиња на книги, уметнички творби, весници, списанија, написи, закони, прописи, документи, како и називите на востанијата, војните, битките и мировите. Голема е буквата само на првиот збор, освен ако не е лично име.
  • Имиња на небесни тела.
  • Кога по две точки ( : ) следува директен говор.
  • Имиња на празници.
  • Од почит, заменките „вие“ и „ваш“, како и други зборови.
Со мала буква се пишуваат:
  • Жители на населени места.
  • Придавки изведени од лични имиња и географски поими.
  • Имиња на месеци, денови во неделата, годишни времиња.
  • Имиња на училишни предмети.
 
Ај кажете ми дали само мене ми е несфатлива и навредлива рекламава во смисла литературен јазик?
Од кога ОЛКУ е ВОЛКУ?????
 
Имам проблем со некои граматички правила. Дали може некој да ми помогне? :)
 
ај помош, очи вадимуе со една колешка. значи множина од студио - студиЈа, вака е правилно??? и меана или мејана ???
 
ај помош, очи вадимуе со една колешка. значи множина од студио - студиЈа, вака е правилно??? и меана или мејана ???
За првото чинам дека е „студиа“ бидејќи „студија“ е еден вид на труд.
За второто - меана е правилно, сигурен сум.
 
ај помош, очи вадимуе со една колешка. значи множина од студио - студиЈа, вака е правилно??? и меана или мејана ???

Множина од студио е студија, меѓу И и А секогаш стои Ј ( со неколку исклучоци ).
А за меана, веќе ти пишал Саладин , меана е, без Ј.
 
Ај кажете ми дали само мене ми е несфатлива и навредлива рекламава во смисла литературен јазик?
Од кога ОЛКУ е ВОЛКУ?????
Во рекламата го имаш фонетско-фонолошкото изразното средство параномазија кога зборовите слични по гласовната градба стануваат слични и по значењата. Параномазиите се многу ефективни бидејќи лесно се помнат па затоа и се чести во рекламните пораки.
 
Ај кажете ми дали само мене ми е несфатлива и навредлива рекламава во смисла литературен јазик?
Од кога ОЛКУ е ВОЛКУ?????

Јас сега првпат видов дека "волку" било всушност (скопска!!!) дијалектна форма .

Се работи за прилогот "оволку"..
"Оволку", "онолку", "толку" изведени од "овој", "оној","тој" + "олку".

Карактеристична употреба е "волку малку".
 
Ало, реклама е. Не е научен труд. Плус, се работи за „лабава“ реклама, на шега удрена, така што, уреду е според мене.

Тоа што ја не можам да сфатам е како им е дозволено на оние мочковцине од некоја туристичка агенција или авио компанија или шо и да беа... коишто имаат сериозен текст којшто го читаат „Од сега, Скопје - Рим за Четириесдевет запирка девеесдевет евра...“

Значи, и ја сум од Скопје, ама вакво грдо незапазување на основни правила. Шо е следно, „пеефче“ ќе го стаиме во сериозна реклама?
 
Множина од студио е студија, меѓу И и А секогаш стои Ј ( со неколку исклучоци ).
А за меана, веќе ти пишал Саладин , меана е, без Ј.
Mеана е еднина, за множина е меани или кафана је моја судбина feat Toma, мислам дека прашањето беше како се доловува множинската форма.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom