Барселона вечерва влегува со посилен состав од оној во Мадрид, со 100 000 луѓе кои ќе бидат со нив а на крај краева имаат и добар резултат, да не речам одличен пред реваншот на нивниот стадион. Секако дека имам надеж, ќе биде тешко, но ако сакаат нашите играчи да го земат овој трофеј среде Каталонија (кој е важен трофеј само затоа што се игра против Барселона, иначе е канта-трофеј) мора да поминат низ најтешкиот пат, а секако дека таков не чека вечерва. Ова е нов натпревар и нова приказна и нема да биде ни малку ист како оној пред 3 дена.
Тешко е на Ноу Камп да им вршиме притисок како што тоа го правевме на Бернабе, тоа би помогнало многу, али тешко е да се изведе.. По мене клучно е само да го издржиме почетниот притисок на Барселона, кој многу веројатно ќе биде во првите 20 минути. Не знам, ако не примиме до тогаш гол шансите ни се зголемуваат, али стварно ќе биде многу тешко мадридисти мои..
Се сеќавам многу убаво на оној натпревар 0 - 1 со голот на Баптиста, ех како би ми дошло добро една таква реприза вечерва, уште да славиме и да го кренеме трофејот среде Барселона, предобро би било да е се тоа вистинито. Ќе видиме што ќе се случи, не знам ни дали Фабрегас ќе стартува но тоа ни најмалку не е битно, тоа не треба да не интересира, треба да бидеме концентрирани, и ја искористиме секоја шанса, затоа што нема да имаме многу, далеку од тоа. Покажавме дека може да играме против нив, е сега што немавме среќа и што не ги искористивме нашите шанси, тоа е друга приказна, али се надевам дека ќе биде подобро.
Воглавно, и ако изгубиме не треба да се предаваме, ќе повторам по не знам кој пат, од натпревар на натпревар се сме подобри и подобри, на секој натпревар со Барселона учиме по нешто, и мислам дека полека се ближи моментот кога ние ќе бидеме фаворити, можеби уште и оваа сезона, не се сомневам во тоа.
Иако според кладилниците ние и бевме благи фаворити на претходниот натпревар, али заеби кладилници..
Нема да можам во теков на денот да пишам за вечерашниов натпревар, па еве сеа.. HALA MADRID !