Трето полувреме

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Јас за филмов знам уште од пред 2-3 години кога Дарко го имаше филмов како идеја. Снимањето во Скопје ќе биде Бардовци/Злокуќани, што ми е 100 км (условно кажано од дома), а баш имав идеја да се врткам на сет таму. Да учам филмска камера/фотографија и слично...
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
Актерската екипа е многу јака

Oвој Ричард Саммел http://www.imdb.com/name/nm0759898/ имал улоги во добри филмчиња од кои најпознат е оскаровецот Inglorious Bastards

Сергеј Трифуновиќ последна улога имаше во Монтевидео Бог те видео супер филм што би му дошол како малку постар брат на Трето Полувреме

За Раде Шербеџија нема потреба да се коментира !

А нашите актери во филмот се можеби и најдобрите во моментов во Македонија !

Судејќи според српскиот Монтевидео Бог те видео ако овој биде барем близу до него ќе бидам презадоволен !

точно... моментално се снима втор дел од тој филм, се надевам дека и тој ќе биде како и првиот дел. а овој знам дека ќе биде добар гледајки го буџетот со кој се располага и актерската екипа (y)
 
Член од
13 март 2011
Мислења
42
Поени од реакции
12
има кастинг..добро..одиш на кастинг и.. ? .. одглумиш некој твој дел од некоја серија, филм, или ? немам искуство затоа прашувам :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Филмов го чекам уште од времето пред едно добри 3-4 години кога Дарко само најави дека планира нешто вакво. Приказната е прекрасна, а судејќи според Балканкан, може да очекуваме дека Дарко ќе направи одличен филм. Малку ме изненади што Монтевидео некако го претекна филмов, а ќе беше добро први да направиме филм со ваква фудбалска приказна.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Колку што знам на човеков му бараа од одредено холивудско студио да му го откупат сценариото, а друг да го режира филмот, најверојатно поради тоа што неговото филмско портфолио како режисер не соодветствувало со визијата која ја имале луѓето од продукцијата за филмов . Меѓутоа се запна он па он да го режира, поради што имаше и застој. Инаку сценариото е сосема ОК и што е најдобро се работи за вистинита приказна. Mислам дека високобуџетен филм со вакво сценарио, сниман во некое од холивудските филмски студија, со неколку звучни актерски имиња и режисер од типот на Спилберг, не би имал проблем да растури на box office.

p.s. баш ќе ме интересира реакцијата на Бугарите, доколку филмов биде прикажан кај нив
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
има кастинг..добро..одиш на кастинг и.. ? .. одглумиш некој твој дел од некоја серија, филм, или ? немам искуство затоа прашувам :)
Па зависи за која улога, имаш и такви „обични“ да бидеш дел од тимот на пример, и те местат ти вика насмеј се, па глупирај се, гримаси праи и тоа, те снима со камера цело време.
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
баш вчера слушнав дека ќе имало кастинг за статисти на 19,20 и 21 мислам
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Пред една година имаше кастинг за филмов исто во Вардар Филм, јас бев на тој кастинг. Имаше и кастинг преку фб и таму пратив слики како и илјадници други, е оти пак има кастинг не знам, ама пак ќе идам.
Инаку ова е кастинг за статисти, што значи ќе те сликаат само и ќе те снимаат да видат како те „сака“ камера, дали имаш добар однос со публика и сл. Доколку си ептен г`злак можеби, со големи букви МОЖЕБИ, ќе имаш среќа и да кажеш некоја реплика или макар еден збор. Работата е што мислам дека им требаат бајаги статисти оти треба навивачи, публика, војска и случајни граѓани да се глумат. Така да народе изволте. :)
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.729
Поени од реакции
49.235
у принцип не поштувам вакви срцепарателни филмови во кои вечна тема е напатениот евреин, ама приказнава за човеков е премногу добра за да остане забаталена и заслужува свој филм, а евреите знаеме дека никогаш не штеделе пари за филмови, така да може да им заблагодариме пошто филм богзнае кога ќе снимевме нареден пат.

Не се сомневам дека ќе биде бомба филмов, актерскава екипа е многу јака за да не биде така. Башка Ката Ивановска ..... уфффф !!!!
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
За причава имаше у досие Скопје на времето....
 
Член од
29 јули 2010
Мислења
68
Поени од реакции
4
Пред една година имаше кастинг за филмов исто во Вардар Филм, јас бев на тој кастинг. Имаше и кастинг преку фб и таму пратив слики како и илјадници други, е оти пак има кастинг не знам, ама пак ќе идам.
Инаку ова е кастинг за статисти, што значи ќе те сликаат само и ќе те снимаат да видат како те „сака“ камера, дали имаш добар однос со публика и сл. Доколку си ептен г`злак можеби, со големи букви МОЖЕБИ, ќе имаш среќа и да кажеш некоја реплика или макар еден збор. Работата е што мислам дека им требаат бајаги статисти оти треба навивачи, публика, војска и случајни граѓани да се глумат. Така да народе изволте. :)
И што имаше на кастингот?? Што се требаше/те тераа да правиш? Кажи нешто подетално ако не те мрзи... :)
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
И што имаше на кастингот?? Што се требаше/те тераа да правиш? Кажи нешто подетално ако не те мрзи... :)
Дуд, ај прочитај ми го коментарот уште еднаш и ќе си го најдеш одговорот. Сигурно не ме тераа да везам гоблен. Џизас. :)
--- надополнето: Aug 18, 2011 9:31 PM ---
Еве од каде е главниот извор за приказната.
Се потресов у пм. Жална приказна. Мамето бугарско да им еам. (Асид прва опомена нека ми е, ама не можев да се воздржам)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom