Jaс само можам да го пофалам тимот вечерва, одлично одиграа и ја заслужија победата. Само благодарејќи на факторот среќа Барселона од Бернабе си замина со нерешено.
Значи го поминуваат центарот два пати ни даваат два гола, па и какви голови... Рамос не даде Виља да го помине, дури и не му остави и некој простор за шут. Виља ја опали топката без да виде каде стои Икер. Секако дека ова му е специјалност и дека е мајстор во тоа, но овие удари ретко се случуваат, уште 10 пати така да проба нема да ја шутне како за голот. Слично нешто и за вториот гол на Меси..
Од играчите, Каљехон може да се пофали, солидно ја одигра својата задача, не се изгуби, ваљда ќе биде нешто повеќе од Педро Леон.. Пепе повторно по старата песна, можеше повторно да го заврши натпреварот порано, факт е дека оваа Барса му има набиено комплекс. Мада и Алвес и Маскерано добро си ја извршуваа својата стандардна улога... Контрао боговски одигра, имаше и продори и пасеви, одзема многу топки, по гледање подобар и од Ди Мариа и од Марсело.
Судењето.. Се на се солидно како за во финале на супер-куп, не ми беше ни една од спорните ситуации за пенал, воглавно добро ја држеше контролата на мечот.
Ете, тоа е тоа на кратко.. На Камп Ноу може да очекуваме се, има оваа екипа предиспозиции да освои пехар и на Камп Ноу. Само нешто ме јебе, а тоа е дека немам чувство дека Барса во овој натпревар влезе со 100% сила, некако изгледаа како да играат пријателски натпревар, и сето тоа изгледаше потценувачки од нив. Тоа ми го смалува тој впечаток на супериорноста на Реал, но се ќе дознаеме во среда..