Хамбургерот од „Седмица“ си иба мамата

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Да ве прашам ова Road House-ов што кажува? :) Гледам многу фалење, ама богами 700 грама плескавица, со 1 тон печурки и 3 кила помфрит сам не би изел ни за 10 години хахах... да ја делиме таа 4ца таман би било? Некој што јадел нека се јави, ми се напраи мераков у 5 сабајле што ми требаше да отворам у темава да буричкам кај што не треба ццц мњам мњам :)

кажува - затворено!

инаку мислам дека во прилеп имаат најдобра скара и сендвичи ..
да седнеш и да се најадеш како човек
а не во скопјево наше јади јади и пак ненајадена .. а квалитет нула
леб од пред 5 дена и третокласно месо (n)
особено седмица .. навистина пропадна(n)
а и вили не е ништо подобро
....според мене....
 
130 денара ејјј???Луѓе пари се тоа???
Ќе направам еден осврт иако може некој ќе каже реклама ама одговорно тврдам дека неам ништо со луѓето таму.
Во седмица сум бил милион пати и хамбургерот е факт дека има само една плескавица (искрено ништо посебно) и компири.Збориме за 130денара дадени од џебот.
За 70 или 80 денара во една друга сендвичара во Кисела вода се вика Каспер што не е извикана како оваа погоре плескавицата мириса на скара,лепчето го потпекуваат на жар со масло и му ставаат вегета (што добива неверојатен вкус) и за компирите и салатите немам зборови.
Се сложувам од погоре наведените и за Вили дека навистина се вкусни (иако рака на срце и кај нив цените се малце поголеми) но пак веќе кога плаќаш скапо сакаш да си задоволен од услугата.
 
Иако сум од Скопје али кога бев во Прилеп Таков хамбургер нема ни во 7 нит во други за разлика од Прилеп и Скопје хамбургерот во Прилеп е многу повкусен и за разлика од цените е многу подобар ако во Скопје земеш хамбургер од 80 ден и притоа добиеш само плескавица која едвај има 80 гр. и едно лепче кое од вчера во Прилеп имам заприметено дека на хамбургерот лепчето е денешно а плескавица 100 гр. Иако во 7 едноставно бев пред некој ден и за тие пари 130 ден не влегувам повеќе. ТОТАЛНО ПРОМАШУВАЊЕ !!!

Од прилеп да не си? :)

Јади КОМБИНИРАН СО СЛАНИНА, и кажи ми каде има таков вкус на друго место во државава. А за цени, нормално дека не можеш да споредуваш, два различни градови се.
 
Не сум од прилеп извини !!! Само си кажав свое мислење.
 
Не сум од прилеп извини !!! Само си кажав свое мислење.

Те навредив ли? Само прашувам, смајли има на крајот :) Зашто знам многу такви луѓе од други градови, на кои ништо не им е убаво од 7ца САМО ЗАТОА ШТО Е ВО СКОПЈЕ, па да си прашам :) Исто е и со СКОПСКО пиво, не го сакаат затоа што НИВНОТО е поубаво (или поточно, не чини затоа што е скопско)

И пак, без навреда де. :)
 
Не сум од прилеп извини !!! Само си кажав свое мислење.

Грешни споредби правиш. Неможи скара од фаст фуд да споредуваш со скара од кафана. 7ка е фаст фуд и ако ја споредиш со било кој фаст фуд од Прилеп, никој не им е рамен, пошто сите се катастрофа.
Ама во кафаните, скарата е незаменлива и неспоредлива.
 
Даре, со кое право го нарекуваш ова хамбургер веќе? :D Помија не му е рамна, немам јадено од седмица од фебруари негде и не жалам воопшто.

Лебот сув, желудникот ме боли после хамбургерот од тоа сојата, штедат на кечап и мајонез, уште да ти наплаќаат и за вилушката фали.
--- надополнето: Jun 2, 2011 9:39 PM ---
П.С.

Чисто да ви доловам во Road House каков хамбургер се служи со 700 грама плескавица :D

252695_2042740755772_1461933046_32300988_7754981_n.jpg


http://www.facebook.com/media/set/?set=a.188881404494930.43910.174848379231566

Кај се наоѓа сендвичарава? и колку пари е порцијава?
 

Мандрак мислам имаше пишано, нешто газдата го фатиле будалите, се спречкал со моторџиите и ја затворил, ко за инат демек, така нешто. Само знам дека ептен глупа била причината за затварање :tapp:
 
Ај бе може како му причукале да ја затвори може така пак ќе ја отвори. Инаку немам јадено таму ама порцииве изгледаат ненормално вкусно.

Он топик-незнам дали комбинираниот со сланина од 7-ца уште "се држи" утре ќе му дадам шанса.
 
Ај бе може како му причукале да ја затвори може така пак ќе ја отвори. Инаку немам јадено таму ама порцииве изгледаат ненормално вкусно.

Он топик-незнам дали комбинираниот со сланина од 7-ца уште "се држи" утре ќе му дадам шанса.
И јас ке одам утре, додека сум во Македонија да земам еден комбиниран, иначе добар е сеуште.
 
Од прилеп да не си? :)

Јади КОМБИНИРАН СО СЛАНИНА, и кажи ми каде има таков вкус на друго место во државава. А за цени, нормално дека не можеш да споредуваш, два различни градови се.

Коруне тебе ти е феноменален тој комбинираниот, јас кога земав (зашо ти го отекуеш со него секаде :P); изедов до пола и го фрлив. Многу монотон вкус ми имаше, некако тешко за јадење, поготово на потопло време.

True story, се е до вкусовите ваљда. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom