MAN 460 TGA XXL 1/24 размер

  • Креатор на темата Креатор на темата zocc
  • Време на започнување Време на започнување

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Еве конечно ја сликав макетата од камионот, значи во размер 1/.24 (колку кола од 1/18 размер) од Italeri. Има околу 300 дела и многу детали, многу идентичен на вистинскиот модел (1/1). Стигнат сум скоро до пола со работата и споро оди зошто треба многу концентрација и претпазливост. А за шемата за составување да не зборувам, страните се како на "Нова македонија" што беа на времето :LOL:

Тука имам да дофарбам некои делови и детали на шасијата и ентериерот ама некои бои ми фалат па чекам да ми стигнат :place: А кога ке го завршам овој, ме чека ова:

Renault Magnum 480 со многу повеке детали и делови од Man-от. :vozbud:
 
Епа ајде аирлија работата нека ти е
 
Зоцц, кај ги наоѓаш овие??? КАко да се договориме да ми склопиш една Сканија???
 
Колку пари чинат вакви макети да се нарачаат, доста интересно изгледаат
 
Зоцц, кај ги наоѓаш овие??? КАко да се договориме да ми склопиш една Сканија???
Вака овие ги наоѓам преку интернет од странство, кај нас ги нема. Е сега цената им е малку солена од 50-80 долари, ама може да најдеш на e-bay евтини пари. Моментално имам од Revell и Italeri и или се размер 1/24 или 1/25, имаат неверојатни детали како вистинските камиони. Ке видиш кога ке го завршам.

За да ти направам, ти купи ја па ке се договориме, нема гајле. :D
--- надополнето: Aug 14, 2011 12:48 PM ---
Колку пари чинат вакви макети да се нарачаат, доста интересно изгледаат
Од 50-80 долари од прилика, види на e-bay за поевтино.
 
Моментално работам на налепниците (water slide) и "смрт" се за местење :tapp:

Ке ставам уште слики кога ке го завршам тој дел.
 
Пошто сум ептен лаик за овие работи ме интересира дали деловите се на натакнување со осигурачи или има некој штрафчиња?
 
Пошто сум ептен лаик за овие работи ме интересира дали деловите се на натакнување со осигурачи или има некој штрафчиња?

Јас еднаш правев макета на Т-72 тенк... со натакнување се,ама мора и лепак да користиш :)
 
Пошто сум ептен лаик за овие работи ме интересира дали деловите се на натакнување со осигурачи или има некој штрафчиња?
Еве Спенсер ти одговори :)
 
Бојата е закон! Само ќе внимаваш на крајното склопување да не ти потечува лепак, инаку вака изгледа супер. На јастуците на шасијата се останати делчиња од леењето, тие мораш да ги исшмирглаш и ако ги има на други места.
 
У П. М. да иде, не сум ги видел тие на јастуците, не знам како сум ги промашил. Ништо сеа не можам да ги извадам, залепени се. Фала Џип и да знам дека се сечат тие ама мала деконцентрација и ете ти. :mad:
 
Не прашувај како знам дека не треба да ги има :D Кога го правев миг-от одма се фрлив на склопување, и после изгледаше толку лошо што не го ни завршив...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom