^ Епа затоа ние сме такви какви што сме,што се однесува до тебе можеш слободно да не напуштиш и да си ја бараш својата татковина чим овде не ти е.
Неможам да разберам некои луѓе...
Пријател, ова ти е грешка. Не сме ние такви какви што сме затоа што огромен дел од луѓето сакаат да си одат од Македонија и не чувствуваат дека Македонија ги задолжила на некој начин.
Ние сме за никаде затоа што организираниот криминал не гуши и систематски не уништува.
До толку се осиромашува секој дел од општеството што единствениот начин да добиеш дел од тоа што би требало да ти припаѓа како граѓанин на оваа држава е да станеш дел од проблемот т.е да го заобиколиш законот.
Тие кои што треба да се борат против организираниот криминал се борат само против противничката багра затоа што и самите „цицаат“ пари. Дури и покрај тоа што е очигледно дека „борците против организираниот криминал“ се всушност негови предводници се уште успеваат да ја задржат власта. Кога едните ќе паднат другите доаѓаат на власт ама ефектот за обичниот граѓанин е ист.
Тоа е така затоа што просечен млад македонец колку и да сака да влијее не може.
Се додека огромен дел од населението во Македонија има ќар од моменталната ситуација, а уште поголем дел е необразовано рурално население кое се колне на верност на една партија и навива за неа како за фудбалски тим дури и кога заради одлуките губи се за што работел цел живот.
Квази патриотизмот со паролата “Ќе трпиме и сиромаштија и беда само Македонија да ја одбаниме“ ја пропагираат луѓе кои никогаш не трпат за ништо, а ја прифаќаат луѓе кои без разлика дали ние ќе бидеме богата или сиромашна држава тие секако ќе бидат сиромашни затоа што се, неретко не по нивна вина, неспособни да се снајдат во едно капиталистичко општество. Ја прифаќаат таа идеја затоа што се тешат дека така проблемот не е до нив и нивната способност.
Проблемот кај нас не може да се реши со ништо освен со време и тоа многу време.
Затоа никогаш, ни на крај памет нема да ми падне да обвинам некого што сака да ја напушти Македонија и да проба да си ги оствари соништата во странство. Никој не е до толку должен на својата татковина да си го потроши животот залудно чекајќи подобри времиња кои може да не дојдат дур е жив.