Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

Кој е вашиот избор?

  • Вкупно гласачи
    360
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Епа затоа ние сме такви какви што сме,што се однесува до тебе можеш слободно да не напуштиш и да си ја бараш својата татковина чим овде не ти е.
Неможам да разберам некои луѓе...
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
^ Епа затоа ние сме такви какви што сме,што се однесува до тебе можеш слободно да не напуштиш и да си ја бараш својата татковина чим овде не ти е.
Неможам да разберам некои луѓе...
зошто се трудиш да ги разбереш????
батали ги- не се вредни ни за коментар
поготово еден од форумов-
тој е .....:sick:

еве го “личниот“:pos:
Надвор секакоо!!
ништо нема во оваа посрана држава
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
^ Епа затоа ние сме такви какви што сме,што се однесува до тебе можеш слободно да не напуштиш и да си ја бараш својата татковина чим овде не ти е.
Неможам да разберам некои луѓе...
Пријател, ова ти е грешка. Не сме ние такви какви што сме затоа што огромен дел од луѓето сакаат да си одат од Македонија и не чувствуваат дека Македонија ги задолжила на некој начин.

Ние сме за никаде затоа што организираниот криминал не гуши и систематски не уништува.

До толку се осиромашува секој дел од општеството што единствениот начин да добиеш дел од тоа што би требало да ти припаѓа како граѓанин на оваа држава е да станеш дел од проблемот т.е да го заобиколиш законот.

Тие кои што треба да се борат против организираниот криминал се борат само против противничката багра затоа што и самите „цицаат“ пари. Дури и покрај тоа што е очигледно дека „борците против организираниот криминал“ се всушност негови предводници се уште успеваат да ја задржат власта. Кога едните ќе паднат другите доаѓаат на власт ама ефектот за обичниот граѓанин е ист.

Тоа е така затоа што просечен млад македонец колку и да сака да влијее не може.

Се додека огромен дел од населението во Македонија има ќар од моменталната ситуација, а уште поголем дел е необразовано рурално население кое се колне на верност на една партија и навива за неа како за фудбалски тим дури и кога заради одлуките губи се за што работел цел живот.

Квази патриотизмот со паролата “Ќе трпиме и сиромаштија и беда само Македонија да ја одбаниме“ ја пропагираат луѓе кои никогаш не трпат за ништо, а ја прифаќаат луѓе кои без разлика дали ние ќе бидеме богата или сиромашна држава тие секако ќе бидат сиромашни затоа што се, неретко не по нивна вина, неспособни да се снајдат во едно капиталистичко општество. Ја прифаќаат таа идеја затоа што се тешат дека така проблемот не е до нив и нивната способност.

Проблемот кај нас не може да се реши со ништо освен со време и тоа многу време.

Затоа никогаш, ни на крај памет нема да ми падне да обвинам некого што сака да ја напушти Македонија и да проба да си ги оствари соништата во странство. Никој не е до толку должен на својата татковина да си го потроши животот залудно чекајќи подобри времиња кои може да не дојдат дур е жив.
 
T

Tetro

Гостин
^ Епа затоа ние сме такви какви што сме,што се однесува до тебе можеш слободно да не напуштиш и да си ја бараш својата татковина чим овде не ти е.
Неможам да разберам некои луѓе...
А ти за голем патриот се сметаш?
Па како може да се сметаш себеси за патриот, а да не си го сакаш сопствениот народ?

За срамота. :noze:
 
Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Странство, добро платена работа, многу пари...
Парите го вртат светот,парите го прават животот подобар отсекогаш сум сакал да живеам некаде настрана и да имам поголема финансиска моќ од она што ја имам во моментов.Без размислување,веднаш би заминал во странство.Не би се вратил во македонија, можеби еднаш годишно неколку дена во охрид на одмор..Само штета желбите и реалноста се две различни работи..
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
А ти за голем патриот се сметаш?
Па како може да се сметаш себеси за патриот, а да не си го сакаш сопствениот народ?

За срамота. :noze:
Кој спомна дека не го сакам народот,колку и да кажувате приказни,за мене и кој знае што да имам,ако не сум овде џабе.Секако привремени работи,шеткања се добредојдени.
 
T

Tetro

Гостин
Кој спомна дека не го сакам народот
Затоа ти го задебелив тој дел
^ Епа затоа ние сме такви какви што сме,што се однесува до тебе можеш слободно да не напуштиш и да си ја бараш својата татковина чим овде не ти е.
Неможам да разберам некои луѓе...
Слабо некако ти оди на тоа поле, гледам.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
^ Епа затоа ние сме такви какви што сме,што се однесува до тебе можеш слободно да не напуштиш и да си ја бараш својата татковина чим овде не ти е.
Неможам да разберам некои луѓе...
а кај прочита дека не ми е? :icon_lol:
реков дека планетата земја ми е татковина а македонија некако се нашла таму

другарче, татковина ми е онаа земја која што ќе направи да се чувствувам како да припаѓам таму, да се чувствувам добредојдена, да имам доволно за живот и за мојата пасија - шетање ...
носталгијата по грутка земја - наречена македонска почва кај мене не постои, ама затоа ми фалеа пријателите, лиснатите од локалната пекара, кафињата со пријателите, ноќните седенки ... дечко ми

и знаеш што
колку и да работат македонците надвор, кога ќе се вратат во мк се луксузираат
признај дека лиги ти течат по нивните мерцедеси, ауди и слично
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Не ми течат лиги по мерцедесите си имам јас мерцедес мој,со овдешни пари сработан.
Зашто мислиш во сите земји мед и млеко течи само овде не.Во сите земји сите можат да си дозволат мерцедес,ауди??Така се создадени луѓето,секој со својот кисмет,кога прстиве од ракава ќе бидат еднакви тогаш сите луѓе ќе бидат и ќе имаат исто.
 
добро бе, ти не лачиш плунка
ама 80% од народот се лигави ;)

ние сме чуден народ
да му умре козата на комшијата добро не опишува
ако некој сака да оди надвор, одма прашањето зошто да оди? седи си тука подобро, ем ќе имаш помалку од мене ем ќе си бидеш во татковината
никој не сака другиот да го види подобар
затоа сите викаат, абе седи си ти во мк, надвор не е мед и млеко.
сум била, сум видела и пак ќе одам
поздрав(y)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Јас ќе седам кај што ми е најубаво,сигурно за џабе не ја одбирам оваа варијанта.И јас сум видел,а тебе никој не те запира,слободен ти е патот.;)
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
^ Не ми течат лиги по мерцедесите си имам јас мерцедес мој,со овдешни пари сработан.
Зашто мислиш во сите земји мед и млеко течи само овде не.Во сите земји сите можат да си дозволат мерцедес,ауди??Така се создадени луѓето,секој со својот кисмет,кога прстиве од ракава ќе бидат еднакви тогаш сите луѓе ќе бидат и ќе имаат исто.
еве како и колку ЕУропејците заработуваат во странство- неверојатни 3 евра од час земаат- јааааааааааака пара :pos:
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,14997142,00.html
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Јас би одбрал пола во пари пола во татковина... од двете по малце
 
MK_Devojce

I simply don't care...
Член од
2 август 2009
Мислења
468
Поени од реакции
162
Порано бев решена дека никако нема да заминам во странство, дека ми е доволна една просечна плата за нормален живот во родното место и покрај најблиските, но сега сфатив дека не вреди да се остане тука, не поради пари, туку поради менталитетот на народот. Во странство барем ќе живееш како што сакаш, нема никој да се замара да ти гледа во раце, да го следи секој твој чекор и постојано да слушаш секакви муабети и озборувања. Тука колку си поуспешен толку повеќе ти завидуваат и те гледаат со други очи (те мразат) , не дека се замарам со тоа кој што рекол ама сепак не сакам некои прости необразовани луѓе кои немаат што да прават во животот да ми гледаат во раце.

Би заминала во странство со цел да се усовршувам во кариерата, во тоа што го учам и би се пробала таму, а не по секоја цена како што најголем дел од нашинците одат таму, па макар и цел живот лозје да копаат, или да чуваат стари баби и дедовци и да бришат г****. Во тој случај макар овде ќе садам тутун или било ќе работам што ама не се понижувам на тој начин.
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.611
Поени од реакции
2.234
Ако шиптариве продолжат да се котат као досега нема да бираме „Странство, добро платена работа, многу пари“ туку ке бираме „Странство, што подалеку од дома“
 
Kajgana Shop

На врв Bottom