Фан Клуб: Челзи

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Измени во бројките на играчите,Мек Екран ја зема 20ката (претходно носена од Деко),Ромеу ја зема 6ката (претходно на Карваљо)

1. Petr Cech
2. Branislav Ivanovic
3. Ashley Cole
4. David Luiz
5. Michael Essien
6. Oriol Romeu
7. Ramires
8. Frank Lampard
9. Fernando Torres
10. Yossi Benayoun
11. Didier Drogba
12. John Mikel Obi
15. Florent Malouda
17. Jose Bosingwa
19. Paulo Ferreira
20. Josh McEachran
21. Salomon Kalou
22. Ross Turnbull
23. Daniel Sturridge
26. John Terry
33. Alex
34. Ryan Bertrand
36. Patrick van Aanholt
38. Nicolas Anelka
40. Henrique Hilario
44. Gael Kakuta
 
A

Auditore

Гостин
Уште еден ден и уште една приказна започнува, се надевам дека оваа ќе има многу посреќна завршница од минатата, се надевам дека во оваа приказана Господ повеќе ќе не чува од повреди и да не прати среќа малку и нас низ целиот тек на сезоната.
Нов менаџер, нови правила, добивме уште тројца нови играчи, но неверувам дека на тоа ќе останеме, и сите играчи се долгорочни решенија.
Да прокоментирам малку околу Боаш, уште кога дојде на првото интервју приметив дека е далеку поамбициозен и поинтелегинтен тренер од Анчелоти, доби тотална контрола од страна на Абрамович и целата багра ја контролира само тој.
Веднаш воведе нови правила, нови тренинзи кои неколку играчи ги прокоментира како одлични, дека ептен ги потсетува на Мурињо и дека тренинзите биле премногу напорни затоа што превише се работело со топка.
Јас лично верувам многу во Боаш, ова е дефинитивно long-term менаџер кој не смее да се отпушта после 1 неуспешна сезона, Андре ќе биде под голем притисок уште од стартот но како до сега се надевам дека ќе знае да се справи.

Добивме три засилувања од кои двајца веднаш ќе видиме во акција сезонава, ми се допаѓа тоа што конечно почнавме да купуваме млади фудбалери, со Андре мислам дека конечно ќе дочекаме да видиме во акција на натпревари од ПЛ, ЛШ каде играат МекЕхран, Анхолт, Бертран, Стариџ, Лукаку и други кои се гладни за успех и докажување.
Кога ќе го погледнам вака тимот и добро е избалансиран, имаме искусни играчи во тимот, лидери, во кои има уште сигурни 2-3 сезони максимум игра, кои се легенди на клубов за кој оставаат душа на терен искомибинрани со децата од кои ќе излезат големи играчи.
Според мене потребно е да се донесе уште плејмејкер(Модриќ, Хамшик, Мутињо) и да бидеме тип-топ.Ова го мислам затоа што најверојатно еден од Анхолт/Бертран ќе биде прекомандуван да игра како крило, повеќе би бил Анхолт кој има ептен офанзивни карактеристики за крило, и да не го заборавиме Пиажон кој доаѓа во јануари, најверојатно и тој би играл како крило.
И то би било то, очигледно е дека но крајов на летово повеќе трансфери и неможат да се направат, мислам на инсајд-аут, затоа што тимот мора да остане вака како што е, спремен за почеток на сезона со веќе извежбани тактики и други работи, очекувам продажба на еден од Анелка/Калу, за да може да се дава повеќе шанса на Лукаку, Стариџ.

Сума сумарум, силно верувам во нашиот менаџер Боаш, силно верувам во нашите играчи кои изгледаат прилично гладно за успех по доаѓањето на Боаш кое се надевам дека до крај ќе го покажат и на крајот на мај да дигаат пехар во раце заслужено!

One team, one love, one CHELSEA FC!
KTBFFH!
 
Член од
13 август 2011
Мислења
82
Поени од реакции
7
ауу многу сум изненаден од темава..браво .. супер !
Ја сум голем фан на Челзи :)
 
F

fantomX

Гостин
Ме интересира зошто веруваш на изјава од некој сосем трет човек, воедно и изјава која има големи шанси да воопшто не ни била кажана? И да била кажана, зошто ја исклучуваш можноста дека тој "member of his camp" не излажал со цел фановите (на пример ти) да го замразат играчот, т.е. да му наштети на самиот играч?
И тој лично има изјава како „боли што си оди од Барселона, ама Челзи можи да биди одлична шанса за мене“. Шанса за шо, да се врати во Барселона А? Лајно.
--- надополнето: Aug 13, 2011 11:25 AM ---
Дошол и Лукаку, има само една позитивна работа околу то, цената - 13 милиони фунти засега е пресметан и доволен ризик. Се останато треба да го покажи времето.
--- надополнето: Aug 13, 2011 11:34 AM ---
Стуриџ нема да игра на првите три натпревари заради црвен картон од минатава сезона, едно известување пред некој да испаничи дека сме го продале и АВБ да го испрати во аут.
 
В

Вори

Гостин
Не знам за вас али јас едвај го чекам утрешниот ден.Ќе биде заебано со тие копачите Стоук,плус прво коло е,но очекувам победа во секој случај.

Иначе пред 10 години Марио Станиќ постигнал фантастичен гол во првото коло:


Се надевам дека утре Лампард ќе им здрви приближно ваков гол и на убав начин ќе ја отвориме сезоната.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.077
Поени од реакции
2.025
или дрогба :D
иначе утре очекувам clean sheet со победа од 2-0 или 3-0
и гол на тореса :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom