- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Кој ја ''уби'' албанската мафија во САД
07.08.2011 - 17:07
Албанската мафија во САД ја предаде еден обичен поттрчко. Од прв човек на мафијашкиот бос и главен транспортер на кокаин низ САД, 30 годишниот Тани Кочарели стана прв соработник на полицијата.
Откако на 17 годишна воразст, Тани на лотарија добил исселеничка виза за во САД, не поминало многу време пред да се запознае со некои од главните албански дилери преку барата.
Како момче, Тани бил восхитен од богатството со кое располагал во тоа време главниот нарко бос Кујтим Гонџи и неговиот прв дилер Парид Ѓока. Тани бил подготвен на се, само за да биде во друштвото на овие луѓе.
За брзо време станал главен транспортер на Кокаин од Њу Јорк до Чикаго. Седнувал во воз со 50 до 100 илјади долари во џеб, одел во едниот град, купувал 20 до 30 килограми кокаин, и повторно со воз, го носел кај своите шефови. За услугата, никогаш не добивал пари. се што сакал е само да биде во друштвото на дилери.
И додека неговите шефови војувале со конкуренцијата, Тани разнесувал дрога низ САД, му ги развозувал девојките на шефот и му ги носел оделата на хемиско чистење.
Во една ситуација, Тани бил фатен од конкурентската албанска нарко мафија, која го барала неговиот шеф. Иако неколку дена бил измачуван и тепан, Тани не го предал својот ниту Гонџи ниту Ѓока. Откако сфатиле дека од него не излегува ништо , го пуштиле, по што Тани зел соба во мотел и му се јавил на Ѓока. Овој дошол, но бил предозиран со кокаин. Тани го ставил во кола и го однел во болница. Во тој момент, на младиот поттрчко му пукнал филмот.
Му го зел автомобилот на својот шеф и побегнал во Пенсилванија кај своите родители. Набрзо полицијата го уапсила, а тој се согласил да ја предаде целата мафија.
Во замена за тоа, полицијата му обезбедила работа и надоградување на образованието. Набрзо биле уапсени неговите шефови, едни од најбараните криминалци во САД.
ВИДЕО
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/koj-ja-ubi-albanskata-mafija-vo-sad
.