Глобален конфликт: крстоносните војни, балканските војни. Се на база на религиозна омраза.
--- надополнето: Aug 12, 2011 12:10 PM ---
Конфликтите секогаш се економски/територијални, но религиозната омраза често пати се јавува како главен мотиватор. Тешко е да мотивираш некој да оди во војна за пари, таквите се викаат платеници и малку се.
Минатиот век не се сеќавам, но можеби се јавил т.н. религиозен конфликт зад кој всушност стојат подлабоки причини. Еден пример за кој не знаев додека не пролистав историјата на Авганистан од минатиот век е русата (подоцна талибанската) инвазија на Авганистан. Џихадот (повик на општа борба против неверниците) е сосема оправдан од причина што СССР се јавува како окупатор, извршител на злодела (силувања, одземање имоти, црпење ресурси, убиства, стрелања...). За турците и курдите и иранците и ирачаните исто споменав...сите тие се муслимани, но биле/се во постојан конфликт.
Затоа делумно споменав дека овој вид конфликти во крајна линија се провоцираат или злоупотребуваат од одредени структури, но повторно во основа имаат свое зошто од нерелигиозни причини, а тоа е најчесто ресурси, територии или ослободителни војни. Могу повеќе загрижуваат (заради бројот на жртви, уништени економии, пропаднати цели држави) етничките геноциди и демоцидите последните векови. Од африканските конфликти, балканските војни двете светски војни и разни други конфликти низ Азија или демоцидите од Кина, СССР, Романија, источниот блок, Аргентина...
Иосоно, јас не можам да бранам ничии постапки, но ако тргнам од моите убедувања, никогаш не би убил/осакатил некого ради религија. Затоа после многу тегнења на темите за креации, науки и останато, се повлеков пошто напразно се избламирав.
Постојат и лични конфликти, но постојат конфликти македонец-македонец, православен православен, муслиман муслиман, ...да не ги редам. Таму пробав, тука истото го кажувам. не е до човекот туку до перцепцијата за добро и зло, % на подлегнување врз медиумските кампањи, степенот на лудило, нервоза, манијакалност...
Ne be drugar... eve i jas ja znam nagradata vo dzennetot pa na komsijata insAllah (ako dade Allah)za bajram Baklava ke mu odnesam a hristijanin e. Ti go perat mozokot be drugar !
Ете ме потсети...ние секој Бајрам си ја имаме таа почит со 2-3 семејства соседи муслимани...а тие за возврат кај нас на Божиќ, Великден...Но штета што тоа не одговара секому...да се сложни луѓето без оглед на вера и нација. Затоа и постојат медиумите.