Незнам како го замислуваш светот без религија, ако мислиш дека ке се базира на наука и хуманизам, тоа е колку-толку во ред ама науката ке ни открива „како“ а не и „зошто“, луѓето ќе се изгубат, религијата ги прави да се чувствуваат поважни а вака ќе бидат некое поразвиено живо суштество ќе го живее својот живот незнаејќи зошто е тука, придржувајќи се до смешната Биг Бенг теорија.
Свет без религии е возможна опција во скоро време, гледајќи колку се бескорисни и штетни религиите во светот, раст на атеизмот и поради некоја тешка економска криза религиите можат да бидат на тежок удар, не плаќат данок а се полни со пари.
Всушност и Библијата говори на таа тема, уништување на религиите од нациите, уништување на нациите од Бог и воспоставување теократија.
Така, доколку не постои Бог, тогаш или ќе постојат илјадници религии или атеизам, но ако постои тогаш бесмислено е да постојат 2 или повеќе религии или пак атеизам.
Ќе видиме што ќе донесе времето
--- надополнето: Aug 12, 2011 1:57 AM ---
Или премолчено несогласување
Неможе за толку важни работи да има толку многу разлики во ставовите. Постојано има несогласувања, секој се држи до своето. Јас сум повеќе кон она што е најисправно, најправедно, вистинско. Неможе сите да се такви, само една е.
Значи толеранција ќе има само кога ќе се избегнуваат дебати за религиозни теми, кај кои нема компромис.