Во 2013 ќе нема ревизија на Букурешкиот договор

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Д-р Александар Стојчев: Во 2013 ќе нема ревизија на Букурешкиот договор


Букурешкиот договор е конечен договор во правна смисла што ја има уште од 1913 година. Да не биде разочарување, ниту обесхрабрување, но не постои член - ниту во официјалниот дел, ниту во протоколарниот, ниту пак во тајните анекси на договорот во кои се зборува за временско траење од 100 години по кои би следувала негова ревизија. Нема правен субјект – којшто би го покренал тоа прашање. Македонија немала во тоа време претставници кои би присуствувале на потпишувањето на овој историски договор.​
Во Интервју за Канал 5 историчарот Александар Стојчев зборува за Букурешкиот договор од 1913 година. Колкави се шансите за две години, кога ќе се навршат 100 години од потпишувањето на овој договор со кој е поделена Македонија тој да биде ревидиран. Според Стојчев, не постои правен субјект кој би можел да го иницира ова прашање. Тој нагласува дека на договорот не треба да се гледа како на безвредна хартија, тоа е доказ за официјализирањето на меѓународната политика во тоа време и за односот на соседите на Македонија. Настаните од пред 98 години треба да се гледаат како историски континуитет, она што пред речиси еден век го правеле соседите на Македонија можеме да го видиме и во современи услови во Букурешт 2008 и подоцна при добивањето на датум за преговори за членство во ЕУ вели Стојчев, кој планира во септември да ја објави книгата „Букурешки договор“ која ја напишал покојниот професор Ванче Стојчев. /www.kanal5.com.mk


Целото интервју со Александар Стојчев што го направи Горан Момироски можете да го погледнете во видеото.


http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=78735
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.447
Иако ама баш на сите им е јасно дека ревизијата на Букурешкиот договор е бесмислица, признај дека сепак се навлажни читајќи го интервјуто!
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Ми се смееше кога некои толку убедено веруваа дека Грција ќе ти го врати Солун :) Не се криви тие , криви се некои други на кои им е дадено медиумски простор , а јас би им дал овци да водат, но добро вели нихилиста , многу овци има во оваа држава, изгледа на добро место се овие ликови.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Као не знаевме дека се глупости тоа со ревизија :D
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Конечно некој да каже како што е. Бајката за 100 години ревизија е само бајка.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.810
Поени од реакции
1.561
Па што мислиш ти?? Лажниот патриотизам на Грујо ќе трае вечно..?
на Грујо и на Бранко татко му и дедо му му го оставија името па да си играт со него? Нека се прекрст они
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
LOL а кој уопште го измисли овој мит, дека договорот ќе биде ревидиран. Гледам дека стана многу популарен аргумент меѓу " патриотите " во врска со тоа како да се терала меѓународната политика. Па и уште бев убедуван дека само уште две години да се почека за да се ревидира па после ќе видиме што ќе правиме.

А нели овој историчаров беше тој што прв ја извади оваа глупсот у јавност, или сум грешка?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Jas ne znam dali voopsto nekoj navistina pomislil deka kj eima revizija na Bukureskiot dogovor:tapp:

Toj e potpisan od strana na zemjite pobednicki vo taa vojna: Srbija, Bugarija, Albanija, Crna Gora, ROmanija i Grcija, I osmanliskata Imperija od druga strana kako porazena zemja. Francija e zemjata koja e "sudija", supervizor odnosno verfikator na ovoj dogovor.

VAKOV DOGOVOR PODLEZI NA REVIZIJA SAMO VO SLUCAJ AKO EDNA OD ZEMJITE POTPISNICKI POBARA NEGOVA REVIZIJA.

Prasanjeto e koja od ovie navedeni zemji bi pobarala revizija? Toa e ramno na nevozmozen nastan.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Не е точно дека Миленко или кој било друг рекол дека во 2013 ќе има ревизија на Букурешкиот договор.Колку што се сеќавам на таа емисија во која беше гостин покојниот Ванче Стојчев баш тој децидно кажува дека договорот нема рок на траење и дека не постои таков анекс каде што по 100 години треба да се стави на ревизија.Инаку Ванче Стојчев беше најголемиот познавач на Македонската воена историја.Еве ви и линк од видеото - негде 1:04:00.

http://video.google.com/videoplay?docid=1252054882689285712

Еве гледам некои ептен се израдуваа на демек "новоста".

Сега уште А1 да ги имаше ќе беше "Детска радост" :D
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.830
Поени од реакции
2.922
барем светот да увиди дека постоело македонија и беше спречена македонија да учествува и да спротивстави букурешкиот договор па затоа познати македонски револуционери се убиени за да не оди во букурешт и мислам дека нема да наштети на македонија туку баш напротив ќе биде штета на учесници на букурешкиот договор вклучувајќи и франција и англија па затоа тие упорно ни тераа да смениме името и ја подржува грција тие знаат многу добро;)
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Ќе нема ревизија на договорот од Букурешт во 2013?!!!

Леле каква шокирачка вест, не можев од првпат да поверувам, трипати ја прочитав и трипати паднав од столчево. Па јас за пиринот и егејот живеам бе луѓе, тие леб ми даваат, тие проблемите ми ги решаваат...

Нема више живот за мене, не вреди да го живеам.

Да го ставам јажето околу врат или можда ако не во 2013 во 2015 ќе има ревизија? :vozbud:
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Штета што А Један не работи па да се влажнат малку на оваа вест која е позната многу одамна. Но служеше добро за јачање на егото :icon_lol:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Jas ne znam dali voopsto nekoj navistina pomislil deka kj eima revizija na Bukureskiot dogovor:tapp:

Toj e potpisan od strana na zemjite pobednicki vo taa vojna: Srbija, Bugarija, Albanija, Crna Gora, ROmanija i Grcija, I osmanliskata Imperija od druga strana kako porazena zemja. Francija e zemjata koja e "sudija", supervizor odnosno verfikator na ovoj dogovor.

VAKOV DOGOVOR PODLEZI NA REVIZIJA SAMO VO SLUCAJ AKO EDNA OD ZEMJITE POTPISNICKI POBARA NEGOVA REVIZIJA.

Prasanjeto e koja od ovie navedeni zemji bi pobarala revizija? Toa e ramno na nevozmozen nastan.
Тотално грешиш. Во таква комбинациja е Лондонскиот мировен договор,а не Букурешкиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom