- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
Турските производители на оружје целат на Блискиот Исток
Tурција е заинтересирана да го додаде извозот на оружје како компонента на својата дипломатска и економска политика.
Раздвижената турска домашна индустрија за оружје е заинтересирана за лукративниот блискоисточен извозен пазар. Засега извозот на оружје во регионот е ограничен, но амбициите на турскиот приватен сектор да стане главен извозник на оружје може да имаат геополитички и стратешки последници.
АКП го направи развојот на домашната одбранбена индустрија на земјата национален приоритет и започна политика за зголемување на владините инвестиции во локалните истражувачки и развојни трошоци во 2004 година. Стратегијата се чини дека се исплатеше -- Турција извезе оружје во вредност од скоро една милијарда американски долари во 2010 година, скок од 200 милиони американски долари во споредба со раните 2000-ти.
Премиерот Реџеп Тајип Ердоган водеше кампања за трансформирањето на Анкара во центар на одбранбената индустрија. Амбициозното централно место во неговата политика го има решеноста на АКП да произведе најсовремена воена опрема -- борбени авиони, хеликоптери и беспилотни летала -- кои потоа може да се продадат во странство.
Според Бирол Баскан од Катарскиот кампус на Универзитетот Џорџтаун, „Турција има просперитетна одбранбена индустрија и е сега во позиција да се сврти кон странските пазари. Сé подлабоките воени односи на Турција не само што ќе помогнат индустријата да се прошири уште повеќе, туку и ќе ја зголемат меката сила и влијанието на Турција во регионот“.
Анкара активно бара продлабочување на економските врски со соседите во редица области како што се туризмот, земјоделството, сточарство, производство, градежништво, здравство и транспорт. Ова е дел од едно пошироко верување дека економската меѓузависност и регионалната стабилност ќе бидат од корист за турската економска и безбедносна ситуација.
„Турција направи вистинска транзиција во модел на извозно-ориентиран економски раст, под АКП“, вели Баскан, додавајќи дека арапскиот свет и Иран се атрактивни пазари за Турција. „Конзервативната позадина на АКП помогна во добивањето пристап на овие пазари во кои доминираат американските, европските и источноазиските гиганти“, вели тој.
Сепак, воениот однос на Турција со Блискиот Исток е сé уште во зародиш и турските претпријатија се соочуваат со тешкотии натпреварувајќи се против големите извозници како Соединетите Американски Држави и европските земји. Сепак, Баскан смета дека „во следните години Турција ќе инвестира уште повеќе во овој однос“.
Примарна мотивација за продлабочување на воената соработка со земјите од Заливот е желбата да се прошири „директната и регионалната сфера на влијание, делумно за да се стане што е можно понезаменлив играч за силите надвор од регионот, како што се САД, но главно во ЕУ“, тврди Арам Нергуизиан, визитинг-сорабоник за стратегија во Центарот за стратешка и меѓународна безбедност.
„Ако Турција може да ја консолидира својата улога и водство на Блискиот Исток, тоа ќе ј наметне на ЕУ задолжителна причина да го разгледа пристапувањето на Турција во ЕУ. Земјите од Блискиот Исток, од друга страна, ќе може да размислат за зголемена улога на новиот сунитски бедем во регионот, потенцијално против шиитскиот Иран“, вели тој.
Баскан не се согласува, тврдејќи дека: „Турција има свои причини што се вклучува во Блискиот Исток и не изгледа како многу да се грижи за тоа како САД и ЕУ гледаат на подлабоките односи на Турција со Блискиот Исток“.
Сепак, превирањата што го зафатија регионот може да ги усложнат напорите на Анкара да се пробие на блискоисточниот пазар. Обновувањето на односите на Турција со Сирија ги средува нештата и бизнис интересот на турските претприемачи се чини дека спласнува. Во меѓувреме, лошите односи со Израел -- значаен производител на оружје -- влијаеја на воената соработка на земјите.
Според Нергуизиан, настаните што се случуваат на Блискиот Исток оставаат „многу неодговорени прашања за тоа како ќе изгледа улогата на Турција во време кога конзервативните арапски монарси се толку фокусирани на внатрешната стабилност и взаемното преживување“.
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/08/09/feature-02