Моето искуство со Колектива и Бисер Пром

  • Креатор на темата Креатор на темата bebush
  • Време на започнување Време на започнување
Екскурзиите во средно?

Многу точно :) Е сега ако споиш колку плаќавме ние и во какви хотели не носеа а Борис колку плаќаа и во какви хотели беа..... :) А и бонус ако ти текне во чија сопственост е агенцијава ќе го добиеш одговорот на несериозноста.
 
Многу точно :) Е сега ако споиш колку плаќавме ние и во какви хотели не носеа а Борис колку плаќаа и во какви хотели беа..... :) А и бонус ако ти текне во чија сопственост е агенцијава ќе го добиеш одговорот на несериозноста.
Е не ми текнува во чија сопственост е нажалост.Али добро ми се вратија сеќавањата кога не оставија во Прага на плоштадот да мрзнеме ко ментални додека ги чекавме 3ипол саата
 
Оф, оф... значи ова е пракса на Лопов Пром, овај Локал Пром. А кој е сопственик !?
 
Оф, оф... значи ова е пракса на Лопов Пром, овај Локал Пром. А кој е сопственик !?

Сестрата на директорката од нашето средно кај што завршивме.
 
Ја читав приказната на новинарката на фејсбук... ти што ги нудат попустите треба да гледате се ги има помалопродажните агенции кои немаат многу продажби а се желни да заработат. Бугарија е земја во која се краде, па ако си наивен ќе те искрадат до последниот цент.
Значи се ги гледам агенциите како Јупитер, Травел пром..... итн
Каде оние агенции со високи квалификации што преку цела година даваат одлични аранжмани, ги нема нели
Каде се фибула, киниси, аурора... им мириса на мрсно зш знаат дека треба да одвојат од парите за Колектива, Групер... итн.
Затоа подобро луѓе одете си приватно без агенции и триста проблеми. Сигурно си е сигурно
 
Мартина, си била со Бисер пром до Прага? Па шо не се пофалиш бе :)
 
Мими распали со сета сила! Додека не го раскажеш насекаде не прекинувај. Оштета не е само финансиска во случајов, можете да го тужите по милион точки,консултирајте се со добар адвокат има да го расцепи.
 
Ах , Бисер Пром .
Тие епски минати часови во автобус, платени посети за ствари на кој не бевме поради каснење на шоферот, сместување во хотели кој не вредат за парите.

Колектива е оштетена од Бисер Пром , покрај тие што го купиле ваучерот. Стварно непрофесионална агенција.

Несакам да изигрувам демотиватор но... Бисер Пром е една од фирмите која е над законот.
Знаете, од оние со пријателчиња на високи позиции.
 
Кога лончињата ќе стивнат

Бидејки Жерновски не’ врати денес во реалност со еден фејбук статус ќе бидеме сосема кратки, и поворно ќе направиме грешка.
На почеток неколку бројки, Колектива работи шест месеци и некој ден, дел е Rebate мрежата која оперира во 34 земји над 400 градови а во поширок контекст во уште 100 други земји во светот.
Вистина е дека сме млада туристичка агенција но секое работно место е твинувано со уште минимум 50-70 низ светот 24 часа преку yammer и skype . Викаат дека сме биле помеѓу трите најголеми играчи во светот на овој бизнис. Во Македонија имаме над 11000 корисници на наши услуги и над 1000 на нашите туристички аранжмани. Имаме украден домеин и рекет од време на време.
Вистина е дека нашиот ценет купувач уплатил аранжман со своето друштво преку нашата агенција. Вистина е дека тој аранжман е во хотел Дева, за истиот аранжман како туристичка агенција имаме потпишано договор. Вистина е дека наместо во хотелот за кој уплатиле биле префрлени со своја согласност а без наше знаење во друг соодветен хотел. Вистина е дека таму супер и си поминале гледајки по сликите на социјалните мрежи.
Вистина е дека за ова разбравме од веб страната каде нашиот клиент работи како уредник, и овој ист коментар беше ставен во вид на колумна и беше микс од три личности: нашиот клиент, новинар и уредник. Тоа е исто како полицајците кои сонуваат за приватни раскрсници. Исто така е вистина дека превозот преку Бисер Пром е купен на наш предлог но по сопствен избор на патниците и за жал тука не можеме никако да им помогнеме ниту да им одговориме.
Вистина е дека ни е нанесена енормна штета. Но тоа е тоа.
Е сега малку за правата и обврските.Во моментот кога пристигнале во хотелот требале само да не известат бидејки аранжманот за хотелот е уплатен преку нас и тоа стои во договорот. Наместо тоа со самото пристигање и влегување во облигации со Хотелот и преместување во друг хотел, знаејки или не двете страни не исклучија и создадоа друг облигационен однос.
Одморот поминал и ние дознаваме преку колумна. Веднаш стапивме во контакт да видиме што е работата, имавме и заеднички кафе состанок и ветивме дека до понеделник ќе го решиме случајот.
Се консултиравме со нашиот адвокат и регионалната правна служба и ни беше кажано дека клиентот со претходните дејства го прекршил договорот и сме 100% чисти. Но сепак мора да се упати приговор и да постапиме по него.
На состанокот од пријателот на нашиот клиент Саше доблесен и чесен правник ни беше упатена забелешка дека ова може да не уништи како агенција. Таа забелешка беше причина по состанокот со нашите инвеститори да ни дозволат да им поклониме на сите четворица нов аранжман во ист износ и/или материјална надокнада во износ на аранжманот зошто народски кажано ни ги отворија очите и се спречи натамошна штета во целата мрежа.
За тоа ќе си платиме дупло данок зошто е подарок.
За се ова е известен нашиот клиент колумнист телефонски, и по електронска пошта. Од неа беше побарано само да ги следи правните процедури: приговор, договор за поклон итн, а потоа и да се извини доколку може зошто и самата е свесна за грешката.
Супер завршеток нели.НО...
Најпрвин се продолжи со клевети и селектирани коментари па се бараше дупла рефундација, па малку рекет и закани дека на ред е објава во Фокус, па повикување на линч, па недозволено објавување на електронска пошта а последниве две се кривични дела плус гратис клевета.
До овој момент, сума сумарум, никакво постапување по договорот, никакви добри намери и многу штета по нас.
Бидејки и овој наш предлог не се прифати а штетата продолжува, ќе мора да ги известиме надлежните органи за што во меѓувреме прибравме докази.
НО. Бидејки сме тотално различни од сите во овој бизнис патем единствени легални, правото на подарок ќе го пренесеме во целост на некоја институција за згрижување на деца како што направивме во неколку наврати. Зошто за се’ треба Bona Fides а не Greca Fides.
Со почит ТА Колектива

Колектива нет ДООЕЛ Скопје
Рајко Жинзифов 44/1, 1000 Скопје
ДБ: 4058010505626
Жиро сметка: 210066081750109 Тутунска Банка
Колектива Нет поседува А Лиценца за вршење на комплетна туристичка дејност издадена од Министерството за Економија на Република Македонија заверена во Регистарот под бр. 476.
 
Секогаш е подобро да се разговара за проблемите и да се учи од грешките.
Верувам дека Мими и пријателите поминале навистина незаборавен одмор (во негативна смисла), но го ценам и одговорот од Колектива, зошто секогаш треба да се ислушаат двете страни.

Го преименувам насловот на темата од „Патувајте - Сонувајте со Колектива. Сонувајте кошмари!“ во „Моето искуство со Колектива и Бисер Пром“.
 
Мене искрено многу ми гајле дали има А или Ш лиценца или нема лиценца, искуството што се има доживеано ме интересира. Затоа што на пример после одмор мене лично не ми требаат поклони тужби по судови рефундирања. Така да колектива со шест месеци работно искуство не фала излет во природа нејќам да ми организирате, а пак не превоз по ваш предлог а по мој избор :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom