Не реков дека ти верувам, само наведов некои сличности кои се повторуваат кај повеќе случаи.
Тоа со ветрето може да се објасни со икс причини, ама и не мора да е дел од рационално објаснување, по кое веднаш би посегнале скептиците.
Има луѓе у државава (а и по светов) кои тврдат дека можат да почувствуваат вакви феномени.
И има исто така луѓе кои си имаат големи проблеми со ваквите феноммени, само не сакаат тоа да го пренагласуваат во јавност.
Ти, изглеа немаш проблеми во секојдневниот живот со вакви нешта. Да имаше, немаше по форуми да губиш време, верувај.
Има и некои ситни нешта кои понекогаш помагаат да се тргнат некои ситни непријатности од елементарна природа.
Ваљда тебе не ти треба помош, пошто не кажа дека нешто чудно се дешава.
Извини што сум вака недокажан во речениците, ама доволно е толку.
Треба внимателно да се пристапува кон вакви неегзактни области. Ниту скептикот отфрла се, оди накај вистината, ниту пак некој кој прифаќа се.