И токму поради тоа родителите се должни да им обезбедат на децата доволно мирно и стабилно семејство, да не мораат децата да мислат дека е подобро родителите да им се разведени, и да ги боли таквата помисла. Јас не можам да обвинам ниту едно дете, родителот го создава детето, и материјално и духовно. И ако тоа дете не ти се допаѓа какво е, треба сам себе да се прашаш ти каков си - децата се огледало на родителите.
--- надополнето: Aug 13, 2011 9:17 PM ---
Родителите се должни да се жртвуваат за децата, нема нешто посвето од дете, но љубовта меѓу родителите е сосем нешто друго, ништо не се решава ако девојчево напоменато пробува да ги раздели родителите тие ако имаат таков нарав џабе, и да се разделат она пак ќе го однесе подебелиот крај, мислиш дека се ќе се среди од кога ќе се разделат? огромна грешка, пред постот на кој ме цитираш пишав, има социјални служби кои се грижат за вакви состојби, арно ама и тука исходот не е розов, ќе ја сместат во прифатилиште или некое семејство кое згрижува, но пак ќе е подалеку, ако се разведат нејзините еден од нив ќе остане со неа, и таа повторно ќе мора да ги трпи фрустрациите разочарувањето депресијата се попратно, зар не сте свесни што се влече разводот со себе, не се решаваат така работите, има институции кои советуваат, психијатри е веќе ако не ја бива и тогаш чао пријатно, но како што кажува девојчево нив им е очигледно фетиш да се караат се водат на онаа кој се тепа тој се сака чим пак од крајот на денот пак си легнуваат заедно, она може слободно да си се пресели ако не и одговара арно ама да ги разведува ајде бе...