Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Ирелевантно каков е градот, какви се Охриѓани, дали е скапо/ефтино, дали е безбедно, дали се води сметка за хигиена, јавен ред и мир и така натаму, мене најголем проблем ми е што градот е хаотичен. На моменти помислувам дека никој не води сметка за нитуедно од погоренаведените прашања.
Инаку, Охрид е супер за одмор, само што мора локалните власти да почнат мрдаат малце со прст.

П.С. Градоначалникот на Охрид е петарда. Сељачина од епски размери.
 
У Охрид идам 3 години по ред и вакво понашање на одредени Охриѓани приметив само оваа година...значи или ви се дигна многу носот од толку многу Холанѓани(еден постар охриѓанец ми кажа дека најверојатно е до ова)со многу кеш во нив или пак си терате некој свој инает за да докажете дека несте задоволни од нас Македонците како туристи:)
 
@Ханибал

просто речено, не сте за туристи „дома“ бе чоек, никако не ви влегвит в гла дек колку пари толку музика е есапот, ќе дојте овде викенд или 7 дена и мислите дек требит на гла да му се посерите на чоека, а „домородецот“ уш фала да ви речит, ко шо се понашате овде ојте во Хрватска, Црна Гора или Албанија да се испонашате, ќе ви ги здробет ребрата и дома ќе ве вратет одма, можда ние немаме абер од туризам, ама пак вие немате абер од то шо е да си турист
 
Бај д пат
Градскиот базен официјално пуштен во употреба
icon_at_textsize.gif

Градскиот пливачки базен во склоп на СРЦ „Атина Бојаџи“ претпладнево свечено беше пуштен во употреба. Охриѓани по една деценија повторно ќе може да се разладуваат во градскиот базен.

11.jpg

Олипмискиот базен во употреба го пушти охридскиот градоначалник Александар Петрески, а симболично прв во водата заплива поранешниот светски и младински првак Александар Маленко.

12.jpg

Ревијален ватерполо меч одиграа екипите на Работнички и српскиот Бач.
© 2011 Ohridnews.com
ВИДЕО:

 
Доста бе СКопјаништа ги направивте резил Охриџаните оставете ги на мира ќе направам тема за Грците како се однесуваат со Вас па јас мислам дека и Принцот Чарлс ваков третман немет.

Имате избор чојс ис јоурс мај хорсе.
 
Ирелевантно каков е градот, какви се Охриѓани, дали е скапо/ефтино, дали е безбедно, дали се води сметка за хигиена, јавен ред и мир и така натаму, мене најголем проблем ми е што градот е хаотичен. На моменти помислувам дека никој не води сметка за нитуедно од погоренаведените прашања.
Инаку, Охрид е супер за одмор, само што мора локалните власти да почнат мрдаат малце со прст.

П.С. Градоначалникот на Охрид е петарда. Сељачина од епски размери.
pre bi rekol Mojsej go imat toj epitet posto e pasatir i vo isto vreme patriot odnosno supce nevideno prodava drzaven interes za stolce :drk:
 
pre bi rekol Mojsej go imat toj epitet posto e pasatir i vo isto vreme patriot odnosno supce nevideno prodava drzaven interes za stolce :drk:
Искрено, не те разбрав. Не знам кој ти е Мојсеј, ваљда не мислиш на оној библискиот со клесаните плочи. Како и да е, ме заболе за Мојсеј, кој и да е, моето мислење е дека градоначалникот на Охрид е персонификација на сите предрасуди и стереотипи кои постојат за Охриѓани.

П.С. Чисто како дополна еве ти го видеово ако не си го видел, па донеси си заклучок.
http://www.youtube.com/watch?v=VcAzxdQp53A&feature=related
 
Ак не ви чинит во Охрид не идајте шо да ви речам друго :P

Незнам зш ама годинава иам впечаток дека најјаките фаци од сите градој во Македонија се дојдени во Охрид,кај да се свртиш глеаш некои нафурани фаци демек работава е "Од кај ме знает тие мене шо клошар кај мене в град овде можам главен да им сум".

И шо сте запнале веќе со тие т.н. угостители баталете ги нив.Размислете малце за т.н. нарачените туристи шо сакет,да се пијанчет кај шо ќе стигнет и да дувет трева сенкир ова Амстердам е и да прает се шо ќе им прднит на памет и то шо неможет да го прает кај нив дома.

То е море шо да прајме,здравје в година поубо.:)
 
Далеку од тоа дека Охрид не е добро туристичко место, но дека Охриѓани претеруваат е факт. Едноставно се преценуваат, па езеро е во прашање бре луѓе, не море! Не може да имаат двојни тарифи - едни за Скопјани а други за сите останати и мора да научат да инвестираат во туризмот ако сакаат да им дојдат гости пак. На пример зошто да не пренаменат некои куќи да бидат само за туристи? Нека ги обележат собите со бројки, нека стават се ново, нека постават сончеви колектори за нон-стоп да има топла вода, и побогу нека се насмеат на гостинот барем еднаш макар и вештачка да е насмевката! Реално гледано да отидеш некаде на море (Егејско, Црно море) ќе те фати многу поевтино отколку во Охрид. Затоа Охриѓани таа ваша реплика „ако не ви чинит не идајте“ заборавете ја за ваше и наше добро и почнете да се трудите да ни чинит на сите!
 
! Не може да имаат двојни тарифи - едни за Скопјани а други за сите останати и мора да научат да инвестираат во туризмот ако сакаат да им дојдат гости пак.

Си бил ти во Охрид па да знајш дека двојни тарифи имат ?


Иначе гимназијалцине која гужва ја напраја на плоштад.(n)
 
Си бил ти во Охрид па да знајш дека двојни тарифи имат ?

Иначе гимназијалцине која гужва ја напраја на плоштад.(n)
Па да не сум бил во Охрид немаше да се мачам да пишувам пост на Кајгана за состојбата во Охрид.
 
Па да не сум бил во Охрид немаше да се мачам да пишувам пост на Кајгана за состојбата во Охрид.
Е многу јак пост си напишал за состојбата во Охрид.
90% од постот ти е составен од глупи и неизводливи предлози.
А она со двојната тарифа ?! dude wtf ?
 
Е многу јак пост си напишал за состојбата во Охрид.
90% од постот ти е составен од глупи и неизводливи предлози.
А она со двојната тарифа ?! dude wtf ?
Зошто се глупи и неизводливи предлози? Реалност се во соседните земји, па ако толку се бунат Охридските хотелиери дека се вршела негативна пропаганда за Охрид во Скопје тогаш нека превземат нешто освен да лупаат високи цени. И да, ти кажувам дека некои Охридски угостители на Скопјаните им наплаќаат повеќе од лично искуство, а ти негирај колку сакаш.
 
Не би рекол дека има двојни тарифи ама дека секој втор кој е во допир со туристи се обидува да ги закрпи, тоа неможе да ме разубеди никој. Мене лично ми се има дешавано нееднаш.
 
. И да, ти кажувам дека некои Охридски угостители на Скопјаните им наплаќаат повеќе од лично искуство, а ти негирај колку сакаш.

Цените се исти и за мене и за тебе и за Трајче од Липково......
Ко ќе влезиш во ресторан во Охрид те прашвет дали си Скопјанец па да ти наплатат повеќе ?

Не би рекол дека има двојни тарифи ама дека секој втор кој е во допир со туристи се обидува да ги закрпи, тоа неможе да ме разубеди никој. Мене лично ми се има дешавано нееднаш.

Тоа ќе ти се деси и во Скопје,Рим, Барселона, Лондон...........и јас не сум турист овде а ми се дешават.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom