Како да ја разведам мајка ми од татко ми?

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.437
Седни ги и разговарај со нив. Ако стигнале на тоа дереџе ,,војна,, да водат и да не можат да разговараат цивилизирано, секој по својот пат. Пред да имаат деца можеле да се убијат меѓу себе, ама бидејќи имаат, не се веќе тие на прво место, туку децата. Ако децата не можат да го трпат повеќе тој брак, истиот треба да се поништи.
Е сега е и друг момент во прашање - финансиска зависност? станбено прашање?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.308
Поени од реакции
8.437
Абе и тоа да е, таа нема што да се меша во бракот на нејзините родители, што ако мајка и е садист па ужива во сето тоа ? цАко на мајка и, и е убаво,или на татко и тогаш она нема шо да бара начини да ги раздели одлуката е нивна.
Тоа е крајно себично и на таквите родители во нормалните земји им ги одземаат децата. Родителот е должен прво да мисли на децата кои ги направил, а потоа на себе. Ако децата се несреќни заради родителот, родителот е должен да ја поправи ситуацијата. Ако живее со двајца дебили кои мислат само на своите садистички мазохистички и останати себични проблеми, заслужува тие или да посетат психолог кој би ги посоветувал како да ги разрешуваат мирно конфликтите, или ако не се кадарни тоа да го направат, едноставно да се разведат.
Во бракот каде што има деца не се најважни сопружниците, туку децата.
Ако сакаш да уживаш во каранците и урлањата по дома со сопружникот - немај деца. Тоа не е клима во која треба да расте било кое дете.
И да, бракот на родителите и те како е работа на децата. За детето модел на однесување е најважен родителот, и ако детето не е среќно со тој модел, кој треба да го учи детето на позитивни карактерни особини, што повеќе?
--- надополнето: Aug 1, 2011 1:17 AM ---
Проблемот е што си умислува дека само таа/тој, имала такви ситуации и само кај неа се случувале такви работи.
Дека кај сите други е поинаку, не сваќа дека 99,9% од браковите се сите такви после одреден период на заедничко живеење и битисување. И си мисли дека опцијата развод што таа ја намислила е најдобро решение.
А зошто постои институцијата брак ако истата носи нервоза и несреќа? Каде тоа се кажува дека бракот мора да е лудница и мора членовите несреќни да бидат, посебно децата?
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Богами не би ти текнало :vozbud:

Он топик: Брз и без галама развод може да имаат само ако и само ако двајцата се согласат. По читањето на твоите коментари видов дека тоа е тешко па следствено на тоа нема да можеш толку тивко т.е. без галама да ги разведиш. Значи, одиме на план Б. План Б би бил АДВОКАТ. А претходно не заборавај дека треба на мајка ти или на татко ти да го/ја наговориш да побара развод. Тек после работата е во рацете на адвокатот.

Ако првата опција не ти успее, за втората биди сигурна дека ке биде.

п.с. Бараше начин и пробав да ти дадам а искрено им го посакувам тоа на твоите родители. Пробај разговарај со нив. Колку години имаш? Обрати се кај некој постар па да ги советува.

Не значи дека ако се караат или инаетат за нешто мора да се разведат.

п.п.с. Од темава многу малце работи можат да се видат па да се знае дали разводот е вистинското решение.
Леле кој БОТ сум :eek:
Значи сакав да кажам: искрено НЕ им го посакувам тоа на твоите родители

Поголем лапсус здравје

Сори
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
За брз, ефективен, и без галама развод, што треба да направам? Едноставно повеќе не се трпат, животот ми е како у војна, цело време само чекам од која страна ќе пукне...
Сине, ти си во сосема нормално македонско семејство. Можеби не ти изгледа така кога ги гледаш другите семејства од страна, но не живееш во нив, живееш во своето. Не се секирај, само тргни се на страна колку е возможно. Прво не можеш да сториш ништо околу тоа, а и да можеш, не треба ти да го правиш тоа. Исто така, никогаш нема да знаеш што има меѓу нив коешто ти не го знаеш.

Они сигурно се сетиле на таа опција и ако има простор за развод, ќе се разведат. Можеби дури, уживаат во таквиот брак, некои луѓе имаат потреба од расправии и караници. Ако тебе тоа не ти прија, заврши средно и фаќај магла од дома...
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.805
Поени од реакции
20.146
Абе дете не си чула за социјална служба? Таму можеш фино лепо да ги пријавиш и да се жалиш дека те малтретираат психички дека душа ти вадат и дека мораш да се отарасаш од нив, они фино лепо ќе им го земат старателството над тебе и чао пријатно, е сега каде ќе одиш, дал ќе биде дом или некое сл. прифатилиште тоа е прашалниче?, но се надевам дека ќе ти биде боље подалеку од нив нели ?
Со среќа во иднина.

Ах ќе заборавев само да додадам една стара поговорка вика „се што лета не се јаде“.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
224
Поени од реакции
159
Сине, ти си во сосема нормално македонско семејство. Можеби не ти изгледа така кога ги гледаш другите семејства од страна, но не живееш во нив, живееш во своето. Не се секирај, само тргни се на страна колку е возможно. Прво не можеш да сториш ништо околу тоа, а и да можеш, не треба ти да го правиш тоа. Исто така, никогаш нема да знаеш што има меѓу нив коешто ти не го знаеш.

Они сигурно се сетиле на таа опција и ако има простор за развод, ќе се разведат. Можеби дури, уживаат во таквиот брак, некои луѓе имаат потреба од расправии и караници. Ако тебе тоа не ти прија, заврши средно и фаќај магла од дома...
Кај и да е, ќе се разведат. Јас само ја намалувам болката, со забрзување на процедурата.
--- надополнето: Aug 3, 2011 4:20 PM ---
Почна со кречењето?
А што те занима пак тебе???:P
 

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
женска ти мора да си луда, кој посакува да му се разведат родителите, наместо да отвараш теми на кајгана оди смири ги.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
224
Поени од реакции
159
Ако не бива, ако татко ти е алкохоличар, се врака дома доцна, ја тепа мајка ти тогаш резервирај му апартман во бартовци
Ноуп, не е тоа. Не сте слушнале за типови што едноставно не одговараат меѓу себе!!?? Или мора да се убијат физички еден со друг, за да речеме дека Еее неее, не иде, мора да се разведеме.:cautious:
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Ноуп, не е тоа. Не сте слушнале за типови што едноставно не одговараат меѓу себе!!?? Или мора да се убијат физички еден со друг, за да речеме дека Еее неее, не иде, мора да се разведеме.:cautious:
За жал, таков е нашиот менталитет, развод се оправдува само и само во случај на физичко насилство.Дури и тогаш, не смее да се брза со разводот, пожелно е неколку години да се трпи, демек да му се даде шанса на насилникот.Сe oстанато, вклучувајќи го и твојов случај, се смета за "нормално" македонско семејство.:tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom