Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Што било фрката на трибина ?

Битки за превласт, исто како што се случува кај сите по бројни и пред се сериозни групи во светот. ;))
Ако не си дел од таква група, можеби нема да го сфатиш ова, но како и да е сигурно нема да објаснујваме овде, ниту пак на друго место кој со кого се степал итн.

Како за почеток, увертира... http://www.facebook.com/video/video.php?v=2149354785511&comments
Поздрав до тој србоманот Кумановски, со ник „Куманово Држава“ бидејќи гледам цело време се занимава со Вардар и Комити, па него прво да му пренесам дел од атмосверата.
И проверете пак дали има додавка на името, дали има 1947... и можеби ги загубивме и трофеите и историјата, а Кумановец ? :)
 
Уфффф ова му фалеше на Скопје:cuc:
Душата ми се исполни, кога на крајот отпоздравуваше цел стадион со играчите. Комотно можам да кажам дека имаше околу 8 000-9 000 луѓе на стадион. Беа исполнети скоро 3/4 од Јужна, а само Комити бевме накај 1 200...
Грмеше 90 минути, особено во моментите кога ечеше химната, и Абре Македонче, кога заврши молкот за загинатите во Карпалак. Зошто да се дрка на Гробари и Делии, кога и самите ние сме одлична група?:)
Кој кажа дека во македонија нема јака тифо група, да го чујам што ќе каже после овој меч. Малку имаше застој во навивање кога беше малиот инцидент во прво полувреме, ама баш во истиот момент падна голот па повторно експлодиравме.
На терен Вардар подобар од работнички. Реално одигравме рутинирано, со класа послабиот противник:icon_lol:
САмо едно ќе каѓам ЛИКО:cuc::cuc::cuc:
Што им направи ауууууууу....
Овој меч дијаметрална спротивност од тој во Прилеп, Стојаковиќ најкамен, а Лико најдобар. Оса истотака ги заслужува сите почести.
Кај педериве најдобар настевски. кога излезе од игра беше поздравен со МАЈМУНЕ, реално потег што не го оправдувам пошто не по негова воља замина, а лани једини се бортеше за нашиот дрес.
Судијата да му ебам семката. Уште дрес на работнички да облечеше. разбирам дека мора да им се помогне пошто се многу нежни ама претера. Што досуди кога Петров идеше сам накај гол???
Иде сам го собираат од позади и овој суди контра фаул...
Инаку првата шанса ја имавме ние. МНислам дека Лико беше тој кој се посрамоти но после се поправи. Погоди само статива од десетина метри иако голот на работнички беше празен.
Работнички реално немаше ниоту една посериозна шанса. Само еднаш еден од нашите дефанзивци наивно изгуби топка на средионата, Настевски изби сам додаде лево и тој другиот шутна како баба....
Ние имавме уште неколку шанси но Столе беше маестрален. Сепак голот иде на негова душа. иванопвски со теме му го бапна:pos:
Јак Вардар му треба на Скопје. Каков Работнички, какво Ѓорче, каков Металург, Вардар е тоа вистинското. Имаше фаци од секоја населба. Цело Скопје вечерва диеше со вардар, а посебно ме исполни кога довикувавме со јужна:drk:
Секако низ мечот имаше и поздрав до нашите браќа од гелзенкирхен (имаше некои десетина нивни членови) и до браќата Војводи од тетово.
 
Битки за превласт, исто како што се случува кај сите по бројни и пред се сериозни групи во светот. ;))
Ако не си дел од таква група, можеби нема да го сфатиш ова, но како и да е сигурно нема да објаснујваме овде, ниту пак на друго место кој со кого се степал итн.

Само прашав,ме интересира,ништо повеќе,знам дека и пред тоа имавте проблеми меѓу две подгрупи,едната од нив чинам беше Калабрија,не сум сигурен,но и ми кажаа дека сте ги средиле проблемите,затоа.
 
Ајде сеа некој од Комитиве да ми објасни што беше оноа пред стадиот после утакмица ? Многу ме занима, и ви гарантирам дека после тоа ќе се намали бројот на неутрални гледачи, посебно на оние со деца
Сум пропуштил нешто изгледа, ајде нека ме извести некој по ПП ако сака...
 
Prekrasno Prekrasno!!! Odlicna atmosfera uste podobra igra na Vardar. Mosne sum iznenaden koa vidov nekoj fci od moe maalo koi se nad 35god koi porano idele redovno, mi se ispuni dusava :) Fala mu na Vardar sto mi go razubavi dopolnitelno imendenot. Negde okolu 1200 lugje na Zapad sto gi nadmina moite ocekuvanje okolu 800 bea. Sleden natprevar so Napredok , gostovanje i ocekuvam povtorno tesna pobeda , ednostavno toa e stilot na ilco :)
 
Видеово буквално те ежи.Иако од прв поглед не ми изгледа дека сте над 1000 ама горе долу тука негде,се надевам друг пат ќе бидете повеќе а и не е се до бројката.Онакво навивање барем кај нас можат да сонуваат некојси ,,навивачи,,
 
Никад нема да прежалам шо не можев да дојдам на утакмицава, али никад...
Честито нека ни е победава, да се множат. :)
 
Сосема солидна игра на Вардар и заслужена победа.
Син си ја пропуштил изгледа шансата што ја имаа Вардар кога 2 пати промашија празен гол. Освен таа шанса, имаше уште неколку добри акции, али и голманчево на Работнички одлично истрчуваше, освен при голот кога киксираше... А и за карта не се иде во 5 до 8, околу 7 саат немаше никој.

Не знам само од кога на стадион се пуштаат навивачите 40 мин пред почеток на натпреварот, секогаш вратите биле отворени минимум саат време пред почеток на натпреварот, треба да се собере гужва па да отворат вратите.
И што кур беше со странската музика, па и со навивачките химни, Вардар или Македонија играше?
Среќа се оправија со семафорот и тоа Вардар 1947....

Оса маме ебаваше во средина, Лико одличен, Фичо премногу е тромав не дај боже контра да има. Игор Стојаковиќ(10) изигра многу лошо, може знае да игра ама побрзо треба да се ослободува од топката. Најбољи беше 8цата, само не знам како се вика, нека каже некој повеќе за него....

Добар е и Сројакович,може и не му била вечерта нешто... иначе добар плеј е 8та е највероватно Рангеловиќ... ама не сум сигурен брат...
--- надополнето: Aug 9, 2011 10:08 PM ---
Ќе сака некој да објасни што се десило после утакмица?

Не е за на форуми,иди пп ако сакаш.
 
prva utakmica doma nad 8000-9000 ... mi mirisa ova na dobro..3.2.1 VARDAREEEEEEEEE 3.2.1 VARDAREEEEEEEEE .... mnogu jako poceto pejte go ova
 
Ќе сака некој да објасни што се десило после утакмица?
Значи џабе барате на форум,инцидентите не се за на форум!Тука може да се дискутира само за Вардар и Комити,фрките ке си ги решат тие што се тепаа и тоа е! Следно коло играме во гости со Напредок,сигурно најмалце ке одиме 3 буса али и се надеваме нема да се повторат денешниве фрки!
 
Видеово буквално те ежи.Иако од прв поглед не ми изгледа дека сте над 1000 ама горе долу тука негде,се надевам друг пат ќе бидете повеќе а и не е се до бројката.Онакво навивање барем кај нас можат да сонуваат некојси ,,навивачи,,

Да од почетокот не се фатени сите луѓе, но подоцна се гледа, од десната страна натаму, малку раштркано но има луѓе, неколку подгрупи со знамињата се присутни може да се види на оградите има знамиња накај десната страна.

Инаку, еве околу посетеноста

Бевме изненадени од присуството на обичните гледачи кои во повеке наврати го подржуваа Вардар. на Јужната трибина имаше 10 000 илјади гледачи, а на Запад каде беа сместени Комитите имаше 1300 гледачи

http://supersport.com.mk/index.php/fudbal/makedonija/488-2011-08-09-21-48-54.html
 
Не знам што не е јасно, ЗА НА ФОРУМ НЕ Е !! Единствено како што кажа Патриот битка за превласт на трибина, и некои предавници кои помагаат на шверцери, доволно е.

Пријатно бев изненаден кога видов скоро полна Јужна и Запад 1000+. Навивањето беше одлично проследено со неколку пароли како гласат напиша Syn на претходната страна и со мала пиротехника. Интересно беше што многу постари фаци поовторно се гледаат на трибина, а и за пофалба беше поддршката од 20тина Војводи и исто толку и од УГЕ кои беа во Скопје. Нови мотки, нови мајци се на се одлично ја почнуваме сезоната.

За играта само пофални зборови па ваква игра на Вардар не сум видел одамна. Старвував дека од страната на Лико ќе не решат он ме демантираше секоја чест мајсторе. Оса што ли да кажам за него кај е топката таму е и он. Стојковиќ малце потфрли но солиден си беше иако беше ко изгубен германец на теренот. Ивановски феноменален дечкото ни дојде ко кец на десетка. Кога ќе почне да игра и Гроздановски убеден сум дека ќе се бориме за 1во место. Едноставно волку радост не сум осетил долго време. Не памтам кога сме сврзале 2 победи по ред и тоа врз Работнички едната. Ете им доказ дека не сме ние Анортозис :D

На крај уште толку ми се исполни душата што играчите се радуваа заедно со нас и се поздравија како да го бранат дресот 5 години, а не како да им е прв настап... Очигледно ноќниот термин и силен Вардар се лекот за публиката да се врати на стадионите. Баш би сакал вака да е цела сезона.
 
Има ли нешто слики/видео за нас зафатените?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom