Со 23 000-30 000 вака се преживува:
На децата ќе им дозволуваш еднаш неделно да излегуваат со по 50 д.
Ќе грееш во зима само 1 соба (6-7 месеци сите во една соба,како риби во конзерва)
На децата ќе им купуваш само по 2 пара обувки годишно (од 1000 д.),два пара фармерки две блузи.
Возрасните ќе носат иста гардероба 5 години,нема ново купување.
Децата нема да ги праќаш на никакви курсеви,тренинзи (луксуз е тоа)
Еднаш неделно ќе уклучуваш болјер (нема да те фаќа бесот и секој ден да се туширате).
Ако ти се расипе заб нема да го пломбираш (ќе чекаш да стаса за вадње,200д. е а за поправење 500)
Нема да си дозволуваш Н.Г. во ресторан (дома некаде ќе се соберете,да не трошите,а инова гардероба ќе треба)
Летување во камп во Асамати или Претор (ќе си готвиш таму сам,не си појден на одмор,мора да се јади)
Зимување ?! Претеризам е сега и на зимување да се одело,кај го има тоа)
За родендени,годишници и др. празници нема подароци (стегај малку,многу побара)
Ајвар ќе правиш дупла доза (за да не купуваш друго), а во лето пиперки на 100 начини се подготвуваат.
Дома нема поправање,обнувавње (ти поминало времето)
Телефон сите дома да имаат ( е ова е премногу,шо ќе ти е)
Ако се разболиш нема витамини ова-она.Чај ќе си вариш и ќе ти помине.(ко на куче)
Такси нема да користиш (ќе пешачиш-здраво е тоа)
На работа кога си нема да си купуваш јадење (носи си од дома намчкано лебче)
Итн,итн,итн....
сосема си во право
дајте да бидеме реални
23к е навистина смешна плата за еден - не пак за 2,3 члено семејство
ти убаво напиша, исто се слагам и со мислењето на Lurtz,Xenomorph_, Irenna и Angelikus-
човек треба да работи, но треба да биде награден за својот труд- а плата од 9 или 23 не се смета како плата - во светот тоа се вика
џепарац
неможе семејство да си ги плати комуналиите ,а она што ќе му остане ќе треба да прикрпува за храна (ама пак затоа да се живи бабите и дедовците- тие пола месец ќе ги потпомагаат) за месечните потреби за храна, или кој срам го претрпува некој кој е принуден да позајмува за да го истера месецот (а такви има баајаги ), а
камо ли пак да размислува кола да купи, а за стан не станува збор
исто и со пензионерите- замислете како живеат оние кои пола век работеле - а земаат 7-1000 илјади денари
порано доаѓаа албанци овде да работат- незнам дали се сеќавате- но , веќе долго време и тие ја заобиколуваат Македонија и одат кај јужниве -им ги работат најтешките работи, собираат овошја од утро-до мрак за 15-20 евра дневница , им ги пасат овците, козите за 700-1000 евра месечно, копаат, чистат по куќи.....
значи заклучокот ми е дека платите овде се мизерни
- основните човекови потреби се поголеми од можноста за истите тие се задоволат( никакво луксузирање) и мора нешто да се направи
под хитно да приходите на луѓето драстично се променат на подобро , со самото тоа и луѓето би биле посреќни - сиромашен народ е несреќен народ,а повеќето во МК живеат под долниот праг на сиромаштијата
со еден збор - треба да им се даде можност да живеат нормално-
--- надополнето: Aug 9, 2011 5:23 PM ---
Еве јас одма прв се пријавувам дека сум во странство и најдов доброплатена работа. И повеќето што ги познавам тука се презадоволни од својата плата и од животот што го имаат тука. Така да твојата генерализација дека сите што бараат работа во странство мора да се азиланти - не држи вода.
ај малку да подобјасниш- ако не ти е тешко
кажи само во која држава се наоѓаш ?Сингапур ли рече или сум грешка?
земаш добра плата?- ОК
колкави трошоци имаш , што можеш со таа плата да си приуштиш....
ОВА само колку за СПОРЕДБА со МК