Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот избор?

  • Вкупно гласачи
    360
ЧДА е на друго место.
.
Па сериозна е дебатата ти ако живееш во мал град и имаш приходи околу 23000 денари дали би се откажал од вишокот во однос на татковината, и би се задоволил само со тоа што ти е потребно односно би се откажал од непотребниот луксуз?
 
Да со вишокот ќе купувам експлозиви и оружје и ќе рушам власт. Се за татковината.
--- надополнето: Aug 9, 2011 12:00 PM ---
А пари за славење нова година, родендени, идење на ормор преку лето ?

Малку се 23 000 , не стигаат јас мислам.

Нова година за тебе и за децата, родендени и одмор преку лето посебно родителите посебно детето. Yeap познавам многу такви семејства.
 
23? пресметка на синдикатот беше околу 30.000 денари за четиричлено семејство во Македонија за 1 месец најмали трошоци (исхрана, дом-даноци струи, здравје, хигиена, превоз...). Можеби 23 со туширање еднаш неделно, превоз до работа велосипед или пешки и лишување од тв, пц, греење, школување на деца, облека...односно симнување на ниво на куче кому му треба само дрвена куќарка и една чинија манџа.
Што станува со потребите од култура, забава, образование, дообразование...да ужива во животот, не цел живот ко амал и на крај пак нула. Мислам дека нема везе дали си внатре или надвор -ако ја сакаш татковината, ќе ја сакаш...не е жена да мора да е везден покрај тебе.
 
Нова година за тебе и за децата, родендени и одмор преку лето посебно родителите посебно детето. Yeap познавам многу такви семејства.

Ама пак нема да стигнат, замисли се расипала чешма, казанче , пукнала некоја цевка во вц , се скршила плочка , прегорел шпоретот , проблеми со фрижидерот .............трошоци и само трошоци.

Стварно мислам дека нема да стигнат 23 000 :(
 
50000-60000 се супер примања во државава за да бидиш цар и да си дозволуваш секакви комодитети, можи чак и кола да возиш. Е сеа че немаш за да одиш на Хаваи, ама за на море че имаш.
 
Ама пак нема да стигнат, замисли се расипала чешма, казанче , пукнала некоја цевка во вц , се скршила плочка , прегорел шпоретот , проблеми со фрижидерот .............трошоци и само трошоци.

Стварно мислам дека нема да стигнат 23 000 :(

Се излегува на крај со трошоците. Би те прошетал низ еден помал град да видиш со колку пари живее народот.
 
Изгледа и ти премалку народ познаваш и појма немаш како изгледаат другите градови во земјава.
Во повеќето градови просечна плата е 8-9 000 денари. И двајца да се вработени што не се иде околу 16-18 000 што не е 23.
Народот живее, издржуваат семејство, студенти во друг град. Така да тие кои во еден таков град земаат по 23 000 сигурно им останува и за на страна.
Алекс не сум од Скопје, и знам некои луѓе,е сеа колку е тоа премалу незнам, ама прашај ги дали живеат нормално со тие 16-18 000 и дали им стигаат и за децата и какво им е кредитното салдо, колку должат, како сакаш врти го 23к се само за преживување на трочлено семејство, ако целта во животот ти е само да преживееш, ОК , 23 000 ќе завршат работа, ама ако сакаш бар малце поудобен живот или било што повеќе,колку и да е тоа малку, тие 23к не вршат работа.
 
Со 23 000 денари тука можеш да живееш нормален живот со жена и со дете. Тоа што не живееш во земјава не ти дава за право да лупеташ глупости на не знаење.

Друже ако ти си ја опиша твојата ситуација, тогаш стварно ми е јасно зошто толку грчевито ја браниш тезата да се остане во Македонија и да се придонесува за татковината. Но сепак направи мала дупка во ѕидот од твоето размислување и пробај да сватиш дека тој живот со 23К месечно со жена и со дете НЕ Е НОРМАЛЕН живот.
 
Алекс не сум од Скопје, и знам некои луѓе,е сеа колку е тоа премалу незнам, ама прашај ги дали живеат нормално со тие 16-18 000 и дали им стигаат и за децата и какво им е кредитното салдо, колку должат, како сакаш врти го 23к се само за преживување на трочлено семејство, ако целта во животот ти е само да преживееш, ОК , 23 000 ќе завршат работа, ама ако сакаш бар малце поудобен живот или било што повеќе,колку и да е тоа малку, тие 23к не вршат работа.

Мислиш дека ќе дискутирав ако не ги знаев тие работи за нив? Ти си богат/а ако во мојот град кажеш дека имаш плата од близку 400 евра оносно 23 000 денари.
 
Се излегува на крај со трошоците. Би те прошетал низ еден помал град да видиш со колку пари живее народот.
Живее и го колне животот(y)
--- надополнето: Aug 9, 2011 12:17 PM ---
Мислиш дека ќе дискутирав ако не ги знаев тие работи за нив? Ти си богат/а ако во мојот град кажеш дека имаш плата од близку 400 евра оносно 23 000 денари.
Распореди ги тие 23к на 3 члена(ако веќе немаш жена и дете) и да продолжиме со муабетот.
 
Друже ако ти си ја опиша твојата ситуација, тогаш стварно ми е јасно зошто толку грчевито ја браниш тезата да се остане во Македонија и да се придонесува за татковината. Но сепак направи мала дупка во ѕидот од твоето размислување и пробај да сватиш дека тој живот со 23К месечно со жена и со дете НЕ Е НОРМАЛЕН живот.

:pos: Мојата ситуација е ирелевантна, јас говорам општи работи. Тоа што ти мислиш дека ако ми го препишеш мене дека си излегол умен се лажеш.
За да не се повторувам тебе ќе ти кажам дека тоа што не знаеш како е во Македонија и како изгледа еден друг град од Скопје не значи дека треба да тресеш зелени.
--- надополнето: Aug 9, 2011 12:21 PM ---
Живее и го колне животот(y)
--- надополнето: Aug 9, 2011 12:17 PM ---

Не е точно тоа.

Распореди ги тие 23к на 3 члена(ако веќе немаш жена и дете) и да продолжиме со муабетот.

Ти распредели ги за да прајме муабет. Затоа што јас ги гледам како ги распределуваат.
 
Со 23 000-30 000 вака се преживува:
На децата ќе им дозволуваш еднаш неделно да излегуваат со по 50 д.
Ќе грееш во зима само 1 соба (6-7 месеци сите во една соба,како риби во конзерва)
На децата ќе им купуваш само по 2 пара обувки годишно (од 1000 д.),два пара фармерки две блузи.
Возрасните ќе носат иста гардероба 5 години,нема ново купување.
Децата нема да ги праќаш на никакви курсеви,тренинзи (луксуз е тоа)
Еднаш неделно ќе уклучуваш болјер (нема да те фаќа бесот и секој ден да се туширате).
Ако ти се расипе заб нема да го пломбираш (ќе чекаш да стаса за вадње,200д. е а за поправење 500)
Нема да си дозволуваш Н.Г. во ресторан (дома некаде ќе се соберете,да не трошите,а инова гардероба ќе треба)
Летување во камп во Асамати или Претор (ќе си готвиш таму сам,не си појден на одмор,мора да се јади)
Зимување ?! Претеризам е сега и на зимување да се одело,кај го има тоа)
За родендени,годишници и др. празници нема подароци (стегај малку,многу побара)
Ајвар ќе правиш дупла доза (за да не купуваш друго), а во лето пиперки на 100 начини се подготвуваат.
Дома нема поправање,обнувавње (ти поминало времето)
Телефон сите дома да имаат ( е ова е премногу,шо ќе ти е)
Ако се разболиш нема витамини ова-она.Чај ќе си вариш и ќе ти помине.(ко на куче)
Такси нема да користиш (ќе пешачиш-здраво е тоа)
На работа кога си нема да си купуваш јадење (носи си од дома намчкано лебче)
Итн,итн,итн....
 
Ти распредели ги за да прајме муабет. Затоа што јас ги гледам како ги распределуваат.
Ги гледам и јас,комшии , мака мачат, двајцата работат,прекувремено кога можат, редовно зимаат плата и за да врзат крај со крај добиваат и некој помош од нивните (значи земени се и имаат дете старо 1.5г, бабите гледаат детето, нешто што овде е нормално )
 
:pos: Мојата ситуација е ирелевантна, јас говорам општи работи. Тоа што ти мислиш дека ако ми го препишеш мене дека си излегол умен се лажеш.
За да не се повторувам тебе ќе ти кажам дека тоа што не знаеш како е во Македонија и како изгледа еден друг град од Скопје не значи дека треба да тресеш зелени.

Друже ти си знаеш. Еве и да е општо тоа што го кажуваш за 23К за трочлено семејство, значи не во твој случај, тогаш можеш да придонесеш за татковината со тоа што ќе им укажеш дека тоа не се доволно пари за ПРИСТОЕН живот. А дали јас знам како е и што е во Македонија ти не си тој што може да ми пресудува. За твоја информација не сум по потекло од Скопје.
 
Тогаш ти не ме читаш само онака си цитираш.

Да со вишокот ќе купувам експлозиви и оружје и ќе рушам власт. Се за татковината.
Мојот случај ќе ти биде неверојатен затоа не го спомнувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom