bebush
Portable Heater
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 4.468
- Поени од реакции
- 5.166
Моите пријатели и јас доживеавме едно неверојатно искуство кое верувам дека никогаш нема да го заборавиме.Се работи за едно патешествие исполнето со многу нервози, стресови и неодговорност од страна на организаторите на нашето патување кое започна од шоферите и автобусите на Бисер Пром, кои на попатните паузи купуваа дволитарски пива за потоа да ги пијат во автобусот додека возат, до неорганизираноста која кулминираше во моментот кога ни рекоа дека нема место во автобусот за нашиот багаж па ќе мораат да го фрлат на скалите кај излезната врата додека ние, иако со резервирани седишта, бевме сместени на сосема различни страни од автобусот.Претходно, закани дека ако не се довлечкаме до Несебар за 2минути ќе си заминат без нас, стигнаа од страна на шоферите и воедно газдите на Бисер Пром.Секако откако по наша иницијатива разбравме дека местото на собирање на патниците за Скопје не е истото кое што ни го посочил шоферот(кој инаку ни кажа дека ќе не собере каде што не оставил), туку е на 2км оддалеченост.Па така, кутрите ние Македончиња моравме уште еднаш да се ошуриме со уште едно такси, кое не доведе до Несебар од Сончев Брег за 40 евра.
Погледи со презир беа насочени кон нас додека искачавме од таксито.Останатите 50 луѓе кои не чекале саат ипол за да конечно тргнат почнаа да не обвинуваат со прилично погрдни зборови.Но тоа не беше она што ме иритираше, туку лагите кои шоферите им ги изнакажали на "напатените" душички кои не чекале саат ипол под сенка, со цигара во рака и сокови, кои ние секако ги немавме затоа што парите ни отидоа на веќе гореспоменатото.
Но доста зборам за Бисер Пром, време е и нешто за Колектива да се каже.Обично немам доверба во ваквите агенции кои на интернет нудат ваучери со попусти, меѓутоа понудата беше навистина примамлива:Сончев брег, 7 ноќи + појадок во хотел во центарот на градот за пари кои можевме некако да ги извадиме од џебот.Но, тука повторно не измамија.Додека чекавме во хотелот да се "исчистат" собите кои ги резервиравме, дојде газдарицата и ни ги побара 140те евра кои требаше да ги додадеме за потоа да ни каже дека нашите соби, резервирани од месец јуни, се зафатени.Во ред, не утеши со тоа што ќе не префрлат со превоз на нивна сметка во хотел со истата понуда, истотака многу блиску до плажа, во центарот на градот.Меѓутоа, како што се одалечувавме од хотелот сфатив дека не носат на сосема друго место од градот, каде што хотели се сеуште во изградба а плажата е предалеку од кажаното.Не знаевме како да реагираме освен да се прилагодиме.Немавме броеви од агенцијата за да се јавиме(затоа што мислевме дека се коректни) а и парите за доплата веќе ги дадовме во хотел во кој не престојуваме.Следуваа мрцварењата со автобуси до плажа и назад, за вечерните искачања во центарот и враќања во доцните часови со такси, за кои плативме + 200 евра од планираното.
Ден по пристигнувањето во Скопје, дознавме дека не сме првите кои се изиграни од Колектива и Бисер Пром, дека има многу други луѓе кои го преживеале истото но и многу полошо.Но ние нема да се откажеме, ќе ги преземеме сите мерки за да ни ги исплатат тие стресови и нервози, а особено ќе ги рекламираме секаде каде што можеме.
Некој друг од форум со вакво искуство?