Работнички права

  • Креатор на темата Креатор на темата AnFem
  • Време на започнување Време на започнување
A

AnFem

Гостин
Не сум сигурна дали има оваква тема, ако има, спојте ја.

Ја отварам темава со цел да се разменат закони, позитивни и негативни искуства во врска со работничките „права“...

Колку ги имаме, кои се и колку нашите работодавци ги почитуваат истите?

Кога веќе живееме во оваков систем и кога веќе луѓето се доволно игнорантни или немаат храброст за нешто порадикално, ајде да видиме колку овој начин ќе излезе ефективен, т.е. се надевам дека ќе налетам на луѓе кои ќе раскажат позитивно искуство (позитивно за работникот), луѓе на кои им биле прекршени работничките права и успеале преку правен пат да дојдат до правда. Јас лично сум скептична, познавајќи го начинот на кој (најчесто) можеш да успееш да станеш газда, дека оваквиот начин е успешен.

Се надевам и дека ќе се најде понекое правно лице да не просветли во врска со законите.

Ќе ја искористам приликава да ги пофалам луѓето од организацијата за социјална правда „Ленка“ (Не сум членка на истата, едноставно го почитувам нивниот труд) за книгава. Се надевам дека ќе му помогне на некој.

http://lenka.mk/mk/pamfleti-i-letoci/20---.html
 
http://forum.kajgana.com/threads/Но...е-право-на-сини-картони-за-невработени.52179/

Еве нешто за почеток...
Инаку нема апликативен закон за минимална плата, а сатница е сеуште во доменот на научната фантастика...плаќање на прекувремената работа е смртен грев а заштита на работно место служи само за рекет на политички неподобни...

Но сето тоа не е важно...важни се емоциите кон државата...
 
....во минатото постоеше литературен жанр НАУЧНА ФАНТАСТИКА....денес во Р.Македонија е заменет со жанрот РАБОТНИЧКИ ПРАВА.....постојат само на хартија и во главите на работниците....со надеж дека еден ден ќе се остварат
 
Постоеја на хартија едно време, но некои законски ги скратија...а и тие што постоеја не се почитуваа од независноста наваму плус состојбите се се полоши. Можда е ова оти сеуште сме во транзиција.
Но тоа не е разлог да не седнете 2 минути на ден Илинден, Нова Година или друг државен празник да испушите тутун додека чекате друг муштерија во продавница, белким газдата ќе ви дозволи.
 
.....чарето е очигледно....се додека има луѓе кои викаат АКО ТРЕБА ЌЕ РАБОТАМ И БЕЗ ПАРИ....газдите ќе вршат притисок и секогаш кога ќе се побуните за било што ќе ви кажат....АКО НЕ ВИ СЕ ДОПАЃА СЛОБОДНО ОДЕТЕ....ЗА ВАШЕТО МЕСТО ЛУЃЕ ЧЕКААТ РЕДИЦИ

...треба да имаме барем малку лично достоинство и да кажеме НЕ...да поставиме црвена линија под која нема да се спуштиме...да не дозволиме од нас да прават мајмуни за ситни пари....

...но од друга страна треба да бидеме фер...и доколку сме се нафатиле да работиме за одредена сума под одредени услови....тогаш треба вистински да работиме...а не да забушаваме и да се жалиме
 
Работничките права се исто како што биле пред нашата ера...

Фали уште Работодавецот да ги врзува со алки на нозете како Веслачите на Бродови во Римската Империја. И да стави еден тапанар којшто ќе тропа со какво темпо да се работи и еден камшикувач којшто ќе го камшикува оној што ќе направи пауза од неколку секунди.
 
Поарно е вака и за волците и за пленот.
Едниве уживаат да ебат во здрав мозок, а другиве уживаат да се ебани.
Народниве маси се курвештии белосветски.
 
Иако не верувам дека нешто функционира во скапанава држава сепак сакам да пробам нешто.Имено се работи за еден другар.Работи во една мала фирма,ко по стандард Непријавен,работи и по 12 ч. кога газдата има потреба,не смее да одбие да не го избрка и на крај му ги цепка парите на два три дела.Последниот месец му скратил 1500 денари без причина односно причината било - му се намалувал профиот во овој дел од годината :D.Денес КОНЕЧНО на пријателов му пука филм и бара совет како да напушти,а да си ја земе и одработената плата од прошлиот месец.Читав малце по нетов како е кај нас и најдобра опција што ја најдов е Државниот инспекторат за труд -http://www.dit.mk/ .Работата е ако го пријавам и утре му дојде инспекција - ништо од парите.Добро би ми дошла помош од некој кој знае како оди тоа и има ли некоја финта како да си ги земе парите.
 
Освен добрата волја (која тешко дека постои) кај работодавачот, веројатноста да може легално или барем полу-легално да си ги земе парите е практично еднаква на нула.Прашај го дали има договор за дело?
Претпоставувам нема потреба да прашувам за договор за вработување.
 
Нема никаков договор.Може најпаметно е да да пријавиме во Државниот инспекторат за труд и ако неможе да си ги земе парите барем нека се офајди државата.Само да не го казнат нешто и другаров пошто кај нас закониве се без врска.Ќе го најдат него крив зашто работел на црно - бем ти држава.
 
Не сите пријави мораат да имаат име и презиме. ;)
 
За какви работнички права зборувате во држава каде има повеќе од 30 проценти невработени?

А, колки и да ви звучи чудно, што е полесно работодавецот да отупшти работник, толку се поглеми шансите да имаме и нови запослувања. Затоа што никој нема да сака да запосли нов работник, а притоа да му висат милион структури (од разни агенции до синдикати) на врат кои демек се грижат за тој работник, па да може да отпушти работник само преку суд.

Работничките ’права’ ќе се подобрат најдобро со тоа што ќе се отворат повеќе работни места. За да се отворат повеќе работни места ќе треба да раскрстиме со тоа дека сме социјална држава и да ја либерализираме економијата. Погледнете ги балтичките држави, погледнете ја Чешка, или подалеку Чиле, Нов Зеланд. Треба само да ги погледнеме искуствата на другите, развојот на посткомунистичките држави може да се согледа токму по тоа која држава колку ја либерализираше својата економија!

AnFem... Ќе сакаш ли да ми објасниш што е тоа социјална правда???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom