Нови критериуми за утврдување право на сини картони за невработени

Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Од денеска, невработените ќе треба да пополнат изјава за приходите кои ги оствариле минатата година.
Врз основа на таа изјава се утврдува правото од први септември да добиваат сини картони на товар на државата или сами ќе треба да плаќаат за нив. Да­ли невработените ќе си го плаќаат здравственото оси­гу­ру­ва­ње, ќе зависи од сумата на парите кои претходната година легнале на транс­ак­цис­ки­те сметки на членовите во семејството.

Во наредните два месеци овие изјави , невработените ќе ги пополнуваат во бироата за вработување каде што живеат и се пријавуваат.

Приходите кои не треба да се пријавуваат се: социјална помош, надоместок за телесно оштетување, награди, стипендии и кредити за ученици и студенти. Детски додаток, еднократна помош за новороденче и родителски додаток, алиментации, надоместок во случај на смрт и надоместок по основ на невработеност како и приходи добиени од волонтерска работа./З.М
 
T

Tetro

Гостин
Уште еден наметнат слободен удар врз граѓаните.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.965
слушав нешто семејство со годишен приход од 130000 до 180000 дека требало да плаќа 1000 или нешто слично месечно....
ако се грижеа за граѓаните ќе беше бесплатно.....
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Тој што е утепан ќе го доутепаат. Ваљда ова споменициве влечат а? :( Што мислите?
 
М

Мартин`

Гостин
Само ќе цитирам мислења од предходната тема, па видете дали луѓе кои заработуваат и по 30.000 денари месечно заслужуваат реално да се бројат како невработени во државава ? значи они со 30.000+ ништо не даваат на државата додека некои со 10.000 повеќе придонесуваат.

Само ќе ги цитирам од друга тема ..

Јас бев заведена во Бирото една година а не барав вработување. Единствено поради здравственото осигурување. Истото се случува и со тие жени, само поради здрвственото се пријавуваат во Бирото. За жал треба да се прегрупираат, и да се знае кој бара работа, а кој не.
Татко ми не сака вработување оти е веќе 59 години. Со тоа образование што го има, ќе му дадат плата од 10 000. А сега од земјоделие зима по 30000 месечно од тезга. Се пријавува само поради здравтвено. Еден куп се такви.
А и реално, кој би вработил 60 годишен маж без факултет и познавање компјутери?
Сите што се пријавени во завод за вработување треба да се бројат како невработени. Неможе некој му текнало и само за здравствено осигурување се вработил, го користи здравството во кое придонесуваат тие што се пријавени и регуларно вработени, а од друга страна на црно си печалат пари и ништо за возврат на државата. Таквите прават поголема штета на државата отколку да си бидат регуларно невработени. Нормално, секој се бори за корка леб, нема јака социјала, ама ако правиш 20000 или 30000 на тезга (што е повеќе од просечна плата) тогаш ќе си плаќаш придонеси кон државата. Муабетот “пријавен/а само поради картони“ е негативна појава и нефер кон оние кои придонесуваат.

.
Факт е дека кај нас е малце подруго зошто граѓаните не се толку моќни сепак правото мора да надвладее, но сепак нема многу да ги оштети зошто ќе плаќаат нешто минимално.. од друга страна ќе видиме сега приближно реално колку е невработеноста во државава.

Еве подетално ..

Невработените во Македонија кои добиваат сини картони, од 1 септември ќе треба да се пререгистрираат потенцирајќи колкав приход остваруваат и по таквите сознанија ќе се утврди дали придонесот ќе почнат да си го плаќаат сами или истиот ќе остане на терет на буџетот.


270,000 невработени, од вкупно 330,000 досега добиваа сини картони за нив и за членов од нивното семејство, со што се повлекуваа 500,000 лица кои добиваат здравствено осигурување на терет на државата.
Таквата пресметка ќе се прави по следниот основ- ако носителот на здравствено осигурување во рамките на семејството минатата година заработил не повеќе од 132.000 денари ќе остане здравствено осигуран директно од буџетот.
Лицата кои се носители на здравствено осигурување за семејството, а на годишно ниво заработуваат 132,000-182,000 денари, сами ќе плаќаат за сини картони во вредност од 7% од половина просечна плата. Лицата кои со своите годишни примања надминуваат 182,000 денари, ќе плаќаат процент од вкупната просечна плата.
Невработените започнувајќи од денес ќе треба да пополнат изјава во Агенцијата за вработување, каде се и должни да се пријават. На изјавата лицето ќе мора да ја напише сумата која минатата година легнала на неговата трансакциска сметка, а со себе треба да носат копија од лична карта и здравствената книшка каде ќе добијат нов печат. На истото место, на шалтерите, граѓаните ќе можат да достават апликација за електронски картички.
Со пополнување на изјавата, лицето сноси материјална и кривична одговорност. Списокот со пополнети изјави ќе биде прегледуван од Управата за јавни приходи.

Во примањата кои треба да се наведат на изјавата не спаѓаат социјална помош, надоместок за телесно оштетување, награди, стипендии и кредити за ученици и студенти, детски додаток, еднократна помош за новороденче и родителски додаток, алиментации, надоместок во случај на смрт и надоместок по основ на невработеност како и приходи добиени од волонтерска работа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.085
слушав нешто семејство со годишен приход од 130000 до 180000 дека требало да плаќа 1000 или нешто слично месечно....
ако се грижеа за граѓаните ќе беше бесплатно.....
тоа му доаѓа 6 ипол до 9 посто месечно? Здравствено пишува 7% на плата. Невработените више ќе плаќаат?
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.965
тоа му доаѓа 6 ипол до 9 посто месечно? Здравствено пишува 7% на плата. Невработените више ќе плаќаат?
за невработени треба да е бесплатно...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.085
дали вработените кои имаат приходи од 1000 и повеќе евра, чии придонеси за здравство се еднакви на месечна плата на повеќето граѓани, дали треба да имаат свои болничарки, доктори, возила...
биди патриот
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Семејствата со невработени што имаат годишни приходи од 132.000 до 182.000 денари, за сини картони ќе плаќаат по 1.100 денари месечно.
Оние на кои годишниот приход им е повисок од 182.000 , за сини картони ќе плаќаат околу 2.200 денари месечно.
Значи ако имаш двајца во фамилијата што земат по 9 илјади месечно спаѓаш во богатажи и ќе плаќш по 2200 од невработен месечно.
Добар закон.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.085
А може да се пријави преку сопружникот или родителот? Како да избегне плаќање еден невработен ако дома има приход од 10-11 илјади месечно?
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Значи ако имаш двајца во фамилијата што земат по 9 илјади месечно спаѓаш во богатажи и ќе плаќш по 2200 од невработен месечно.
Добар закон.
Многу летаргичен народ сме, и за тоа ни го начукуваат кој како сака кога е на власт.
Инаку малце да сме поактивни (и посложни), да се следи кој закон кога се носи, можеби ќе придонесеме да се подзамислат дали туку така само ќе го изгласаат и ќе ни го наметнат. За вакви битни закони МОРА да има јавни дебати!
 
М

Мартин`

Гостин
Значи ако имаш двајца во фамилијата што земат по 9 илјади месечно спаѓаш во богатажи и ќе плаќш по 2200 од невработен месечно.
Добар закон.
Ако си вработен легално (не на црно) газдата треба да ти ги плаќа тие или грешка сум ?
Друго ова ќе биде повеќе 'удар' за оние што живеат во селата, пример не плаќаат ништо се рачунаат како невработени во државниот завод за статистика и имаат бесплатно здравство а од друга страна на сметки од продажба на тутун/жито и субвенции им стигаат големи пари.
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Во Канада СЕКОЈ граганин има бесплатно здравство без разлика дали работи или неработи. Едноставно им следува затоа што е граганин на Канада!!
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Ако си вработен легално (не на црно) газдата треба да ти ги плаќа тие или грешка сум ?
Друго ова ќе биде повеќе 'удар' за оние што живеат во селата, пример не плаќаат ништо се рачунаат како невработени во државниот завод за статистика и имаат бесплатно здравство а од друга страна на сметки од продажба на тутун/жито и субвенции им стигаат големи пари.
A tie se gotovi tie ce placaat sega ce gi najdat garant (pa zosto gi davaat parite da placaat po nesto ama pecalka sega ce ima he he ) ..abe siromasna drzava sega site ce placaat nema nemam MORAS
Licno za mene ova e golema glupost primer rabotam na crno gazdata te placa na mesec nikade gi nema tie pari a sepak si prijaven na biro ne mozat da te najdat nema sansi
--- надополнето: Jul 1, 2011 3:07 PM ---
за невработени треба да е бесплатно...
E da treba ama ne e ,abe nie drzava sme ili sto
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
879
А може да се пријави преку сопружникот или родителот? Како да избегне плаќање еден невработен ако дома има приход од 10-11 илјади месечно?
И мене ова ме интересира , дали ќе биде како досега , т.е. невработеното лице да биде пријавено преку сопружникот кој/а е вработен .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom