Македонска Втора Лига

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=53111947334&id=19&prilog=0&setIzdanie=22293

Успехот на 11 Октомври го прослави и 95-годишен навивач

Борка Конески-Мигачо во неделата беше еден од 5.000 навивачи на прилепскиот стадион „Гоце Делчев“, на промоцијата на 11 Октомври во нов фудбалски прволигаш, преку победата со 6-1 во последното коло над струшки Влазними


Борка Конески-Мигачо втор од лево на десно


Конески е најстариот приврзаник на клубот, со наполнети 95 години.

-Никогаш не било вака, за мерак. Не паметам кога имало толку публика за 11 Октомври. Овој клуб го заслужува тоа - смета Конески.

Некогашниот фудбалер на Хајдук од Прилеп, од пред Втората светска војна, занаетчија, цела измината сезона стискаше палци за саканиот клуб. Во друштво е со Цане Џандарот и уште неколку фудбалски запаленковци. Речиси не пропушта натпревар, особено кога е убаво времето.

- Единствено кога беше студено паузирав. Во неделата се разубави и со такси стигнав до стадионот. Не се пропушта славеничкиот натпревар - вели Конески.

Екипата на 11 Октомври веќе е нов прволигаш. Во август е почетокот на сезоната. Навивачите се нестрпливи, меѓу нив и Мигачо.

-Само здравје. Додека ме држат нозете ќе бидам на трибините во Прилеп - најавува Конески, кој сигурно е меѓу најстарите навивачи на Балканот и пошироко.
(y)
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
ќе биде интересно оваа сезона ќе се борат повеќе екипи за влез во прва лига
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.046
Поени од реакции
2.135
2 лига ке биде подобра од 1ва , на навивачки план :D
 

Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.626
Поени од реакции
1.184
Ајде малку да ја живнеме темава :) Денеска стартува новото првенство кое според мене ќе биде доста поинтересно од ланското од многу аспекти... Кратка анализа на сите тимови :

Беласица - Еден од великаните на Мак.Фудбал кој моментално се соочува со внатрешни проблеми,неединство и несогласувања помеѓу навивачите и газдата... Поседуваат квалитетен тим за 2 лига кој веројатно би се пласирал во горниот дел од табелата, али додека се реши внатрешната ситуација мислам дека ќе изгубат многу драгоцени поени...Очекувам на крајот на бидат во златната средина :)

Влазерими - Кичевскиот тим едвај се спаси минатата сезона...Годинава ги очекува истото само со многу појака конкуренција и песимистично гледам на опстанокот на тимот во 2 МФЛ...

Дрита - Како и секоја година, јака во есенскиот дел од сезоната додека да собере солиден број на поени,во пролетниот дел нагло прави намештаљки...Опстанокот им е гарантиран,а не верувам дека можам а не ни сакаат повеќе...

ЕуроМилк - Не сум запознаен многу со ситуацијата во клубот али со Брацо како спонзор веројатно амбициите им се пласман во 1 лига...НовоЛисичани и лани имаа добра екипа, доколку се појачале со 2-3 играчи лесно би можеле да влезат во топ4...

Кораб - Симпатична екипа од живописниот Дебар за која живее целиот град...Дома ќе бидат тврд орев за сите, али на гостински терен...Искрено ме разочараа кога ги гледав во живо, така да се надевам дека ќе обезбедат опстанок во лигата...

Локомотива - Немаат некој тим али прочитав некаде дека имале добар спонзор...

Миравци - Македонската Барселона игра најдобар фудбал од сите тука и доколку не праи матни зделки газдата би требало “повторно“ да влезат во елитата...

Осогово - Иако едвај собраа пари за котизација на мое изненадување склопија добар тим,беа најактивни на трансфер маркетот и се појачаа со 10+ нови фудбалери... Топ8 мислам дека ќе биде задоволувачки и за Сејмените од Кочани кои заедно со клубот прават вистински кам бек на тифо сцената...

Охрид Лоте - Финансиски проблеми,првиот голман го напуштил клубот а и уште неколку играчи...На градежниците им престои трнлив пат до опстанокот според мене...

Пелистер - Чкембарите нема да дозволат таков срам и отпаѓање во ранк подолу, али и далеку од тоа дека имаат тим кој би се борел за висок пласман...Средина....

Победа Јуниор - Уште еден бренд заедно со Беласица,Пелистер,МЃП,Осогово... Прикажаа добри игри на подготвителните утакмици, очекувам да пробаат да се вратат во 1 МФЛ...

Ринија Гостивар - Со стабилен спонзор,нов тренер (Тони Јакимовски), прилично квалитет тим и непобедливи на домашен терен очекувам да бидат претенденти за топ4-6 ....

Руфеја - Руфеја се појача со неколку фудбалери меѓукои и на голманската позиција... Скептик сум околу нивниот опстанок и очекувам тотално тонење на тимот и распродажба на сите играчи во пролетниот дел од сезоната...

Скопје - Екс прволигашот ретко губи на свој терен...али и продаде неколку првотимци...

Тиквеш - Клубот од Кавадарци го напуштија дури 6 првотимци а и ситуацијата внатре во клубот не е идеална заради каснењето на платите...Очекувам Тиквеш да биде бледа копија од тоа што беше лани...

Треска - Квалитетен тим,Божиновски вистински столб во одбраната... Првите 2 утакмици против Миравци и Ринија очекувам да го покажат вистинскиот квалитет на тимот...
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
138
Поени од реакции
40
Има страна на која можат да се следат натпреварите од 2 македонска фудбалска лига во живо? Ако има дајте линк!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.544
Поени од реакции
29.116
Ѓорче - Миравци 2 - 2 конечен, Македонија ЃП во последна минута се спасиле и постигнале гол :) Иначе губеле 2-0 :)
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.144
Поени од реакции
8.110
Пелистер-Кораб 2:0
Гостите мислам дека ова сезона нема шо да барат на гостински терен..само проблем ќе бидат за лигата.имаја навивачи околу 50..
Пелистер пак малку појак од нив имаше доста шанси ама дрва се незнат да реализират.. очекувам да се борат за прва лига иако мн мн слабо
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Зашто Ханриево не навивале ? И воопшто немало ни 5 души ?
Кога не си бил немој да збориш... публика денес имаше малата трибина беше исполнета скроз а на големата имаше некое 30-тина луѓе... Не ја знам причината зошто не навивале важно знам дека беа пристуни на стадион ...
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.544
Поени од реакции
29.116
Кога не си бил немој да збориш... публика денес имаше малата трибина беше исполнета скроз а на големата имаше некое 30-тина луѓе... Не ја знам причината зошто не навивале важно знам дека беа пристуни на стадион ...
исто како да сум бил, 5 другари отишле и ја гледале. Од Ханриево немало ни навивање, ни транспаренти, повеќето биле постари лица кои само урлале и Оса со уште еден црнец бил да ја гледа утакмицата. Не знам каде прочита нешто погрешно, мислев 5 души од Ханриево...
--- надополнето: Aug 7, 2011 5:41 PM ---
Осогово - Брегалница
Сејмени, доста бројни денеска :)
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
^^^ Го видов Оса на трибина седнат во ложа...изгледа срцето во Македонија му е на друго место што викаш а ;)... Вака незнам како стојат работите јас ти кажувам беа на стадион а немаше транспаренти ни навивање незнам зошто ама по се изгледа заради името... Ти кажувам беа ... сега свати :)
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
исто како да сум бил, 5 другари отишле и ја гледале. Од Ханриево немало ни навивање, ни транспаренти, повеќето биле постари лица кои само урлале и Оса со уште еден црнец бил да ја гледа утакмицата. Не знам каде прочита нешто погрешно, мислев 5 души од Ханриево...
--- надополнето: Aug 7, 2011 5:41 PM ---
Осогово - Брегалница
Сејмени, доста бројни денеска :)
2 мин.
Осогово - Беласица 3:0

Западна трибина беше скоро целосно полна на Исток само 1/3 каде што беа сејмени.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.544
Поени од реакции
29.116
^^^ Го видов Оса на трибина седнат во ложа...изгледа срцето во Македонија му е на друго место што викаш а ;)... Вака незнам како стојат работите јас ти кажувам беа на стадион а немаше транспаренти ни навивање незнам зошто ама по се изгледа заради името... Ти кажувам беа ... сега свати :)
Значи знам дека биле, но не многу и не навивале :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom