Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.179
- Поени од реакции
- 18.255
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=53111947334&id=19&prilog=0&setIzdanie=22293
Успехот на 11 Октомври го прослави и 95-годишен навивач
Борка Конески-Мигачо во неделата беше еден од 5.000 навивачи на прилепскиот стадион „Гоце Делчев“, на промоцијата на 11 Октомври во нов фудбалски прволигаш, преку победата со 6-1 во последното коло над струшки Влазними
Борка Конески-Мигачо втор од лево на десно
Конески е најстариот приврзаник на клубот, со наполнети 95 години.
-Никогаш не било вака, за мерак. Не паметам кога имало толку публика за 11 Октомври. Овој клуб го заслужува тоа - смета Конески.
Некогашниот фудбалер на Хајдук од Прилеп, од пред Втората светска војна, занаетчија, цела измината сезона стискаше палци за саканиот клуб. Во друштво е со Цане Џандарот и уште неколку фудбалски запаленковци. Речиси не пропушта натпревар, особено кога е убаво времето.
- Единствено кога беше студено паузирав. Во неделата се разубави и со такси стигнав до стадионот. Не се пропушта славеничкиот натпревар - вели Конески.
Екипата на 11 Октомври веќе е нов прволигаш. Во август е почетокот на сезоната. Навивачите се нестрпливи, меѓу нив и Мигачо.
-Само здравје. Додека ме држат нозете ќе бидам на трибините во Прилеп - најавува Конески, кој сигурно е меѓу најстарите навивачи на Балканот и пошироко.
![Палец горе (y) (y)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsup.png)

![](http://www.novamakedonija.com.mk/Uploads/News/prilep---Borka-Koneski---Mi.jpg)