Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Не е воопшто крив за вториот гол. Требаше некој да тргни во шутот на Џеко, башка тоа, топката имаше лошо движење.
 
Ах Де Геа, Де Геа.. ај ќе ти се прости.. прва официјална утакмциа му е...
 
Друже кој и да бил, би имал трема на ваков натпревар. Првиот гол како и да е, можеше да излезе на топка ама не го стори тоа. А и Фердинад не го чуваше добро Лескот. Ама вториов гол и дете од 15години би ја фатило таа топка.
 
И сеа криво ми е што кривиците за примените голови ќе му ги препишат на Де Геа.А детево ни криво ни дужно.
Како и да е имате сигурен наследник на Ван Дер Сар.Малиов ќе биде голманиште и пол,типична ѕверка.

п.с.Прв официјален натпревар му е,плус против градскиот ривал Сити.Има притисок,плус не заборавајте дека има само 19 години.
20 има бе, си расте детето.
Него 2 пати по ред ќе губиме од Сити како одат работите. :confused:
 
И сеа криво ми е што кривиците за примените голови ќе му ги препишат на Де Геа.А детево ни криво ни дужно.
Како и да е имате сигурен наследник на Ван Дер Сар.Малиов ќе биде голманиште и пол,типична ѕверка.

п.с.Прв официјален натпревар му е,плус против градскиот ривал Сити.Има притисок,плус не заборавајте дека има само 19 години.

Како тоа ни криво ни дужно? Двата гола беа негова грешка, на првиот мораше да тргне топката иде накај негов гол во 5 метри не се чека таму.
Вториот до него помина...
И пак детево ни криво ни дужно а?
Викате зверка е, а Шчезњи за една грешка (која и не беше негова туку на Кошчиелни) и одма почнавте да серете сите дека Арсенал требало да купи голман бла бла бла...

Сега знам дека ако Де Геа вреди 20 милиони тогаш и Шчезњи вреди толку зашто во најмала рака е исто квалитетен како него

Иначе на играта, да типично да Сити не играат ништо а сепак водат, цела сезона ќе биде вака против појаките тимови со нив
 
Можеше и Де Геа да тргне на таа топка, ама и тој се двоумеше му се тресат рацете. Инаку не сум задоволен со стилот на играта. Играме нешто слично како Барса, Арсенал цело време топката во нас и се подава цело време и само 1 шанса цело полувреме.

Во меѓувреме 2-0. Што голман донесовме? :tapp:
Вториот гол е истиот како Меси шо му го даде на Ван дер Сар во финале, па никој не му замери тогаш. Смирено, прв официјален натпревар му е, има време за него. А за натпреварот голем дел имавме посед, ама како што викаш само една шанса напраивме и се надевам у второ ќе стигнеме до продолженија.
 
Nisu mu ravna ni sva mora,ni sve rijeke,boLjeg igrača nema od Edina Dzeke.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Al.
Дете е ќе му простиме!Ништо страшно.Според моето да беше ВДС на гол ќе беше уште 0-0.
На првиот гол ќе излезеше и ке го разнесеше Компани,а на вториот лагано ќе си легнеше.
Но добра ни е играта првиот дел,не сум ич задоволен од Керик,само Ферги да го извади него и да го уфрли Клеверли во игра(се плашам дека ќе го изваде Андерсон).Може и друг десен бек да се уфрли,Џонс најверојатно место Смолинг или Фердинанд.
 
Во меѓувреме 2-0. Што голман донесовме? :tapp:
Само едно прашање.. Каков гол прими ВДС од Меси во ЛШ на Вембли??

Немојте одма по де Геа.. Оти му дадоа да шутира на Џеко?? Ајде, нема предавање, можеме до 2:2 и после на пенали ќе видите кој е Давид де Геа.. ГЛОРИ!
 
Голот на Џеко = голот на Меси во финалето.Одбраната е крива што му остави простор и време да го издрка 5-6 пати и да шутира.Штета, ми изгледаше као полувремето да беше наше, со оглед на поседот и шансите.
 
Дете е ќе му простиме!Ништо страшно.Според моето да беше ВДС на гол ќе беше уште 0-0.
На првиот гол ќе излезеше и ке го разнесеше Компани,а на вториот лагано ќе си легнеше.
Но добра ни е играта првиот дел,не сум ич задоволен од Керик,само Ферги да го извади него и да го уфрли Клеверли во игра(се плашам дека ќе го изваде Андерсон).Може и друг десен бек да се уфрли,Џонс најверојатно место Смолинг или Фердинанд.

se gleda deka nemas vrska, kade kompani go najde tuka ?
 
Бидете трпеливи со Де Геа, се гледа дека има голема трема. Не брани секој за Јунајтед на 20 години, не е мала работа тоа. Како фан на Барселона кој го има гледано Де Геа многу почесто од ЕПЛ фановите многу пати бев воодушевен од него. Има огромен талент и квалитет, му фали малку искуство и да се ослободи од тремата.
 
se gleda deka nemas vrska, kade kompani go najde tuka ?
Уствари Лескот беше стрелецот,сакав Лескот да пишам,ама у брзањето,направил сум згрешка.А уствари мислеш дека немам врска од ова?Дечко ти немаш врска.
 
Нашле да јадат гомна за најдобриот светски голмански талент (после Шчезни, кој во следните 15-16 години ќе биде најдобриот голман на светот).
 
Не е воопшто крив за вториот гол. Требаше некој да тргни во шутот на Џеко, башка тоа, топката имаше лошо движење.

Премногу е крив за вториот гол , бидејќи имаше доволно време да се помести еден чекор и да ја собере топката, да не зборувам шо шутот одеше без спин и беше само на поламетро од него и ова беше лесна парада !

МЕЃУТОА - грешките се составен дел од секој играч и секако не треба слабово полувреме на Де Геа да го обесхрабри да се подобрува и да се бори за место во првиот состав!
Не треба да му се создава притисок (од навивачите и соиграчите).. пошто млад е и не вервам дека е нешто психички стабилен да може да ги издржи англиските медиуми во наредниов период...кои сигурно душата ќе му ја одерат ,посебно ако загубиме денеска !

Иначе полувремево никој неможе да ме убеди дека Сити се толку појаки колку што резултатот зборува...
Сепак се гледа дека средината не штима ич....и многу е веројатно дека Бербатов или Парк ќе влези на старот од второто...
А според мене, чинам дека и Рафел ќе биде итекако потребен за пресингот што ќе го играме второво полувреме...пошто рака на срце придонесите во нападот на Смолинг и Рафаел е гревота да се споредуваат !!!

*******
Ќе биде интересно...не се даваме толку лесно...само треба да останат играчите присебни да не се провоцираат...мислам дека пресврстот е многу можен !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom