Сум чувал цел живот папагали дома, така да се што можам да ви кажам е
секој ден да го пуштате да лета. Најдете му соодветна соба и доколку имате слики во неа или тргнете ги или покријте ги со нешто, пошто знаат папагалите рамките да ги гризат. Истото важи и со книгите, календарите, тетратките и слични целулозни предмети.
Мавањето во ѕидови на почетокот е нормално за одредени видови, исто како и агресивноста и непослушноста. Со тек на време ќе се навикне на вас и на „наредбите“.
Нежност и големо трпение на почетокот со секој вид на папагал е есенцијална. Дневно менувајте му свежа вода и гледајте да има нон-стоп за јадење. Огледало во кафезот е одлична занимација за него пошто ќе мисли дека е друг папагал и нема да му биде толку досадно дури е затворен.
На почетокот доколку го пуштате денски и сакате да го внесете дури сеуште е дење, а имате големи тешкотии во тоа (доколку сукалото и приближувањето на кафезот не помагаат), тогаш пуштајте го исклучиво навечер па за пиќање во кафез направете го следново:
Во затворената соба со запалено светло приближете му се и осигурајте се дека ќе ви биде на дофат на рака. Некој друг член од семејството (или другар/ка) на ваша команда нека го изгасне светлото и веднаш нежно земете го во рака. Доколку имате мали раце или папагалчето ви е троа големнко, користете ги двете раце со цел да формирате „лесен кафез“ со дланките. Битеде нежни. Чим го имате во раце другарот ќе го запали светлото и со леснотија ќе го бутнете во вистинскиот кафез. Затварате вратниче и немате гајле.
Со тек на време ќе го научите да ви застанува на прст, па дури и само да си влегува во кафез. Но за да биде послушно ќе треба пополека да го ослободите од стравот и чувството на заробеништво. Како? Пуштајте го често да лета и кога можете играјте си со него, зборејте му, имитирајте ги неговите звуци (колку можете) итн итн.
Еднаш во два месеци задолжително е да го бањате. Не со тушот под када, ами да му оставите во собата во која лета, широко но релативно плитко канче со чиста млака/ладна вода.
-Почнете (првите неколку месеци) со прстот да буричкате во канчето креирајки го звукот на жуборкање на водата. Папагалчето ќе слушне и ќе се заинтересира за тој „феномен“. Ќе сфати дека во канчето има нешто интересно за истражување. По ова вие се тргате на страна и го оставате самото да си се избања. Процесот е преинтересен за набљудување. Понекогаш поготово на почетокот може да биде потребно да ја напуштите собата на едно пол саат и да му дадете време на папагалот да го победи стравот и да се соочи со водата. Кога ќе влезете после тие 30 мин, би тербало да го најдете папагалчето некаде високо на некој плакар како се суши.
П.С. Што поголем кафезот толку подобро.
Сега за сега толку имам д пишам, ако има некој друг поискусен нека ме корегира или нека дополни.