КОСМОС - станбено-деловен комплекс

I

Iblis

Гостин
Што ти значи тоа "со чисти раце"?

Да нема убиено ниеден човек?

Да не продавал дрога или оружје?

Да не ограбувал банки?
Не бе, да ги мие :P. Кој политичар е со чисти раце жити се О.0
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.893
Што ти значи тоа "со чисти раце"?

Да нема убиено ниеден човек?

Да не продавал дрога или оружје?

Да не ограбувал банки?
Ќе се правиме на тошо сега.?
Знаеш на што мислам...да работи легално ,според ЗАКОН
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ама затоа Мајбахот на Бојо се купува со чисти раце :pos:
Уште кога ќе ми текне дека пред 10 години беа неразделни ми иде порив да направам самоубиство.:)
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Ќе се правиме на тошо сега.?
Знаеш на што мислам...да работи легално ,според ЗАКОН
Ако е такво твоето прашање, т.е. прашуваш дали има бизнисмен во Македонија кој може да има Бентли а истовремено да работи според закон, тогаш јас тврдам ДА - ИМА.

Зошто? Ако некој може да купи Бентли во МК со неплаќање данок, тогаш може да го купи и со плаќање данок.

Кумулативниот данок на ќарот на еден бизнисмен е 20-30% од приходите минус трошоците. За да тој може да купи таква кола со неплаќање, морал веќе да има приходи од неколку милиони Евра. Ако плаќа данок, ќе купи Бентли само малку покасно, ако не оваа година, тогаш за 2-3 години.

Ја сфаќаш логиката? Ако може да купи Бентли со неплаќање, теоретски може и со плаќање данок - само покасно. Не можеш да не плаќаш милионски данок ако веќе не си изградил бизнис кој има милионски приходи.

Значи, збориме за бизнисмени што не се вмешани во дрога, убиства, шверц и класични грабежи.

Затоа те прашав што подразбираш под тоа "со чисти раце".

Конкретен пример ти е Велија Рамковски. Он дефинитивно има(ше) пари за Бентли. Он се утепа од неплаќање данок и неплаќање на доверителите, но не продаваше дрога и не убиваше луѓе. Е сега, во Македонија, од 2.1 милиони луѓе, има можеби 5,000 бизнисмени што работат со големи пари. Статистички, сигурно има барем 50 тина што се стварно поштени.

Јас лично знам неколку, но не се познати во широката јавност. Има такви што се занимаваат со извоз на софтверски услуги, 3Д анимации, и слично. Дефинитивно имаат пари за Бентли.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
А да не спие на таван и вошки да не има исто Фијат?

И врапчињата знаат дека ако власта сака да те уништи, колку сакај биди чист, некоја инспекција или орган ќе ти најде некаква неправилност.

Ќе ти дадам еден пример: Кажи ми дали некогаш си бил во странство?
Види сега еден од непријавените ми е пријател така да тоа ми е сигурно.
Друга работа е зошто не платил 5 рати и дозволил да се надмине висината.
Трета јас пишав дека сите дури и тој дека знаеме оти е еден од првите кои ќе се на тапет на власта.
Четврто тојсепак си дозволи очигледни грешки.
Петто јас не одговарам за него.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Види сега еден од непријавените ми е пријател така да тоа ми е сигурно.
Друга работа е зошто не платил 5 рати и дозволил да се надмине висината.
Трета јас пишав дека сите дури и тој дека знаеме оти е еден од првите кои ќе се на тапет на власта.
Четврто тојсепак си дозволи очигледни грешки.
Петто јас не одговарам за него.
Прочитај што вика Фијат за висината. (BTW, обрни внимание дека тука се зборува за висина на приземјишната плоча, а не на висината на зградата!) При копање на темелите, утврдиле дека подземните води се повисоко отколку што претпоставувале. Затоа, морал сите дуќани што му биле на приземје да ги отпише и наместо нив да ги изгради гаражите кои по проектот биле во подрум, а сега доаѓаат на приземје наместо дуќаните. За тоа, поднел барање за измена на проектот. И тука се комплицира работата. И сакаш да кажеш дека при непостоење на никаков ќар за Фијат, он нешто тука намерно правел дубари? Ако е проблемот во документацијата, тоа се решава во процедура, што тој и пробал да го направи, но џабе - ако решиле да не му дадат да ја изгради зградата, тоа е тоа.

Иначе, незнам колку се разбираш во градежништво, но на терен често работите не испаѓаат како во проектот. Затоа и има легални процедури за менување на проектот, и буквално секој инвеститор го прави тоа со секој проект.

Пример, во проектот си ставил стан од 100 квадрати со 4 соби. За време на изградба на зградата, го продаваш станот на купец кој сака поголема дневна. За таа цел, мора да се срушат (или неизградат) два цели ѕида. Инвеститорот поднесува барање за промена на проектот, и општината одобрува. Зарем ова е некаков криминал?

Ако одговорот ти е - не е криминал, но тука нема никаков ќар, тогаш кажи каков ќар би имал Фијат од измените што ги направил?
 
Пак ти што вика Фијат. Гајле ми е што вика, тој сега се може да рече. Штом немал одобрение можел да почека, но тој на своја глава си работел. И еве што му се случи.
Во градежништвото се разбирам доволно за да можам да се вклучам во дискусија. За тебе не знам, можеби си градежен инженер, можеби си само студент на ФОН по бизнис.

А тоа што не плаќал си е друга приказна.

Види доста ми го браниш. Јас не негирам дека неговото гонење нема политичка заднина. Но тие кои го гонат си имаат добра причина за тоа да го прават. А тоа се неплаќање 5 рати и отрпаки во висината.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Колку ме нервираат некои паметњаци партиски членови од власта , викаат : кога можеме ние да изградиме според законот или кога можеме да платиме даноци и сметки ... зошто да не плати и Фијат.

Кога ги читам таквите си велам кај живеам јас , зарем сите се почитувачи на законите , зарем сите платат сметки и данок , зарем никој барем малку не краде нешто од оваа држава.
Зарем сите возат автомобил според пропишаните знакови , никој ли не плука на улица ?

Еден пример го кажувам по втор пат на овој форум : Кога Бајруш Сејдиу се носеше од полициското комбе кон судницата тој при излегување плукна на улица , една телевизија (А1 или Сител) рекоа дека лицето Б.С треба да се казни за плукањето , покажувајќи ја снимката , и се стори токму тоа , го казнија 50 евра.

А кога Горан Трајковски , шефот на УЈП беше снимен како пуши цигара во затворена просторија во УЈП , од МВР рекоа , снимките не можат да се употребат како доказ, и затоа нема да има казна за лицето Г.Т.

Ете што значи моќта на власта , за противниците се стават во улога на обвинител , а за своите членови изиграваат адвокати.

Пола Штип и Прилеп била дивоградба.

И во самото Скопје има илјадници дивоградби.

Некои сега забрзано градат, за да можат да ги легализираат по евро/м2.

Зошто Објектот наречен Кинески Ѕид во тоа време не го срушија целиот ако и тогаш се изградило повише од дозволеното ?! Туку само кровот го дигнаа у воздух ?

Абе знаејќи какви далавери се прават у оваа држава од самата власт , од самите тие кои мораат да ги спроведат законите , не можам да речам бравос , затоа што знам дека ова е политичка одмазда.

Од една страна легализираат згради кои немаат платено ни еден денар кон државата , а од друга рушат згради за неплатени 2 рати и за 1.4 метри повисоко кренат објект , кој сеуште не е изграден , значи може да не се изгради еден спрат.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Колку ме нервираат некои паметњаци партиски членови од власта , викаат : кога можеме ние да изградиме според законот или кога можеме да платиме даноци и сметки ... зошто да не плати и Фијат.
Тој да не е загрозен човечки вид па да смее да не работи согласно законот?
И тро намали со етикетирањето.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Тој да не е загрозен човечки вид па да смее да не работи согласно законот?
И тро намали со етикетирањето.
Оваа власт промовираше некои нови закони за градба , па велеа , ако општината не ти одговори на барањето за градба за неколку дена , ти веќе можеш да започнеш со градба, демек нема веќе како порано , да чекаш со месеци за да добиеш дозвола за градба.

И Фијат се жали дека не му се одговорело на неговото барање , па си изградил според неговото барање за кое не добил одговор, нека ги казнат сега вработените во општината за бавната работа.

Џабе трошени пари за кампањи кога во пракса не оди така, џабе лажење дека граѓанинот е над сите , едношалтерски , еднодневен , експресен , брзи гонзалес систем.

Па уште викаат , инвест ин маседониа.
 
Фијат сега се може да си кажува. Штом не добил одобрување не требело да гради. И дали воопшто доставил барање.
Јас не знам што викаат, но знам дека ако сум еден од првите кои ќе ги гони власта нема да должам 5 рати и нема да градам надвор од дозволеното.
Ти од инает бранејќи го и кило сол изеди ако сакаш грешката сепак си е негова.
 
Вистина дека ние не знаеме што точно се случува , можеме само да погодиме , барем за документација-дозволи.

Вистина е дека кога Фијат беше дел од власта некако поинаку се одвиваа работите , во неговиот университет редовни гости му беа министри па дури и премиерот лично, правеа еден вид реклама за ФОН.

Арно ама сега кога промени коалиција , сега не му ги простуваат гревовите.

Знаеш што велеа од општина Гази Баба во тоа време ? Велеа дека ќе сменат ДУП , ќе дозволат да се спојат маркици за да се изгради Космос , ќе дозволат ова и она , да во тоа време беа спремни на се , само за да ја добијат оваа инвестиција , пошто како што велеа , ќе се слеваат големи пари од плаќањето комуналии , исто така успееја да решат некои други проблеми , беа спремни во тоа време.

Затоа што се урбанизираше еден дел од општината , пустина , без никакви услови за живот , со јами и без вода, влегуваше инвестиција од 30 милиони евра.

30 милиони евра е голема инвестиција и за целата држава а камо ли за една општина ( Македонија имаше помалку од 200 милиони евра странски инвестиции)

Се градеа домови за 4000 лица , цело Пехчево да го вдомиш во овие згради.

И одеднаш све на брзина , едношалтерски , експресно , се мери , се брои и се одлучува дека објектот треба да се руши до темел.

Не ги боли таквото , дека се работи за 30 милиона евра , за 4000 лица , кои купиле станови однапред ... одма носат работници и започнуваат со рушењето , не сакаат да слушнат друго мислење , да видат други документи ... ќе рушиме велат , све ќе рушиме , 1.4 метри е повисоко , бреј , па толку е сателитската антена на мојот сосед што ја има закачено на кров , елате срушете му ја куќата , ја надминал висината.

Па дури и за празникот Илиден , гледам пратиле работници , на државен празник работат , без заштитна опрема , им се брза да го рушат , да не им побегне негде објектот несрушен , не почитуваат ни права на работници ни безбедност.

Ај да беше во некој строг центар , ќе му гледавме кусури , и за 30 сантима , ама ова е пустина бе , нема ниедна зграда во околина , нема ниеден пат , нема канализација , нема ништо , тие треба да се гордеат со оваа инвестиција , ќе им стане позната населбата , ќе почне да се урбанизира, елитна населба.

Како само рушат , како да се работи за ромска монтажна куќа од картони и железа.

Ја рушат како да е изградена на место каде е предвидено да помине некој автопат , или на место каде има дијаманти.

Ќе сменат детален урбанистички план ако треба , исто како што смениле еднашка кога му дозволиле да ги спои маркиците во една , се работи за пречекорување во висина , и тоа во незавршен објект , ако мислат дека ќе го попречи сонцето , нека му речат да остави еден кат пониско.

Се работи за голема инвестиција , не може туку така , со ароганција и одмазнички да се реагира.

Па сега најави инвестиција една америчка фирма Кемет во Бунарџик од 12 милиони евра , цел државен врв беше во фрлање на темелите , недела дена се вртеше веста по медиумите , особено во МТВ , Кемет инвестира , Кемет инвестира.
А тука 3 пати поголем инвеститор не го шишаат ни 2%.

Ја не бранам никого , немам никаков интерес , ама не треба да се брза со рушење , тоа е најлесното , добро би било да се спогодат , објектот сеуште се гради , може да се поправи грешката.

Јас гледам одмазда во овој случај.

Ако можеа да сменат урбанистички план за спомениците во самиот плоштад , зошто да не сменат и за пустината Керамидилница , 1.4 метри не е многу, толку се само мади*ата на коњот на Александар.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Пак ти што вика Фијат. Гајле ми е што вика, тој сега се може да рече. Штом немал одобрение можел да почека, но тој на своја глава си работел. И еве што му се случи.
Во градежништвото се разбирам доволно за да можам да се вклучам во дискусија. За тебе не знам, можеби си градежен инженер, можеби си само студент на ФОН по бизнис.

А тоа што не плаќал си е друга приказна.

Види доста ми го браниш. Јас не негирам дека неговото гонење нема политичка заднина. Но тие кои го гонат си имаат добра причина за тоа да го прават. А тоа се неплаќање 5 рати и отрпаки во висината.
А ти пак им веруваш на властите, а? Кај прочита дека не платил 5 рати?! Властите викаат и дека Фијат нелегално изградил 35,000 квадрати, а зградине се со едвај неколку спрата дигнати столбови и плочи.

На страна сето тоа, се гледа дека си ептен среќен што го рушат Фијат.

Сигурно ќе кажеш дека така требало бидејќи не плаќал даноци или слично. Те заболе тебе за тоа кој плаќа а кој не плаќа даноци. Него проблемот е во тоа што си имаш фатено политичка страна и се ситиш на несреќите на сите политички противници, без никакво човечко чувство.

Јас нити го познавам Фијат ниту имам било каков ќар од неговите активности. Едноставно, знам што значи приватен бизнис, колку е тешко да работиш, особено во нашата земја, и нормално дека сочувствувам со било кој човек кого државата го заебава (да ти потенцирам дека и самиот признаваш погоре дека гонењето на Фијат има политичка позадина).

Мене како независен набљудувач ми е жал за тоа што политички го гонат Фијат, а тебе ти е мило.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom