...od kade mu pravo da prodava neizgradeni stanovi...
Што тропаш бре. (1) Законот дозволува и (2) сите работат така.
--- надополнето: Aug 3, 2011 9:38 AM ---
... a pak sto e uste pocudno od kade mu pari na canovski da gradi objekt tolku skap...
Да не си замислуваш дека живееш во комунистичка Југославија? Што има врска рушење на инвестиција (зграда) со тоа колку човекот е богат?
Не можам да сфатам како некои луѓе прво плукаат по "комуњарите", а после се бунат што има богати луѓе и бараат да им се земат парите и да се поделат меѓу народот.
Капитализам друже! Баравте - гледајте!
Или да не сакаш да се вратиме во социјализам, па да сме сите еднакви по богатство?
Жив пример е Јанко Бурек. Самиот не е свесен дека во главата има целосно контрадикторни сфаќања. Цело време ги критикува комуњарите и го фали новиот систем во независна Македонија, а истовремено жали за Југославија и вика дека тогаш подобро се живеело?! Сам на себе не знае да си објасни што мисли и што сака.
--- надополнето: Aug 3, 2011 9:43 AM ---
Колу и да сакам да му верувам на Цаноски кога ќе ги видам:Андреј Петров, Ивановски и Макрадули како стојат зад него додека дава изјава , прво ми се гади а после ми иде мислата така му и треба. Ако сака да го бутка овој спор нека го бутка сам во спротивно сам себе се демантира со изјавите дека овој случај е исполитизиран.
Тоа што Петров, Ивановски и Макрадули стојат зад него не може да ја смени фактичката ситуација ако Фијат е во право.
Наше е да ни се гади, но какво е нашето расудување ако мешаме емоции и разум?
Разумот во случајов кажува дека рушењето е политички-инспирирано.
Стави се во ситуација да си инвестирал милиони Евра во некој проект, си ги извадил сите дозволи и си ги поминал сите процедури, и сега гледаш како некој безобразно и арогантно ти ги руши. Ќе тераш сам или ќе ја прифатиш цела понудена помош?
--- надополнето: Aug 3, 2011 9:50 AM ---
Читам денес во Вечер, како безобразно пресметале дека од зголемената висина (не кажуваат дека висината е на приземјето, а не на целата зграда, бидејќи сеуште е неизградена) Фијат ќе ќарел 35,000 квадрати стамбен простор..?!
Некој пак коментатор пресметува вака: 1.43цм "пута" 35,000 квадрати "пута" 900 Евра - = 31,5 милиони Евра,
украл Фијат од државата. ?!?!?
Прво, зградата не е на државата, па Фијат да ја краде зградата од државата?!?
Второ, ако тие 1.43цм се нов спрат, за какви џуџиња ќе бидат тие станови и кој ќе плати 900 евра за стан со таван од 1.4 метри?!?
Трето, ако тие 1.43цм се зголемена висина на постоечки спрат, тогаш немаме никакви дополнителни квадрати стамбена површина, значи нема никаква поента во пишувањето.
Просто се чудам како некои луѓе толку просто размислуваат и донесуваат такви дегенски заклучоци. (Ова за коментаторите во Вечер...)
--- надополнето: Aug 3, 2011 9:58 AM ---
Иначе, во меѓувреме почнува да се насетува одговорот на прашањето зошто Фијат не ги плаќал ратите за комуналии редовно, што во никој случај не смее да резултира со рушење бидејќи државата нема никаков ризик да не ги наплати тие пари, и рушење заради каснење со рати е тешка пакост, како да имаме илјадници инвеститори кои чекаат во ред да прават згради во Скопје со цел да се зголеми понудата и конечно да паднат цените на становите.
Дали некој од вас, доколку уплатил стан кај Фијат и склучил договор за плаќање на рати и си ги плаќал ратите редовно се до сега, дали ќе продолжите да ги плаќате ратите за вашиот стан и покрај овие последни случувања? Мислам дека секој нормален човек привремено би престанал да ги плаќа ратите додека не се расчисти ситуацијата.
И замислете утре, кога евентуално зградава ќе се изгради, Фијат да дојде да ви каже - не ти го давам станот затоа што си каснел со ратите во летото 2011. Во ред би било тоа?
Отприлика иста е логиката на Фијат кој привремено престанал да ги плаќа ратите кога надвор од процедурите му ја одземаат веќе правосилната дозвола за градба. Кој нормален човек би продолжил да плаќа по 200,000 Евра (!) месечно на општината и на Градот а овие му викаат пупу не ти важи дозволата (која ние сме ти ја дале месец дена претходно) и не смееш да градиш? Наместо тоа, овој привремено прекинува и низ легална процедура се обидува да ги реши проблемите што му ги прави општината.
Многу педерско играње.
Ама џабе зборење и објаснување - ќе се јави некој хеклер и ќе пише "Ааа, осеќам дека има нешо сумљиво у ова"
и што да се објаснуваш после тоа..?