- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.966
- Поени од реакции
- 4.073
Во САД е корупцијата е легална и има име се вика лобирањеСАД , како што гледаш, се исто понекорумпирани од Македонија.
Во САД е корупцијата е легална и има име се вика лобирањеСАД , како што гледаш, се исто понекорумпирани од Македонија.
Го ценам тоа што се корегираш, ветувам дека и јас ќе се корегирам ако згрешам, но повторно мислам дека не ти се точни бројките и констатациите. Еве зошто:Втората група има многу сличен индекс на корупција со нашиот. Ако го земеш во предвид фактот колку построго не оценуваат нас, отколку нив ќе видиш дека сме во целосно иста ситуација.
Во ред можеби констатацијата ми беше погрешна. Точната би била 80% од Европските земји имаат сличен или полош индекс на корупција од нашиот. За Скандинвските држави и Канада не ми паднало на крај памет било кога да ги споредам со Македонија.
Корупција е криминално дело, а лобирањето е легално.Во САД е корупцијата е легална и има име се вика лобирање
Најсликовито и со корупцијата и со лобирањето се даваат парични средства за да се отствари лична цел на тој што лобира/ корумпира.Корупција е криминално дело, а лобирањето е легално.
Сликовито и грубо објаснето, корупција и лобирање се слични исто колку што се слични градење на зграда со дозвола и градење на зграда без дозвола.
Не е проблем. Се извинувам за погрешните бројки. Твоите се прецизни. Не тврдам дека не е валиден изворот, напротив, се работи за најугледната институција во тоа поле, Транспаренси интернешнл. Кај нас нивниот претставник е политички активен, но не би ја менило премногу ситуацијата и не влијае битно врз објективноста. Високото ниво на корупција е реалност во Европа, тоа го кажува и овој извештај. Еве ако те интресира како се пресметува индексот детално, штета што ги нема само бројките што ги дале анкетираните бизнисмени, без експертите, би добиле одлична слика за муабетов. Ако ја погледнеш методологијата можеш да видиш дека корупцијата јаде сериозен процент од БДП на земјите.Го ценам тоа што се корегираш, ветувам дека и јас ќе се корегирам ако згрешам, но повторно мислам дека не ти се точни бројките и констатациите. Еве зошто:
1. Втората група нема многу сличен индекс како нашиот, затоа што ние имаме индекс 4.1, а Британија има индекс од 7.1 ! Германија има индекс од 7.9! Тоа е скоро ДУПЛО подобар индекс од Македонија. А јас и ти кога разговаравме, зборувавме за Британија и Германија, не зборевме за Србија и Романија!
2. Тоа дека построго не оценувале нас не е никаков факт. Од каде е таа претпоставка? Грција и Италија, членки на Европската Унија имаат полоши индекси од нас, па никој не вика дека построго ги оценувале од Данска или Норвешка?? Индексите се релативна бројки, и приближно ја покажуваат ситуацијата на терен.
3. Не можеш прво да цитираш извор и документ, а потоа да викаш дека не е валиден затоа што нас построго не оценувале. Ги заболе нив за Македонија. Податоци се податоци, ако нешто штелувале, ќе штелувале за САД или за Русија, а не за 2.1милионата Македонија.
4. Не ти е точно ни тоа дека 80% од Европските земји имаат сличен или полош индекс од нашиот. Еве зошто: ако земеш дека целата листа има 178 земји, и ако земеш граница да биде индекс 5.0, тогаш 133 земји имаат сличен или полош индекс од нашиот. Тоа се 74% од СИТЕ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ. Значи ем се помалку од 80% ем се брои од сите земји во светот, а не од Европа. Или, ако сакаш поточно, само 41% посто од државите во Европа имаат сличен или полош индекс од нашиот, а само 27% од ЕУ (претежно поранешните советски сателити) имаат сличен или полош индекс од нашиот.
Извини ако ги дисекцирам твоите одговори, но мора да ја запазиме прецизноста за да не извлекуваме погрешни заклучоци.
Како и да сакаш да објасниш, мораш да признаеш дека во лобирањето има правила и има граници. А во корупцијата нема правила, нема граници, и нема никаква одговорност. Има само криминал.Најсликовито и со корупцијата и со лобирањето се даваат парични средства за да се отствари лична цел на тој што лобира/ корумпира.
Така да во твоето грубо објаснување некој што гради без дозвола, ќе лобира кај градоначалниот за да ја изгради зградата со тоа што ќе донира ѓубрарки за комуналното претпријатие на општината, а за возврат градоначалниот ќе му рече ај замижи и ќе му потпише дозвола за градење.
...Транспаренси интернешнл. Кај нас нивниот претставник е политички активен, но не би ја менило премногу ситуацијата и не влијае битно врз објективноста.
Уште еднаш изгледајте ги видеата за да продолжиме со конструктивна дискусија и пред се дискусија во врска со темата и подфорумот.Интерју со Цановски во врста со КОСМОС
http://www.youtube.com/watch?v=MEQ7eOnPNv4
http://www.youtube.com/watch?v=2s7H_a-dEM4
Добро објасни Фиат дека нема некаква голема корист од отстапката и го демантира Латас. Тој кажуваше во второто видео дека без проблем во законот можел да се менува распоредот на становите, што и никој не му спори. За висината ми беше спорно објаснувањето, тврдеше дека почетна кота треба да биде тротоарот што тој ќе го изградел на крај а не улицата. Тоа не ми изгледа логично. Јас кога градев архитектот сметаше во однос на улицата. Ако има некој архитект да го дообјасни ова на форумов би бил благодарен.Уште еднаш изгледајте ги видеата за да продолжиме со конструктивна дискусија и пред се дискусија во врска со темата и подфорумот.
Има интересни детали ... На пример на почетокот Цановски зборува дека тој добил одобрение буквално да прави што сака на тој простор, а со тоа и сам на свој трошок да го менува ДУПот. Многу интересна изјава...не сум упатен многу во законите но одобрување на менување на ДУП на сопствена иницијатива не ќе да е баш најзаконско.
Како и да е типот изгледа многу самоуверен и добро информиран а пред се има и силни аргументи. Додека другата страна се фрли на оние 1,43 метри.
А ДУП-овите сигурно не се напишани во Библијата или во Уставот. Се менуваат и се надоградуваат според потребите на граѓаните и мислењето на стручната јавност. Единствено треба да се во согласност со ГУП-от, во спротивно се врши кривично дело. А и ГУП-овите се менуваат, но поретко. Единствено што треба да се почитува е процедурата, која налага отворена презентација и дискусија....На пример на почетокот Цановски зборува дека тој добил одобрение буквално да прави што сака на тој простор, а со тоа и сам на свој трошок да го менува ДУПот. Многу интересна изјава...не сум упатен многу во законите но одобрување на менување на ДУП на сопствена иницијатива не ќе да е баш најзаконско..
Kako prvo zgradata Kosmos ne e na ul. Perno Nakov od nea ja deli 1 kilometar. Ta se naogja na ulica sto toj ja proektiral posto pred toa tamu i nemala ulica mocuriste biloИма улица, Перо Наков е изградена и веројатно се ориентирале по неа. Тој прво кажува дека влезот е од страна на Перо Наков, после тоа тврди дека почетната кота треба да се земе од средината на земјиштето каде што би биле влезовите, па на крај споменува некоја улица Индустриска. Во тој дел остана целосно конфузен, барем јас не го разбрав. За се друго од аспект на промена на план со цел промена на распоред беше во право. За бланко дозвола за промена на план, доколку не ја добил на хартија, а не смее да ја добие, џабе му е, не му вреди воопшто.
Проектот му се води на Перо Наков, тоа и самиот го кажа. Значи требало да се ориентира по неа. Ова мене ми личи на некоја грешка на архитетектот, што овие безмилосно ја искористија. Гледај го видеото Фијат на неколку места вика дека инспекторот не е во право, па после неколку реченици вика, еве и нека е во право, планот може да се измени.Kako prvo zgradata Kosmos ne e na ul. Perno Nakov od nea ja deli 1 kilometar. Ta se naogja na ulica sto toj ja proektiral posto pred toa tamu i nemala ulica mocuriste bilo
Ги изгледав видеата, а за целосна слика, треба да ја слушнеме и другата страна. Тоа што не е најјасно е зошто Фијат не ги плаќал редовно ратите за комуналии, но од друга страна разбравме дека градоначалникот пробал нелегално да му ја одземе правосилната дозвола за градба, што е спротивно од законот.Има улица, Перо Наков е изградена и веројатно се ориентирале по неа. Тој прво кажува дека влезот е од страна на Перо Наков, после тоа тврди дека почетната кота треба да се земе од средината на земјиштето каде што би биле влезовите, па на крај споменува некоја улица Индустриска. Во тој дел остана целосно конфузен, барем јас не го разбрав. За се друго од аспект на промена на план со цел промена на распоред беше во право. За бланко дозвола за промена на план, доколку не ја добил на хартија, а не смее да ја добие, џабе му е, не му вреди воопшто.
Да тој дел е нејасен, веројатно се надевал на промена на власта, па да искористи нешто. Мене ова по тврдењето на Фијат, ми личи на ситна грешка на архитектот, кога улицата е оддалечена 500м, грешка од 1.5м е ситна, но нормално не сака да го обвини за тоа. Ама има веројатност случајов да се реши без рушење и судења, туку со примена на најстариот занает.Ги изгледав видеата, а за целосна слика, треба да ја слушнеме и другата страна. Тоа што не е најјасно е зошто Фијат не ги плаќал редовно ратите за комуналии, но од друга страна разбравме дека градоначалникот пробал нелегално да му ја одземе правосилната дозвола за градба, што е спротивно од законот.
Но генерално сликата е горе-долу јасна.
Во овој случај единствено губи Македонија. Власта еден ден ќе си отиде во опозиција, а тие сигурно нема да ги плаќаат штетите од нивни џеб. Фијат еден ден ќе го добие случајов на суд, а ние граѓаните ќе платиме милионска отштета. Единствено имиџот на Македонија пред странските инвеститори неповратно страда, а од тоа губиме сите ние. Ова не е "политичка одлука" како што некој напиша погоре, ова е велепредавство на сопствената држава со долгорочни последици.