Наскоро ќе дојдат „патриотите“ и темава ќе отиде во пм.
п.с пари
Она мене што ми е смешно, е што најголемите патриоти всушност не ни живеат во државава!
Не викам дека џаболебарат таму, и дека се‘ им е розево на сите, ама тие се секогаш најгласни да не се селиме, а ако се исселиме, тогаш сме предавници. Парадокси еден тон е нашево државиче.
Инаку лично за мене, пред две до три години, немаше шанса да ме натераш да се исселам од овде, бев влезена во некој roots bloody roots филм, ама после вкупно 4 и нешто години работа, постепено ме угуши прашината на државата (да не употребам погрден збор), не можам да живеам цело време со етикети и поделби, тоа најмногу ми пречи. Не може човек сопствено (не дај боже слободоумно) размислување да има! Се чувствувам опресирана. Уште па ако зборам нешто за кое е јасно дека ќе бидеш одма етикетиран како предавник, кога ќе ми рече некој потивко, ќе те чуе некој
, ми иде да се фрлам од тротоар (ко што кажа еден член
). Така да, тоа би било причината, доколку се укаже соодветна прилика, да ја напуштам државава, секако не за навек, ќе си правам комбинации