Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот избор?


  • Вкупно гласачи
    360
Мене срцето ми е у Македонија, само што...главата го однесов на посигурно место. * пазите ве молам, ова е од Мемоарите на Еден Патриот :D
 
Јас ви гарантирам дека еден човек од Македонија со просечен живот подобро живее од богат човек во странство.
А тоа околу татковината нема врска , и да си во странство ако ја сакаш и знаеш како да ја сакаш(сигурно не преку интернет) татковината ти ќе твориш за неа . А од друга страна може да си некој кој живее тука , некој кој секој ден се лупа по гради за Македонија , но и некој кој кога работите ќе згуснат ќе испаднеш пичка и ќе се сокриеш во заборавот .
 
Да останете во Македонија, да живеете просечно, но да придонесете многу за татковината
Навистина порано сум думал за одење надвор...сепак неможам да се пронајдам во тоа како сум/би придонел за татковината со тоа што сум останал тука кога татковината добар дел од нас не смета за слепо црево, вишок. Што повеќе тука се трудиш да придонесеш, тоа си поподложен на удар на разни ветришта, струи...
 
Еден од многуте фактори поради кои ни е вака државичкава...

Иде гастрбајтер во Америка, седи таму 10 години, се пуни со пари за 243 поколенија, и после доаѓа секоја година на „иселенички средби на братсвото и сестринството“, дава изјава како тоа тој секоја година се враќа во Македонија, му недостига татковината, бла бла...
Еден од многуте показатели колку македонецот плитко размислува...

Нити ќе те клат директор во Америка, нити пак ќе земаш 100.000 долари плата месечно за да имаш кеш за 243 поколенија. Напротив, ќе ти падни дупо од `рмбање во некоја вукојебина, кај шо никој староседелец несака да работи. Бидејќи едната плата ти е малку, ќе фатиш и втора работа, како би можел да плаќаш кредит за куќа, кола и живот во Америка и да подсредиш нешто во Македонија. Нити ќе одиш на одмор, нити ќе видиш бел ден. Ќе пазаруваш во супермаркети, каде што е поефтино. На гости нема нити кај да појдиш нити кој да ти дојди, пошто никој не познаваш (читај трошок помалце). И за 10 години единствено што ќе ти остани е колата и куќите. Доволно за 243 поколенија да живеат.
 
Наскоро ќе дојдат „патриотите“ и темава ќе отиде во пм.

п.с пари
Она мене што ми е смешно, е што најголемите патриоти всушност не ни живеат во државава!
Не викам дека џаболебарат таму, и дека се‘ им е розево на сите, ама тие се секогаш најгласни да не се селиме, а ако се исселиме, тогаш сме предавници. Парадокси еден тон е нашево државиче.
Инаку лично за мене, пред две до три години, немаше шанса да ме натераш да се исселам од овде, бев влезена во некој roots bloody roots филм, ама после вкупно 4 и нешто години работа, постепено ме угуши прашината на државата (да не употребам погрден збор), не можам да живеам цело време со етикети и поделби, тоа најмногу ми пречи. Не може човек сопствено (не дај боже слободоумно) размислување да има! Се чувствувам опресирана. Уште па ако зборам нешто за кое е јасно дека ќе бидеш одма етикетиран како предавник, кога ќе ми рече некој потивко, ќе те чуе некој :tapp:, ми иде да се фрлам од тротоар (ко што кажа еден член :D). Така да, тоа би било причината, доколку се укаже соодветна прилика, да ја напуштам државава, секако не за навек, ќе си правам комбинации ;)
 
Excuse me?... Кој ти рекол дека у странство многу пари ке напраиш? Едина разлика е шо таму за истата работа ке зимаш неколку пати поголема плата и ако живиеш на корка леб може и ке заштедиш нешто.
Мислам, секако дека има предности по забадниве држави ама горе доле принципите се исти.

Тие шо се господа тука се господа и коа ке отидат у странство. Рмбачите тука пак рмбаат и у странство.

Убаво е у странство да одиш да се прошеташ да видиш друг свет, други луѓе па може и ке ти се свиѓа поише одтука па и да останеш со мерак.
 
Тука ќе работиш по 12+ саати дневно,ќе завршиш факултет,ќе земаш месечна плата висока колку дневна плата на еден просечен европеец и на крај ќе ти се испонаша некое партиско копиле со трето пикнато на високо работно место.Тоа е реалноста во Македонија.А на крај краева и да останиш во Македонија нема ништо да придонесиш за неа бидејќи овде ти си безгласна буква.
 
Она мене што ми е смешно, е што најголемите патриоти всушност не ни живеат во државава!
Не викам дека џаболебарат таму, и дека се‘ им е розево на сите, ама тие се секогаш најгласни да не се селиме, а ако се исселиме, тогаш сме предавници. Парадокси еден тон е нашево државиче.
Аха.Отсекогаш сум се прашувал како можат нашите иселеници да се најголеми „патриоти“ и ако се толку големи, зошто не дојдат да сврзуваат крај со крај во Македонија.Па уште кога ке ми се појават на телевизија и ќе почнат да ми раскажуваат приказни како тие ја сакаат Македонија,вложуваат во неа а некој ги нема и по 5-6 години да си дојдат дома.
 
јас не бегам, не верувам дека случајно сум се родил како Македонец, тоа дали е дарба или проклетство останува да видиме, ама останувам и јас тука
 
Еве зошто ќе имате проблем во животот, повеќето од вас. Затоа што сакате богат живот, сакате јахти и заебанции.
Не се задоволувате.
Мислите дека некаде ќе ви постелат црвен тепих, а нема да добиете ни едно добредојде од комшиите.

А иронијата е што пола од вас не се ни подготвени да ги засукаат ракавите и да работат ко што треба.

Мислите дека во странство со малце работа ќе добиете многу плата, а дека во Македонија со малце работа и без книшка, малце плата.
Со доволно работа, у странство ќе бидете богати, а во државава просечни и тука се појавуе изборот:
Сакаш да бидеш просечен човек во својата држава, граѓанин од прв ред, опкружен со своите пријатели и ист-јазик зборувачи и да имаш некакво слободно време
или
сакаш да бидеш богат човек во странство, граѓанин од втор ред, опкружен со непознати и алиенирани и да немаш никакво слободно време?
 
Еве зошто ќе имате проблем во животот, повеќето од вас. Затоа што сакате богат живот, сакате јахти и заебанции.
Кој спомна јахти и вили!?
Сакаме само пристоен живот, кој во Македонија нема да го добиеме наредните 15-16 години.
 
anketa1312364003.jpg


Бедни сте! .!.

Македонија се разбира, отсекогаш и засекогаш!
 
Би отишол на привремена работа да се собере нешто плус набрзина но никако не би живеел во странство.Мене ми е ептен чудно да сменам роден крај за друг град во државава(Ск) а не пак надвор од неа.Животот се живее со роднини,пријатели,не со туѓинци.Тој што е од работа и овде овозможува солиден живот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom