КОСМОС - станбено-деловен комплекс

Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Значи не би го бранел Фијат и да е во право, само затоа што тебе никој не те бранел кога ти си бил цел на линч?

Алал да ти е на логиката.

Еве јас ќе ти објаснам зошто би ги бранел другите иако тебе никој не те бранел: Заради морал, етика, човечност, за иднината на твојата фамилија, за да градиме поубаво општество. Ако секој гледа само за себе како што ти ми опишуваш, државава ќе остане Африка.

Иначе, ако си бил во право, еве јас ќе сум те бранел колку можам.

Реков дегени не поради ставовите, туку поради цитирањето на непроверени и недочитани информации. Има голема разлика.
Ако е во право ќе го бранам, ама тој сам си кажа дека објектот има отстапка во висината, значи не е во право. Финтата е во тоа што нему му е јасно дека како опозиционер е потенцијална мета (како што мене ми беше јасно предходно) и доколку е паметен морал да го изгради објектот законски. Морал да знае дека ќе му го рушат за отстапка од 1 милиметар. Вака настрада заради сопствената глупост. Доколку му рушеа легален објект ќе бев првиот што ќе реагираше.

Доколку некој има непроверени информации можеш да го поправиш доколку имаш проверена, а не веднаш да навредуваш (што е и забрането на форумов) и да етикетираш.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Било кој македонски бизнисмен ќе ти каже како го стекнале капиталот другарчињата Фиат и Бојо. Не мора да ми веруваш мене прашај некој друг.
А што има врска во овој конкретен случај како Фиат го стекнал капиталот?

Демек ако "се збори по градов" дека го стекнал "мутно", тоа значи дека сега можат да му рушат згради иако гради со дозвола за градење?

Вакви генерализации ќе не одведат по ѓаволите. А вистинате е дека ѓаволот е во деталите.

Не сакам ништо да прејудицирам, само ти поставувам хипотетичко прашање.
--- надополнето: Aug 1, 2011 9:31 PM ---
Доколку некој има непроверени информации можеш да го поправиш доколку имаш проверена..
Да драматизирам: Додека се откри дека информацијата за наводното оружје за масовно уништување е лажна и дека такво нешто воопшто не постои, инвазијата врз Ирак веќе беше завршена а Садам обесен.

Кој ќе чита исправка на погрешна информација, ако самата погрешна информација е многу посензационална од точната информација?
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Каква врска има Космос со Ирак и оружјето за масовно уништување ?
Па овие две работи не ни почнуваат на иста буква, а камоли нешто друго.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Ако е во право ќе го бранам, ама тој сам си кажа дека објектот има отстапка во висината, значи не е во право. Финтата е во тоа што нему му е јасно дека како опозиционер е потенцијална мета (како што мене ми беше јасно предходно) и доколку е паметен морал да го изгради објектот законски. Морал да знае дека ќе му го рушат за отстапка од 1 милиметар. Вака настрада заради сопствената глупост. Доколку му рушеа легален објект ќе бев првиот што ќе реагираше.
Како прво, да ги имаш видено зградите на терен (а веројатно ги немаш штом зборуваш за висини), ќе знаеше дека зградите НЕ СЕ ИЗГРАДЕНИ до кров. Значи, има изградено само неколку спрата. Тогаш како може зградите да се повисоки од дозволената висина кога уште не ни стигнале до половина од таа висина?

Гледаш, работата не е толку едноставна.

Моите скромни информации се дека се работи за надмашување на висината на приземјишната плоча.

Е сега, ајде сам себе запрашај се - каков криминал е тоа да приземјето на зградата ти е повисоко за некоја вредност, а зградата има идентичен габарит (значи некој од горните спратови се соодветно снижени).
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
А што има врска во овој конкретен случај како Фиат го стекнал капиталот?

Демек ако "се збори по градов" дека го стекнал "мутно", тоа значи дека сега можат да му рушат згради иако гради со дозвола за градење?

Вакви генерализации ќе не одведат по ѓаволите. А вистинате е дека ѓаволот е во деталите.

Не сакам ништо да прејудицирам, само ти поставувам хипотетичко прашање.
--- надополнето: Aug 1, 2011 9:31 PM ---

Да драматизирам: Додека се откри дека информацијата за наводното оружје за масовно уништување е лажна и дека такво нешто воопшто не постои, инвазијата врз Ирак веќе беше завршена а Садам обесен.

Кој ќе чита исправка на погрешна информација, ако самата погрешна информација е многу посензационална од точната информација?
Нема никаква со конкретниов случај, ама има голема со менталната матрица на тие “бизнисмени“. Тие се збогатиле со кршење на законот и сега мислат дека се над законите. И да градам 1,5 метри повисок објект, никој не ми може ништо. Многу сум моќен со прљави пари. Доколку имаш некаков бизнис веројатно знаеш колку е тешко да ги победиш тие “бизнисмени“ што пласираат производи на пазар надвор од секаква бизнис-логика само затоа што заработиле милиони преку ноќ.

Зградата му ја рушат согласно со законот, одамна бил опоменат, тоа не го демантира ни тој.

Ова е форум, не има секакви, од 10 годишни деца до возрасни и зрели луѓе. Секој има право да пише нешто, без разлика дали е точно или неточно. Со навреди неверувам дека ќе успееш да ја демантираш погрешната информација.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Ова е форум, не има секакви, од 10 годишни деца до возрасни и зрели луѓе. Секој има право да пише нешто, без разлика дали е точно или неточно. Со навреди неверувам дека ќе успееш да ја демантираш погрешната информација.
Зошто не престануваш да клеветиш дека сум те навредувал? Освен првиот пост, кој не ни беше наменет за тебе, каде прочита навреда наменета за тебе?

Би те замолил да се корегираш.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Како прво, да ги имаш видено зградите на терен (а веројатно ги немаш штом зборуваш за висини), ќе знаеше дека зградите НЕ СЕ ИЗГРАДЕНИ до кров. Значи, има изградено само неколку спрата. Тогаш како може зградите да се повисоки од дозволената висина кога уште не ни стигнале до половина од таа висина?

Гледаш, работата не е толку едноставна.

Моите скромни информации се дека се работи за надмашување на висината на приземјишната плоча.

Е сега, ајде сам себе запрашај се - каков криминал е тоа да приземјето на зградата ти е повисоко за некоја вредност, а зградата има идентичен габарит (значи некој од горните спратови се соодветно снижени).
Незнам дали си градел нешто, ама постојат коти. Значи ако приземјето има погрешни сите спратови нагоре ќе имаат погрешни. Не смееш да го менуваш габаритот на ниеден од спратовите, можеш само распоредот. Значи небива ништо со снижени горни спратови, затоа што котите од планот за кој си добил дозвола за градба се погрешени.
--- надополнето: Aug 1, 2011 9:43 PM ---
Зошто не престануваш да клеветиш дека сум те навредувал? Освен првиот пост, кој не ни беше наменет за тебе, каде прочита навреда наменета за тебе?

Би те замолил да се корегираш.
Не мислев на мене никогаш. Тоа значи дека ако не ме навредуваш мене можеш да ги навредуваш сите други?
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Незнам дали си градел нешто, ама постојат коти. Значи ако приземјето има погрешни сите спратови нагоре ќе имаат погрешни. Не смееш да го менуваш габаритот на ниеден од спратовите, можеш само распоредот. Значи небива ништо со снижени горни спратови, затоа што котите од планот за кој си добил дозвола за градба се погрешени.
--- надополнето: Aug 1, 2011 9:43 PM ---
Незнам дали ти си градел нешто, ама постојат измени на планот за градба. Секој инвеститор, на секој објект, направил барем една измена. Процедурата е да измената се доставува до општина, и тие даваат одобрение.

Фијат вика на телевизија дека поднел барање за измена, но не му одговараат со месеци.

Еве и да не поднел барање, и да го поднел барањето денес, сакаш да кажеш дека Македонија е до толку правна и богата држава што може да си дозволи рушење на толкава зграда во изградба само поради погрешена процедура?

На крај на краевите, КАКОВ ЌАР има Фијат од тие дополнителни 1.43м висина? Треба да се руши цела зграда за тоа? Треба да лежи затвор за измена на план, што е стандардна процедура при секое градење?

Не мислев на мене никогаш. Тоа значи дека ако не ме навредуваш мене можеш да ги навредуваш сите други?
Што си толку нежен и стерилен дечко? Извини ако ги изложив твоите virgin очи на вакви вулгарности од секојдневието.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Незнам дали ти си градел нешто, ама постојат измени на планот за градба. Секој инвеститор, на секој објект, направил барем една измена. Процедурата е да измената се доставува до општина, и тие даваат одобрение.

Фијат вика на телевизија дека поднел барање за измена, но не му одговараат со месеци.

Еве и да не поднел барање, и да го поднел барањето денес, сакаш да кажеш дека Македонија е до толку правна и богата држава што може да си дозволи рушење на толкава зграда во изградба само поради погрешена процедура?

На крај на краевите, КАКОВ ЌАР има Фијат од тие дополнителни 1.43м висина? Треба да се руши цела зграда за тоа? Треба да лежи затвор за измена на план, што е стандардна процедура при секое градење?
Ти кажав затоа што е цел на линч (да тоа е, не го спорам тоа). Тој е опозиционер и морал да го знае тоа. Тие си користат дупка во законот и не му одговараат намерно (доколку поднел). Тоа незначи дека тој може да гради по новиот план. Што ако му го одбијат? Во моментов има една валидна дозвола. Според таа објектот е надвор од габарит. Требало да го стопира градењето и да чека одговор. Нигде не спомнав дека треба да лежи во затвор. Ќар нема скоро никаков, затоа не ми е јасно како можел да си дозволи да биде толку глуп да гради надвор од планот.
 
Се согласувам. И мене не ми е јасно како можел да биде толку глуп, но - како што веќе пишав - можеме само да шпекулираме затоа што немаме валидни информации.
--- надополнето: Aug 1, 2011 10:12 PM ---
Каква врска има Космос со Ирак и оружјето за масовно уништување ?
Па овие две работи не ни почнуваат на иста буква, а камоли нешто друго.
Аналогија, батка. http://en.wikipedia.org/wiki/Analogy
 
Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
деца..знаете кој е Кофос?

ако не знаете, тој е чичкото што ке ви го смени името и јазикот, тој е чичкото што ви ги малтретира и асимилира роднините во егејско, тој е чичкото со раце натопени во Македонска крв, умот зад политиката на Грција, влади доагаат и си идат ...тој останува

знаете кој играше жмурка со чичкото кога највеке ни гореше, знаете кој го донесе? знаете зошто го донесе? знаете колку му платија? знаете кој му плати?

http://www.fon.edu.mk/novost.aspx?ln=mk&cid=57

деца да ве јаде меца...
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082

И? Што има врска постот твој со темата? А ако ме прашаш мене ни малку не ми е гајле ниту за името ниту за државата. Поарно овца во Австралија него човек во Македонија.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
И? Што има врска постот твој со темата? А ако ме прашаш мене ни малку не ми е гајле ниту за името ниту за државата. Поарно овца во Австралија него човек во Македонија.
како само ти личи ова што го кажа:mad: ЈАЗ’К
што тогаш чекаш- што не отидеш да си го оствариш својот животен сон да станеш овца во Австралија ?-
зашто за да бидеш човек треба да имаш гордост,што кај тебе очигледно изостанува
 
Kajgana Shop

На врв Bottom