Хрчаци

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
da ti kazam iskreno... jas do sega sum cuvala 3 hrcacinja, za prvoto mi kazaa vo prodavnicata kaj shto go zemav deka ne piele voda shto mozebi beshe gresno poso posle 3 meseci mi umre... drugite dve mi umrea od starost, a inace im stavav voda shto bash i ne sakaa da ja pijat ako im se davase zelencuk bogat so voda kako krastavici
 
Moze li da se cuvaat 2 hrcaci vo 1 kafez???

Ако се од оние миниатурните, може да се чуваат 2 без никаков проблем, но ако се од оние малку поголемите тогаш може понекогаш да се степаат.
 
ПОМОШ !!! Хрчакот ми е болен!

Здраво. Имам два хрчаци, се спарија, имаат сега и малечки. Се беше ОК до пред некое време. Сега машкото ми е многу млитаво, се стутка во едно ќоше и не е весело. Ќива, и на моменти го гледам како се тресе. Плус видов дека делот околу опавчето му е малку издолжено и „деформисано“.
Денес никој не работи, не можам да го носам на ветеринар.
ШТО ДА НАПРАВАМ?!?

Ве молам за помош!DSC05300.jpg
 
Да прашам некој да не има парено dwarf хрчаци ?
Го немам парено до сега а е старо околу година што значи не е баш мало . Дали сеуште можам да го парам ,дали е препорачливо ?
 
Имам јас женски, голем и тоа го зедов 20 цм скоро кој знае колку е големо, и ко ќе му земам машко, дали че се испокецаатѕ или искасаат ?;)
 
Јас имам еден, пред некој ден се испокака на себе, лом се направи сиротото, ама го ставив во перална и сега е ОК,
 
Bratuced mi cuvase hrcaci i epten interesni i mili se ama koa ke ostavat potomstvo nemaat milost kon nivnite naslednici,strasno e za gledanje!!!
 
Кај налетав на темава кај се запустив. :)
Да си прашам оти не знаам стварно-Што е разликата меѓу хрчак и морско прасе?
Пуу се си мислев дека исти курац се :D
 
Кај налетав на темава кај се запустив. :)
Да си прашам оти не знаам стварно-Што е разликата меѓу хрчак и морско прасе?
Пуу се си мислев дека исти курац се :D

Хрчаците се помали, а морските прасиња (значително) поголеми.
Хрчаците се попрактични за чување бидејќи не растат големи, односно во првите 2-3 месеци ќе достигнат одредена големина и ја задржуваат таа до крајот на животот.
Додека, морските прасиња растат многу поголеми (5-6 пати поголеми од хрчаци) и за нив треба поголем простор за чување.
 
Читам во претходните постови и се чудам. Добро чувате хрчак а не сте сигурни дали да му давате вода или што незнам таму. Исто така и пред да купувате било какво МИЛЕНИЧЕ, прво видете какви услови бараат, што му е потребно, што е лошо за него а што добро, итн.
Значи има секакви видови на хрчаци според големина а истите се разликуваат и по име, и тоа:

-Руски или џуџести хрчаци (Dwarf Hamster)
-Роборовски хрчаци (Roborovski Hamster)
-Сириски хрчаци (Syrian Hamster)
-Кинески хрчаци (Chinese Hamster)

Одсекогаш и моментално чувам џуџеси хрчаци затоа што според мене се најлесни за одржување, а најслатки се роборовските хрчаци. Еве до сега сум чувал џуџест па немам никаков проблем со нив кога му давам вода. Едноставно си имаат своја туба со вода која е полна до половина со вода (и треба да се сменува водата секој ден) и една мала железна цевка на крајот со железно топче ко го запира течењето на водата. Хрчакот си оди на таа цевка и со помош на своите заби таа го турка топчето и истекува вода. Значи мојот хрчак го чувам година ипол што веќе му е и крајно време бидејќи џуџестите хрчаци живеат од 1.5 до 2години, па нема никаква мана ни ништо од водата. Колку добро што се разбирам и имам заприметено, тие својата храна А и вода ја збираат во дел од својата уста, лево или десно и ја збирам за да се искапам и излижат со својот јазик. А вода која ги одржува во ЖИВОТ односно која ја пијат, е онаа вода која се најдува во добро витамиснката храна т.е. самата храна има вода во неа која доволно му е на хрчакот. Храната што смее да ја јаде е наведена во следната листа:
Код:
http://www.hamsterific.com/HamsterUniversity/FoodList.html

Но несмеете да им давате да јадат храна задруги животни. Тоа никако.
Тоа е се за храната и водата, ако имате некој други прашања слободно поставете ги ќе ви ги одговорам со моето досегашно искуство.
 
Тоа е се за храната и водата, ако имате некој други прашања слободно поставете ги ќе ви ги одговорам со моето досегашно искуство.

Дали го пушташ хрчакот да врти во топка (низ соба) и колку време го оставаш? Јас мојот го пуштам максимум до 20 минути иако некои ми кажале дека нивните ги пуштале и по саат време.
 
Па види вака, ако забележа ако го чуваш во кафез на почетокот тој здивува и нема да можи брзо време да се навикни на кафезот и ќе скренува, ќе се качува, ќе се фрла, ќе гризи по решетките. Така и за работи кои се надвор од неговиот кафез. Искрено јас секоја вечер го пуштам по 30 минути да шета. Доволно му е бидејќи е мал и брзо се исцрпува. Најпрво дур да го научиш на надвор од кафезот, ќе го пушташ по помалце време. Мојот хрчак се научи и да спија надвор од кафезот, го оставав на двоседот и одеше зад перничина и спијаше како човек и по 1 до 2 сати, но да те предупредам,ако не сакаш да имаш штета направена од него, тогаш не го ставај во близина на завеси, навлаки итн. А за тркалото што го има мојот хрчак во кафезот, неможе да се навикни уште од мал да се тркала на него па ја имам видено само да се качува и да јади тука, или да спија :). И мислам дека џуџестите хрчаци не можам да се вртат на тоа, но имам прочитано дека ако уште од мало го научиш така што го земаш и го терашда се врти, го качуваш на тркалото (што е доста досадно, пробано ми е), тогаш можеби ќе научи дека постои и такво нешто во неговото живеалиште (кафез).
Каков вид на хрчак имаш ти?
 
Епа мислам дека златен хрчак е сортата.
Инаку мојот хрчак фино си врти во тркалото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom