Група Ц - финална разврска

Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
Македонија во Литванија 2011, на 37-то ЕП


На европското првенство во најголемата и најразвиената од трите балтички земји, во првата фаза, нашата репрезентација ќе игра во групата Ц.

Сите натпревари ќе ги одиграме во Алитус Арена, во истоимениот град што се наоѓа во јужниот дел, блиску до руската област Калининград, до Полска и до Белорусија. Арената е изградена во 1981-та, по реконструкцијата (2010) има капацитет 5.500 седишта (за кошарка).
Прв пат во нашата скромна историја на континенталните собири, ќе се соочиме со Босна и Хецеговина и со дебитантот Црна Гора.

Против Грција и Хрватска игравме во Полска (2009). Првата средба против Грците ја загубивме убедливо. По триумфот над Израел, во третата на полувремето водевме против Хрватите, но немавме доволно искуство да славиме.

Последниот противник ќе биде познат по дополнителниот турнир, на кој што ќе настапат Португалија, Унгарија и Финска.

Група Ц - Aлитус
31-08-2011 15:30 Црна Гора - Македонија
01.09.2011 21:00 Македонија - Хрватска
03.09.2011 21:00 Грција - Македонија
04.09.2011 15:30 Македонија - Квалификант 1
05.09.2011 21:00 Македонија - БиХ


виа vklucise.mk
 
I

Ivanovska

Гостин
Нормално дека ќе успееме. Не сме слаби во кошарка, само штета што не се паднавме со гејлада, да го видеа вистинското наше знаме на трибини. :)



вака некако :)
 
I

Ivanovska

Гостин
Хахахах како не. Ај кажи ми една причина зашто да не поминеме?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.448
само штета што не се паднавме со гејлада, да го видеа вистинското наше знаме на трибини. :)
Прочита барем со кои репрезентации сме во група? :)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.257
Како прво, до пред 5мин не знаеше дека играме на првенството.
Второ, викаш дека не играме со гејлада, незнам која е таа репрезентација, ама претпоставувам дека е Грција, епа со нив играме, само треба некој добро да се информира, и во првиот пост е добро напоменато со кој и кое време играме.
Доволно причини да не продолжам со тебе дискусија...и да не арчам муабет зошто ќе или нема да поминеме група.
 
I

Ivanovska

Гостин
Уффффф, ми се спие изгледа. :pos: Ништо моја грешка, си признавам. Прочитав ама не дочитав. :pos:

Ај остајте ме мене, нека продолжи дискусијата.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Bravo Acid me izraduva so temava a inace sekako pred da obrazlozam zosto ke ja pomineme edno golemo da od mene.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ќе ги згазиме на сите бе, имаме квалитет на секоја позиција и одлични замени, освен на тројка сме слаби ама ќе се покажат Војдан и Дамјан ако не во напад во одбрана растур ќе праат.

Имаме квалитет за 4 победи во групата, но до израз ќе дојде нашиот менталитет и сигурно некој кикс ќе направиме. Моја прогноза се 3 победи, против кого, не се осудувам да прогнозирам.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
После групата се иде во осмина-финале или уште една рунда со групи?
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
остави го нека шутира од таму колу сака.....иии како колку сака
ноу уеј. важно е да учествуваме
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
^ Aрно се рекло, женско и спорт, не било нит ќе биде.. :)
Идите глејте деца.

Он топик:

Ќе видиме од 31 па натаму колку сме кадарни.
Море хеј че те пукам, да не бев јас сега ќе беа јубилеј 20 години како некој од МКД немал злато на балканско првенство, како не идело? :Р

П.С. кога сме кај офтопиков: Иначе ко да ги тагира грциве какво знаме вадиме, хах, битно да си победат па и марсовец да извадиме џабе ќе е.

Он: Ќе ја поминеме, ама според мене густо :))))
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ајде вака сега со редослед.

Црна Гора- Црна Гора е една страшна генерација предводена од Пекович со НБА играчи и со одличен стратег. Ги немам гледано на подготовкиве ама по тоа што го видов составот дефинитвно се кандидат за понатаму. Мислам дека можеме да се носиме со Црна Гора иако би рекол дека ова ќе биде еден одлучувачки дуел пред се бидејќи е прв а и според рангот Црна Гора е на делба со нас пред почетокот на тоа трето место.
Хрватска- Екипа која се соочува со проблеми пред старт на ЕП со повреден Роко Укич ама добра замена црнецот Драпер. Хрватска одсекогаш била силна екипа малку и фалело да биде велесила ама на ова ЕП како никогаш досега многу е веројатно дека ќе се мачат. Смена на генерација и повреда се мотив плус за нас.
Грчка-Иако со повредени играчи и премногу отсутни имаат широка клупа и ќе склопат добар тим. Тука не сакам да прогнозирам ама и со трет состав знаат да бидат опасни.
Квалифинат (Португалија/Естонија/Унгарија) не очекувам големи проблеми иако Португалија не е за потценување во минатото имаме губено во квалификации сепак нашето искуство треба да пресуди.
Босна-Екипа која во квалификациите беше на ранг на Украина и која со одлука на ФИБА да се прошири ЕУРО од 16 на 24 екипи влезе инаку требаше да испадне. Се на се се слаби и дефинитивно не гледам изненадување и покрај тоа што им се врати Мирза.

И конечно МАКЕДОНИЈА (секако не како последна :D) Па што да се каже за нас во историја дефинитивно најсилен состав една генерација што доолго време игра заедно се познава одлично и пред се има искуство од Еуробаскет 2009 во Полска. БО очекувам да влезе во полна форма заедно со Антич да бидат носители на игра. Едино проблем гледам во два играчи и тоа Чековски кој е катастрофална замена за било кого и Илиевски на којо очигледно му треба повеќе време барем во подготовкиве.
Распоредот е добар првите две со Црна Гора и Хрватска па после пауза Грчка, квалификант и Босна. Мислам дека првите две ќе бидат и те како одлучувачки бидејќи на некој начин за тоа трето место ривалите се Црна Гора и Хрватска. Со барем една победа и те како ќе имаме големи мотиви на следните мечеви. Се на се очекувам 3 победи од која една би била против Црна Гора или Хрватска и да го освоиме тоа трето место иако би рекол дека сме способни да тангираме и на втора позиција ама сепак не треба да се залетуваме. Реално сме на ниво со Црна Гора и Хрватска и посилни од Босна и од квалификантот.
 
А

Анноун

Гостин
- прво да кажам дека ич не ми се допаѓа распоредот . многу лошо што првите два дена ги играме клучните натпревари за тоа дали ќе ја поминеме групата. не дај боже тесно да изгубиме од црна гора , другиот ден губиме 100 проценти од хрватска.
- за мечот против босна и квалификантот не треба да стане ЗБОР дали ќе победиме. страшен срам ќе биде ако се случи спротивното .
- со грција треба да се одигра умно . ако не можат да парираат , нека не се трошат за џабе.

Инаку со овој ростер што го имаме мислам дека заслужуваме да поминеме понатаму. Меккејлеб , Илиевски, Антич , Гечевски , џинот Самарџиски , упорните близнаци Стојановски.. нема што да се плашиме :)
 

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
674
Мислам дека 70% можеме да поминеме ама да не пишеме многу дур не започне.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom